← Genesis (28/50) → |
1. | Затоа Исак го повика Јакова, го благослови, и му заповеда, велејки : "Немој да земеш жена од керките хананејски! |
2. | Стани, па оди во Месопотамија, во домот на Ватуила, таткото на мајката твоја, и оттаму земи си жена, од керките на Лавана, вујкото твој. |
3. | А мојот Бог, Кој е семокен, нека те благослови, и нека те издигне и нека те умножи, та од тебе да настанат многи народи; |
4. | да ти го даде благословот на Авраама, мојот татко, тебе и на потомството твое со тебе, за да ја наследиш земјата, во која си придојден, а која Бог му ја даде на Авраама!" |
5. | Така Исак го испрати Јакова, и тој отиде во Месопотамија при Лавана, синот на Ватуила Арамеецот, кај братот на Ревека, мајката на Јакова и Исава. |
6. | Кога Исав виде како Исак го благослови Јакова и го испрати во Масопотамија арамејска, оттаму да се ожени, и како благословувајки го, му заповеда : "Немој да се ожениш со некоја од керките хананејски", |
7. | и дека Јаков го послуша таткото свој и мајката своја, и отиде во Месопотамија; |
8. | увиде Исав дека керките хананејски не му се по воља на Исака, таткото негов, |
9. | па затоа отиде кај Исмаила, и покрај жените свои ја зеде за жена Маелета, керката на Исмаила, синот Авраамов, сестра Навајотова. |
10. | Јаков, пак, ја напушти Вирсавија и отиде во Харан, |
11. | па најде едно место, и таму пренокева, бидејки сонцето беше зашло. И заде еден камен од тоа место, и си го кладе под главата, па заспа на тоа место. |
12. | И виде сон : ете, скала стои на земјата, а со врвот допира до небото, и Ангели Божји се качуваа по неа и слегуваа. |
13. | А ете, Господ стоеше на неа, Кој му рече : "Јас сум Господ Бог на таткото твој Авраама и Бог Исаков, не плаши се. Оваа земја, на која спиеш, тебе ке ти ја дадам и на потомството твое; |
14. | а потомството твое ке биде колку песокта на земјата; ти ке се рашириш на запад и на исток, и на север и на југ, и сите племиња на земјата ке се благословуваат со тебе и во потомството твое. |
15. | И еве, Јас сум со тебе, и ке те пазам секогаш каде и да појдеш, и ке те вратам во оваа земја, и нема да те оставам се додека не го извршам она што сум ти рекол." |
16. | А кога се разбуди Јаков од сонот, си рече : "Сигурно е Господ на ова место; а јас не знаев!" |
17. | Се уплаши и рече : "Колку е страшно ова место! Не е друго, а е дом Божји, ова е вратата небеска!" |
18. | И стана Јаков утредента рано, го зеде каменот, што го беше ставил под глава, и го постави како спомен, па го прелеа со масло. |
19. | И тоа место Јаков го нарече Ветил, односно дом Божји; а порано името на овој град му беше Луз. |
20. | И се зарече Јаков, велејки : "Ако Господ Бог биде со мене и ме запази на овој пат, по кој одам, и ако ми даде леб да јадам и облека да се облекувам, |
21. | и се вратам здрав во домот на таткото мој, и ми биде Господ Бог мој, |
22. | тогаш овој камен што го поставив за спомен ке ми биде дом Божји. И од се, што ке ми дадеш, ке Ти давам Тебе дел десетти." |
← Genesis (28/50) → |