← Genesis (33/50) → |
1. | И погледа Јаков со очите свои, па виде, ете Исав, братот негов доа а, и со него четиристотини лу е. И ги раздели децата на Лија, и на Рахил и на двете слугинки. |
2. | И ги постави слугинките со нивните деца напред, а Лија и нејзините деца зад нив; додека Рахил со Јосифа беа последни. |
3. | А самиот тој излезе прв пред нив и седумпати се поклони доземи, додека не дојде до братот свој. |
4. | Исав истрча пред него и го прегрна, па му се обеси околу вратот и го бакна, и обајцата заплакаа. |
5. | Исав, пак, кревајки ги очите, ги виде жените и децата, па рече: "Кои ти се овие?" А Јаков одговори: "Деца, со кои Бог го помилува слугата твој." |
6. | Тогаш пристапија слугинките со децата свои, и се поклонија. |
7. | Потоа пристапи Лија и децата нејзини, и се поклонија; а најпосле пристапија Јосиф и Рахил, и се поклонија. |
8. | А Исав рече: "Зошто ти е сите оние лу е, што ги сретнав?" Јаков одговори: "Да најдам милост пред очите на господарот мој." |
9. | Исав, пак, рече: "Има, брате, при мене доста; нека ти остане табе она што е твое." |
10. | Но Јаков рече: "Ако најдов милост пред очите твои, прими го дарот од мојата рака, зашто кога го видов лицето твое дека убаво ме пречекува, како да бев го видел лицето Божјо. |
11. | Прими го дарот мој, што го донесов; бидејки изобилно ме обдари Бог, и имам се." И навали на него и тој го прими. |
12. | Потоа рече Исав: "Ајде да одиме, ке појдам и јас со тебе." |
13. | Но Јаков му рече: "Знае господарот мој дека овие деца се мали, а имам овци и крави доилки, па, ако ги подгонам само еден ден побрзо, ке ми изгине сето стадо. |
14. | Туку нека тргне господарот мој пред слугата негов, а јас ке одам полека, колку што можат децата и добитокот пред мене, и ке дојдам кај господарот мој во Сеир." |
15. | Исав рече: "Kе ти оставам неколку лу е, што се со мене." Јаков одговори: "Зошто? Доволно е само да најдам милост пред господарот мој." |
16. | И така Исав се врати истиот ден по својот пат во Сеир. |
17. | А Јаков отиде и таму си направи дом, а за добитокот свој направи трла. Затоа тоа место го нарече Сокот. |
18. | Потоа Јаков дојде во Сихем, град во земјата Хананска, откако се врати од Месопотамија, и се насели спроти градот. |
19. | И купи парче земја, каде што го распна шаторот свој, од Емор, таткото Сихемов, за сто ковани пари. |
20. | И таму подигна жртвеник, и го призва Бога Израилев. |
← Genesis (33/50) → |