← Genesis (32/50) → |
1. | И Јаков тргна по својот пат и виде војска Божја спроти него; и го сретнаа ангели Божји. |
2. | А кога ги виде, Јаков рече: "Ова е Божја војска." И затоа местото го нарече Маханаим. |
3. | И прати Јаков пред себе гласници кај Исава, братот негов, во земјата Сеир, во крајот Едомски. |
4. | Па им заповеда и рече: "Вака речете му на господарот мој Исава: - ‘Еве што вели слугата твој Јаков: бев при Лавана и досега се задржав таму; |
5. | а имам волови, осли и ситен добиток, слуги и слугинки; затоа испратив да го известат господарот мој Исава; не би ли нашол слугата твој милост пред тебе?‘" |
6. | И се вратија гласниците кај Јакова и му рекоа: "Отидовме при братот твој Исав, и ете тој ти доа а во пресрет со четиристотини души." |
7. | А Јаков се уплши многу и се загрижи; па ги раздели во две групи своите лу е што беа со него, и овците, и воловите, и камилите. |
8. | И рече Јаков: "Ако Исав удри на едната група и ја разбие, можеби втората ке се спаси." |
9. | И пак рече Јаков: "Боже на таткото мој Авраама, Боже на таткото мој Исака, Господи Боже, Ти, Кој ми рече - ‘Врати се во земјата каде што си роден, и Јас ке ти бидам добротвор!‘ - |
10. | Не сум заслужил толкава милост и толкава вера што му ја направи на слугата Твој; зашто само со стап го минав овој Јордан, а сега сум господар на два табора. |
11. | Спаси ме од рацете на братот мој, од рацете Исавови, оти се плашам од него да не би, кога ке дојде да ме убие мене, да ги убие и мајките и децата. |
12. | А Ти рече - ‘Навистина Јас ке ти бидам добротвор, и ке направам потомството твое да биде како песокта морска, кое од множество не ке може да се изброи.‘ |
13. | И пренокева таму таа нок, и зеде од се она што му беше при рака, па му испрати дарови на својот брат Исава: |
14. | двесте кози со двесте јарци, двесте овци со двесте овни, |
15. | триесет камили родилки со камилчиња, четириесет крави и десет јуниња, дваесет одлици и десет осли. |
16. | И им ги предаде на слугите свои, секое стадо посебно. Па им рече на слугите свои: "Врвете пред мене и оставајте доволно растојание ме у едното стадо и другото!" |
17. | И му заповеда на првиот, велејки: "Ако те сретне Исав, братот мој, и те праша, велејки: - ‘Чиј си?‘ - и - ‘Каде одиш?‘ - и - ‘Чие е тоа што го тераш пред тебе?‘ |
18. | А ти кажи - ‘На слугата твој Јакова, а ова му го испрака како дар на господарот свој Исава, и ете, и самиот доа а по нас.‘ |
19. | Што му заповеда на првиот, така направи и на вториот и на третиот и на сите што одеа по стадата, и рече: "Така кажете му на Исава, кога ке го сретнете." |
20. | И уште рече: "Ете, Јаков слугата твој, доа а по нас." Оти си велеше; "Kе го ублажам со даровите што одат пред мене, па ке му го видам тогаш лицето; можеби, и ке ме прими." |
21. | Така даровите тргнаа пред него, а тој пренокева таа нок кај таборот свој. |
22. | И нокта стана, па откако ги зеде обете жени свои и обете робинки и единаесетте синови свои, го премина потокот Јавок. |
23. | А откако нив ги зеде и ги преведе преку потокот, пренесе и се друго што имаше. |
24. | А кога остана Јаков сам, тогаш некој се бореше со него до зори. |
25. | И кога виде дека не може да го совлада, се допре до бедрото, така што на Јакова му се измести колкот од зглобот додека се бореше со Него. |
26. | Па тогаш рече: "Пушти Ме веке, зора е!" Но Јаков одговори: "Нема да Те пуштам, додека не ме благословиш." |
27. | И му рече: "Како се викаш?" А тој одговори "Јаков". |
28. | Тогаш му рече: "Отсега името нема да ти биде Јаков, туку Израил ке е името твое; зашто храбро се бореше и со Бога, па и со лу ето силен ке бидеш." |
29. | А Јаков праша и рече: "Кажи ми го името Твое!" А Он одговори: "Зошто прашуваш за името Мое, кое е чудно?" И го благослови таму. |
30. | И Јаков го нарече она место со името Фануил, зашто, рече; "Бога го видов лице в лице, и душата моја се спаси." |
31. | А сонцето беше изгреало кога го мина Фануил, и накривнуваше поради колкот. |
32. | Затоа синовите Израилеви не ја јадат жилата кај зглобот од бедрото се до денешен ден, бидејки бедрото од Јакова му беше исчашен во тетивата. |
← Genesis (32/50) → |