← Genesis (29/50) → |
1. | Тогаш се крена Јаков и отиде во земјата на исток, кај Лавана, синот на Ватуила Арамеецот, братот на Ревека, мајката на Јакова и Исава. |
2. | Одеднаш забележа во полето извор; и ете три стада овци лежеа околу него, бидејки на тој извор се поеја стада. Но голем камен имаше над отворот од изворот. |
3. | И се собираа таму сите стада, го иставаа каменот од отворот на изворот и ги напојуваа овците, а потоа пак го ставаа каменот над отворот од изворот на неговото место. |
4. | Јаков им рече : "Од каде сте вие, брака?" Тие одговорија : "Од Харан сме." |
5. | А тој им рече : "Го познавате ли Лавана, синот Нахоров?" Тие рекоа : "Го познаваме." |
6. | Тој пак ги праша : "Здрав ли е?" Рекоа : "Здрав е, и еве Рахил, керката негова, иде со стадото." |
7. | И тој рече : "Ете, уште е рано и не е време добитокот да се прибира. Напојте ги овците, па одете и пасете ги!" |
8. | А тие рекоа : "Не можеме, додека не се соберат сите стада, за да се истави каменот од отворот над изворот, па тогаш ке ги напоиме овците." |
9. | Додека тој уште зборуваше со нив, дојде Рахил со стадото од таткото нејзин, бидејки таа ги пасеше овците. |
10. | А кога ја виде Јаков Рахил, керката Лаванова, братот на мајка си, и стадото на Лавана, братот на мајка си, пристапи Јаков и го истави каменот од отворото на изворот, и го напои стадото на вујка си Лавана. |
11. | И ја целива Јаков Рахил, па извика и заплака. |
12. | Потоа и кажа на Рахил дека тој му е род на таткото нејзин и дека е син на Ревека, а таа оттрча, па го извести таткото свој. |
13. | А кога чу Лаван за Јакова, синот на неговата сестра, му излезе во пресрет, го прегрна и бакна, и го воведе во својот дом. А тој остана при него цел месец. |
14. | Лаван, пак, му рече : "Ти си навистина коска од моите коски и од мојата плот!" И тој остана при него цел месец. |
15. | Тогаш му рече Лаван на Јакова : "Зарем бесплатно ке ми служиш оти си ми род? Кажи ми, која да ти биде платата?" |
16. | А Лаван имаше две керки : на постарата и беше името Лија, а на помладата Рахил. |
17. | На Лија очите и беа болникави, а Рахил имаше убава става и убаво лице. |
18. | На Јакова му омиле Рахил, па рече : "Kе ти служам седум години за Рахил, твојата помала керка." |
19. | Тогаш Лаван рече : "Подобро тебе да ти ја дадам, отколку на друг; остани при мене!" |
20. | И отслужи Јаков за Рахил седум години, и тие му се причинија како неколку дена, зашто ја сакаше. |
21. | И му рече Јаков на Лавана : "Дај ми ја жената, зашто дојде времето да влезам при неа!" |
22. | И ги повика Лаван сите лу е од тоа место и направи сведбена гозба. |
23. | А вечерта ја зеде Лаван Лија, керката своја, и ја воведе кај Јакова, и Јаков влезе при неа. |
24. | И Лаван и ја даде Зелфа, слугинката своја, на Лија, керката своја, за да и биде слугинка. |
25. | А кога настана утрото, се виде дека тоа била Лија, па му рече Јаков на Лавана : "Што ми направи? Нели за Рахил ти слугував? Зошто ме измами?" |
26. | А Лаван му рече : "Не бива во нашето место да се омажи помалата пред постарата." |
27. | Помини оваа седмица со неа, па ке ти ја дадам и другата, за која ке ми слугуваш други седум години." |
28. | И Јаков направи така, и помина со неа една седмица. Потоа му ја даде Лаван за жена Рахил, керката своја. |
29. | И и ја даде Лаван слугинката своја Вала на Рахил, керката своја, за да и биде слугинка. |
30. | Тогаш Јаков влезе при Рахил. И Рахил повеке ја засака отколку Лија. И така му служеше на Лавана уште други седум години. |
31. | Кога виде Господ Бог, пак, дека Лија не е сакана, и ја отвори утробата нејзина, а Рахил остана неплодна. |
32. | Лија зачна и му роди син на Јакова, и го нарече Рувим, велејки : "Господ милостивно погледна на смирението мое, сега ке ме засака мажот мој." |
33. | И пак зачна, и роди син, па рече : "Господ чу дека не сум сакана, па ми го даде и овој." И го нарече Симеон. |
34. | И одново зачна, пак роди син и рече : "Сега веке ке ми се наклони мажот мој, оти му родив три сина!" Затоа му стави име Левиј. |
35. | А кога пак зачна, и роди син, рече : "Сега ке го восфалам Господа!" Затоа го нарече Јуда. И престана да ра а. |
← Genesis (29/50) → |