← Genesis (30/50) → |
1. | Рахил, гледајки дека не му ра а деца на Јакова, и позавиде на сестрата своја, па му рече на Јакова : "Дај ми деца, ако не - јас ке умрам!" |
2. | А Јаков се налути на Рахил, и и рече : "Зар јас сум тој, а не Бог, што не ти дал плод на утробата?" |
3. | И му рече Рахил на Јакова : "Ене ја слугинката моја Вала; влези при неа; нека ми роди таа в скут, па јас ке имам деца од неа." |
4. | И му ја даде Вала, слугинкака своја, за жена, и Јаков влезе при неа. |
5. | И Вала зачна, и му роди на Јакова син. |
6. | А Рахил рече : "Бог ми пресуди и го чу гласот мој, та ми даде син." Затоа му стави име Дан. |
7. | И Вала, слугинката на Рахил, пак зачна, и му роди втор син на Јакова. |
8. | А Рахил рече : "Ми помага Бог. Жестоко се борев со сестрата моја, но победив." И му кладе има Нефталим. |
9. | А Лија, гледајки дека престана да ра а, ја зеде слугинката своја Зелфа и му ја даде на Јакова за жена; и тој влезе при неа. |
10. | И зачна Залфа, слугинката на Лија, и му роди на Јакова син; |
11. | Тогаш Лија рече : "Дојде честа моја." Па го нарече Гад. |
12. | И пак зачна Зелфа, слугинката Лиина, и му роди на Јакова и втор син. |
13. | И рече Лија : "Блазе мене, зашто блажена ке ме наречуваат жените!" Затоа му стави име Асир. |
14. | А кога се жнееше пченицата, излезе Рувим во полето и најде мандрагори, па и ги донесе на Лија, мајката своја. А Рахил и рече на Лија, сестрата своја; "Дај ми од мандрагорите на синот твој!" |
15. | Лија, пак, рече: "Малку ли ти беше што ми го зеде мажот? Сакаш да ми земеш и од мандрагорите на синот мој? Рахил и одговори : "Тогаш нека легне нокеска со тебе за мандрагорите од синот твој." |
16. | И вечерта, кога Јаков се вракаше од полето, му излезе Лија во пресрет и рече: "Влези при мене, зашто те откупив за мандрагорите од синот мој!" И легна тој со неа таа нок. |
17. | А Бог ја послуша Лија, и таа зачна, па му го роди на Јакова петтиот син. |
18. | И рече Лија : "Бог ми даде награда, затоа што му ја дадов слугинката своја на мажот мој." И му даде име Исхар, што значи награда. |
19. | И пак зачна Лија, и му го роди на Јакова шестиот син. |
20. | И рече Лија : "Бог ме награди со убав дар, па можеби сега ке ме засака мажот мој, бидејки му родив шест синови." Затоа го нарече Завулон. |
21. | Потоа роди керка и и стави име Дина. |
22. | Но Бог си спомна и за Рахил. И ја услиша Бог, па ја отвори утробата нејзина. |
23. | Таа зачна и му роди на Јакова син, па рече Рахил : "Бог го отстрани од мене срамот мој." |
24. | И му даде име Јосиф, велејки : "Бог ке ми даде и друг син." |
25. | А кога Рахил го роди Јосифа, му рече Јаков на Лавана: "Пушти ме и ке си одам во моето место и во својата земја. |
26. | Дај ми ги жените мои, и децата мои, за кои ти служев, и да си одам; а ти знаеш како ти служев." |
27. | Лаван му рече : "Немој, ако сум нашол милост пред тебе. Гледам дека Бог ме благослови поради тебе." |
28. | И уште рече : "Барај плата, колку што сакаш, и јас ке ти дадам." |
29. | А Јаков му одговори : "Ти знаеш како ти служев и колку многу ти се зголеми добитокот со мене; |
30. | оти малку беше она, што го имаше, додека не дојдов јас; но многу се намножи, бидејки Господ Бог те благослови кога дојдов јас. Па кога и јас за себе така кука ке кукам?" |
31. | И му рече Лаван : "Што бараш да ти дадам?" А Јаков одговори : "Не треба ништо да ми дадеш. Но направи онака како што ке ти кажам, а јас, пак, ке го пазам стадото твое и понатаму. |
32. | Kе го обиколам денес целото стадо твое и оддели секоја шарена овца и секоја црна и секоја шарена и пружеста коза. И тоа нека биде платата моја!" |
33. | Така после ке ми посведочи справедливоста моја пред тебе кога ке дојдеш да ја провериш наградата моја : ако се најде тогаш ме у моите овци која не е црна или шарена, и ме у козите мои, која не е шарена или пружеста, значи крадена е." |
34. | Лаван му рече : "Нека биде, како што рече!" |
35. | И ги оддели Лаван истиот ден јарците пружести и шарени и сите кози црвеникави и шарени - секоја на која имаше нешто бело и сите црни овци, па им ги предаде на синовите свои. |
36. | И определи растојание од три дена одење ме у себе и Јакова. А Јаков го пасеше другиот ситен добиток на Лавана. |
37. | И зеде Јаков зелени прачки тополови, бадемови и јаворови, па изрежа Јаков пруги, откако ја извади кората до беликата, |
38. | и ги стави така изрезаните прачки во коритата од поилата, каде што доа аа овците да пијат, а бидејки стоката зачнуваше, кога доа аше на вода, |
39. | овците, гледајки во прачките зачнуваа, па се ра аа овци белузлави, дамкичави и шарени. |
40. | И Јаков ги одделуваше и овците, и им ги свртуваше главите кон шареното и сето црно стадо на Лавана; а своето стадо го одделуваше и не го мешаше со стадото Лаваново. |
41. | И секогаш кога зачнуваше силниот добиток, Јаков ги ставаше прачките во поилата пред очите на добитокот, за да се пари гледајки во прачките. |
42. | А кога се пареше слабиот добиток, тогаш не ги ставаше. И го оставаше слабиот за Лавана, а силниот - за Јакова. |
43. | И така тој човек се збогати многу, многу, та имаше многу ситен добиток и крупен, слугинки и слуги и камили и осли. |
← Genesis (30/50) → |