← Genesis (3/50) → |
1. | Но змијата беше полукава од сите sверови полски, што ги создаде Господ Бог; па и рече на жената: "Вистина ли е дека Бог рекол да не јадете од ниедно дрво во рајот?" |
2. | А жената и рече на змијата: "Ние јадеме род од секое дрво во рајот; |
3. | - само од родот на она дрво среде рајот, - рече Бог, - не јадете и не се допирајте до него, за да не умрете!" |
4. | Тогаш змијата и рече на жената: "Не, вие нема да умрете! |
5. | Бог знае оти оној ден кога ке вкусите од него, ке ви се отворат очите, па ке станете како богови и ке знаете што е добро, а што зло." |
6. | И жената, гледајки дека родот на дрвото е добар за јадење, и убав за гледање, и дека дрвото е пожелно поради знаењето, набра род од него и јаде, па му даде и на мажот свој, та и тој вкуси. |
7. | Тогаш им се отворија очите на обајцата, и увидоа дека се голи; па исплетоа лисја од смокви и си направија опашала. |
8. | И го чуја гласот на Господа Бога, кога Он одеше низ рајот во приквечерината; и се сокрија Адам и жена му. |
9. | Но Господ Бог го повика Адама и му реча: "Адаме, каде си"? |
10. | А тој одговори: "Го чув гласот Твој во рајот кога врвеше, па се уплашив, оти сум гол, и се сокрив." |
11. | И Господ рече: "Кој ти кажа дека си гол? Да не си јал од она дрво, од кое ти забранив да јадеш?" |
12. | Адам, пак, рече: "Жената, која ми ја даде Ти, таа ми даде од дрвото, и јас јадев." |
13. | Тогаш Господ Бог и рече на жената: "Зошто го направи тоа?" Жената одговори: "Змијата ме измами, и јас јадев." |
14. | На змијата, пак, и рече Господ Бог: "Затоа што си го направила тоа, проклета да си ме у сите животни и сите sверови полски; помешечки ке се влечеш и прав ке јадеш се до крајот на својот живот! |
15. | И ставам непријателство ме у тебе и жената и ме у родот твој и породот нејзин. Он ке ти ја гази главата, а ти ке го каснуваш во петата." |
16. | А на жената и рече: "Kе ти ги умножам и преумножам маките кога си бремена; со болки ке ра аш деца, и ке бидеш под власта на мажот свој, и тој ке ти биде господар!" |
17. | Па потоа му рече на Адама: "Бидејки ја послуша жената и вкуси од дрвото, од кое ти забранив и реков: - не јади од него - затоа земјата нека биде проклета поради тебе; со мака ке се храниш од неа се до крајот на својот живот; |
18. | трње и троскот ке ти ра а; и ти ке јадеш трева полска. |
19. | Со пот од лицето свое ке јадеш леб, се дури не се вратиш во земјата, од која си земен; зашто си земја, и во земја ке се вратиш!" |
20. | И ја нарече Адам жената своја Ева, бидејки таа стана мајка на сите живи. |
21. | А Господ Бог им направи на Адама и на жената негова облеки од кожа, и ги облече во нив. |
22. | И рече Господ Бог: "Ете, Адам стана како еден од Нас, знаејки што е добро и што е зло; но сега да не ја испружи раката своја и да земе од дрвото на животот, и да вкуси, па да заживее вечно!" |
23. | Тогаш Господ Бог го изгони од градината Едем, за да ја обработува земјата, од која беше земен. |
24. | Откако, пак, го изгони Адама, постави на исток пред градината Едем херувим и огнено оружје, кое се вртеше и натаму и наваму, за да го пазат патот кон дрвото на животот. |
← Genesis (3/50) → |