← Genesis (27/50) → |
1. | Кога Исак остаре и му ослабе видот на очите, та не гледаше, го повика постариот син свој Исава, и му рече: "Сине мој!" А тој одговори: "Еве ме." |
2. | И рече Исак: "Еве остарев и не го знам денот на смртта. |
3. | Земи ја сега спремата своја, лакот и стрелите, и излези в поле, и улови ми дивеч! |
4. | Па зготви ми јадење какво што сакам, и донеси ми да јадам, и да те благослови душата моја, пред да умрам." |
5. | А Ревека чу што му рече Исак на синот свој Исава; и Исав отиде в поле да улови дивеч за својот татко. |
6. | Ревека, пак, му рече на Јакова, помалиот син свој, велејки: "Ете, го чув татко ти, како разговараше со Исава, братот твој, и дека рече - |
7. | "Донеси ми дивеч и зготви ми јадење, да јадам, па да те благословам пред Господа, пред да умрам." |
8. | Туку сега, синко мој, послушај ме што ке ти речам: |
9. | "Оди при стадото и донеси оттаму две млади и добри јаганца; и јас ке му зготвам јадење од нив, какво што сака; |
10. | а ти ке му однесеш на татка ти, и тој ке јаде, па ке те благослови таткото твој дури е уште жив." |
11. | А Јаков и рече на Ревека, мајката своја: "Но Исав, братот мој, е рунтав, а јас сум човек гладок. |
12. | Може татко ми да ме попипа, па пред очите негови ке станам измамник, и место благослов ке навлечам врз себе проклетство." |
13. | А мајка му одговори: "Проклетството твое, синко, нека падне на мене; само послушај ме, и оди, па донеси ми!" |
14. | Тогаш тој отиде, зеде и и донесе на мајка си своја; а мајка му негова зготви јадење, какво што јадеше татко му. |
15. | Па потоа ја зеде Ревека најубавата облека на постариот син Исава, што беше кај неа дома, и го облече Јакова, помладиот нејзин син, |
16. | а рацете негови и голиот врат му го обложи со јарешки кожички. |
17. | И му го даде на Јакова, синот свој, в раце јадењето и лебот, што го беше зготвила. |
18. | А тој влезе при татка си и му рече: "Татко!" А тој одговори: "Еве ме! Кој си ти, синко?" |
19. | Јаков, пак, му рече на татка си: "Јас сум Исав, твојот првороден син; направив, како што ми рече; стани, седни и јади од ловот мој, па да ме благослови душата твоја." |
20. | А Исак му рече на синот свој: "Кога толку бргу најде, синко мој?" А тој одговори: "Господ, твојот Бог, беше милостив." |
21. | Тогаш му рече Исак на Јакова: "Дојди поблизу, синко мој, да те попипам и да видам дали си ти, синот мој Исав, или не!" |
22. | И пристапи Јаков до Исака, таткото свој, а тој го попипа, па рече: "Гласот е глас на Јакова, но рацете се раце Исавови." |
23. | И не го позна, зашто рацете му беа како рацете на Исава, братот негов, рунтави. И го благослови, |
24. | и му рече: "Ти ли си синот мој Исав?" А тој одговори: "Јас сум." |
25. | Тогаш рече: "Дај ми сега, синко, да јадам од ловот твој, па да те благослови душата моја." И му даде и тој јаде; па му донесе и вино, и пи. |
26. | Потоа Исак, таткото негов, му рече: "Приближи се до мене и целивај ме, синко!" |
27. | И тој пристапи и го целива; Исак го почувствува мирисот од облеката негова, и го благослови, велејки: "Еве, мирисот на синот мој е како мирис од полето, што го благословил Господ. |
28. | Бог нека ти даде роса небеска и родна земја: многу пченица и вино во изобилие! |
29. | Народи да ти слугуваат и кнезови да ти се клањаат! Да бидеш господар над братот свој и да ти се клањаат синовите на таткото твој! Проклет да биде оној, што тебе те проколнува, а благословен - оној што тебе ке те благословува!" |
30. | Па откако Исак го благослови Јакова, и Јаков отиде од Исака, таткото свој, во тој час дојде од лов Исав, братот негов. |
31. | И тој му зготви јадење и му однесе на татка си, и му рече: "Стани, татко, и јади од она што синот твој улови, за да ме благослови душата твоја!" |
32. | И Исак, таткото негов, му рече: "Кој си ти?" А тој рече: "Јас сум синот твој, првородениот Исав." |
33. | Тогаш Исак премногу се возбуди и рече: "А кој беше оној, кој уловил лов и ми донесе од се, и јас јадев, пред да дојдеш ти, и го благословив? Тој и ке остане благословен." |
34. | А кога ги чу Исав зборовите на таткото негов, извика на сиот глас и многу се нажали, па рече: "Благослови ме и мене, татко!" |
35. | А тој му одговори: "Дојде братот твој со измама, и го зеде твојот благослов," |
36. | Исав, пак, рече: "Сигурно затоа му е името Јаков, еве веке двапати ме истисна. Првородството ми го зеде, а сега и благословот ми го зеде. И му рече - Исав на татка си: "Не остави ли благослов и за мене?" |
37. | И Исак одговори и му рече на Исава: "Него веке го поставив за господар над тебе; и сите брака негови ги определив да му бидат слуги; со жито и вино го обдарив; а што да направам сега, синко, со тебе?" |
38. | Но Исав му рече на татка си: "Зар само еден благослов има кај тебе, татко? Благослови ме и мене, татко!". Бидејки Исак молчеше, Исав извика на сиот глас и заплака. |
39. | Тогаш Исак, таткото негов, одговарајки му рече : "Ете, домот твој ке биде од плодна земја и од роса небеска одозгора. |
40. | Од мечот свој ке живееш, и на брата ти ке му служиш; но еднаш, кога ке се побуниш, ке го стресеш јаремот негов од вратот свој." |
41. | Тогаш Исав го намрази Јакова поради благословот, со кој го беше благословил татко му; и си рече Исав во срцето свое: "Се наближуваат деновите на оплакувањето за таткото мој; тогаш ке го убијам Јакова, братот мој." |
42. | И и кажаа на Ревека зборовите од Исава, постариот нејзин син, а таа испрати, па го повика Јакова, помалиот син нејзин, и му рече : "Братот твој Исав се заканува дека сака да те убие. |
43. | Затоа, синко, послушај ме сега : - Стани и бегај во Месопотамија кај Лавана, братот мој, во Харан, |
44. | и живеј при него некое време, додека му минат гневот и лутината на братот твој; |
45. | и додека тој не заборави што си му направил. А тогаш, јас ке пратам, да те доведат оттаму. Зошто да останам без вас днајцата во еден ден?" |
46. | А на Исака Ревека му рече : "Ми омрзна животот поради керките хетејски. А ако земе Јаков жена од керките хетејски, тогаш зошто ми е животот?" |
← Genesis (27/50) → |