← Genesis (26/50) → |
1. | Но настана глад на земјата покрај оној што беше во Авраамовото време; и Исак отиде при Авимелеха, царот Филистејски, во Герар. |
2. | И му се јави Господ и рече: "Не оди во Египет, туку живеј во земјата, кој ке ти ја покажам." |
3. | Настани се во таа замја и Јас ке бидам со тебе, и ке те благословам; зашто тебе и на потомството твое ке ви ја дадам сета таа замја, и ке ја потврдам клетвата, со која му се заколнав на Авраама, таткото твој; |
4. | и ке го умножам потомството твое како sвездите на небото, и ке му ја дадам на потомството твое сета таа замја и ке се благословат преку потомството твое сите народи земни. |
5. | Бидејки татко ти Авраам го послуша гласот Мој и се покоруваше на заповедите Мои, на законите Мои и на наредбите Мои." |
6. | И остана Исак во Герар. |
7. | А лу ето во тоа место прашуваа за жената негова, а тој велеше - ‘сестра ми е‘ - оти се плашеше да каже - ‘Жена ми е‘ - за да не го убијат лу ето од тоа место заради Ревека, бидејки таа беше убава. |
8. | Но откако мина многу време таму, се случи Авимелех, царот герарски, да погледа низ прозорец, и да го види Исака како се шегува со Ревека, жената своја. |
9. | И го викна Авимелех Исака и му рече: "Па, таа ти била жена; а зошто рече - ‘Сестра ми е?‘" - А Исак му одговори: "Оти помислив дека ке загинам поради неа." |
10. | Авимелех тогаш му рече: "Што ни направи? Лесно можеше да се случи некој од надвор да легне со твојата жена, и ке не воведеше во грев." |
11. | И му заповеда Авимелех на сиот народ свој, велејки: "Кој ке се допре до овој човек или до жената негова, ке загине!" |
12. | И Исак почна да сее во таа земја, и таа година доби стопати повеке јачмен. Господ го благослови. |
13. | И човекот се издигна и стануваше се поголем додека не стана многу богат. |
14. | И се здоби со многу овци и говеда и ниви, така што Филистејците почнаа да му завидуваат. |
15. | Па сите извори, што ги беа ископале татковите му слуги при животот на неговиот татко Авраама, Филистејците ги затрупаа со земја. |
16. | И Авимелех му рече на Исака: "Оди си од кај нас, зашто стана многу посилен од нас!" |
17. | Тогаш Исак си отиде оттаму, и ги распна шаторите свои во долината Герарска, и се насели таму. |
18. | И почна Исак да ги откопува изворите, што беа ископани од слугите на Авраама, таткото негов, а кои ги беа затрупале Филистејците по смртта на Авраама, таткото негов; и ги нарече со истите имиња, што им ги беше дал неговиот татко. |
19. | И копајки, слугите Исакови во долината Герарска, најдоа извор со жива вода. |
20. | Па се скараа пастирите Герарски со пастирите Исакови, велејки: "Водата е наша." И му кладе име на тој извор Есек, зашто се скараа околу него. |
21. | Откако замина оттаму, Исак ископа друг извор, и околу него се скараа. Затоа него го нарече Ситна. |
22. | Тогаш се крена оттаму, и ископа нов извор, а околу него немаше караница; затоа го нарече Реховот, велејки: "Оти Годпод ни даде простор за да се размножиме во оваа земја." |
23. | А оттаму мина тој во Вирсавија. |
24. | И истата нок му се јави Бог, и му рече: "Јас сум Бог на Авраама, таткото твој. Не плаши се, зашто Јас сум со тебе, ке те благословам и ке го умножам потомството твое заради Авраама, таткото твој." |
25. | И направи тој таму жртвеник, и Го призва името Господово. И таму го распна шаторот свој, а слугите Исакови ископаа извор таму, во долината Герарска. |
26. | Тогаш дојде при него Авимелех од Герар со Охозат, пријателот свој, и со Фихол, војводата свој. |
27. | А Исак им рече: "Зошто дојдовте при мене кога ме мразите и ме истеравте од кај вас?" |
28. | А тие одговорија: "Видовме дека Господ Бог е навистина со тебе, па рековме - да положиме ме у тебе и нас клетва и да склучиме со тебе сојуз: |
29. | да не ни правиш зло, бидејки и ние тебе не те допревме и ти правевме само добро, и те пуштивме да си одиш со мир; и ете, сега си благословен од Господа." |
30. | Тогаш тој им приреди гозба; па јадеа и пиеја. |
31. | А уредента, откако станаа рано, се заколнаа еден на друг, и ги отпушти Исак, и тие отидоа од него со мир. |
32. | Истиот ден дојдоа слугите Исакови и му кажаа за изворот, што го ископаа, и му рекоа: "Најдовме вода." |
33. | И тој го нарече Вирсавија и поради ова и се вика оној град Вирсавија и до ден денешен. |
34. | А кога имаше Исав четириесет години, се ожени со Јудита, керка на Хетеецот Веох, и со Васемата, керка на Хетеецот Елон. |
35. | А тие станаа тегоба за Исака и Ревека. |
← Genesis (26/50) → |