← Genesis (25/50) → |
1. | А Авраам зеде втора жена, по име Хетура. |
2. | И таа му ги роди Зимрана, Јоксана, Медана, Мадијама, Јесвока и Соијена. |
3. | Јоксан ги роди Темана и Дедана. А Деданови синови беа Рагуил, Навдеил и Асурим, Летусим и Лаудим. |
4. | А синови Мадијамови: Ефа, Ефер, Ханох, Авид и Елдаг. Сите тие беа синови Хетурини. |
5. | А Авраам целиот свој имот му го даде на Исака. |
6. | На синовите, пак, од своите наложници им даде Авраам само подароци, и, уште додека беше жив, ги распрати на исток, во источниот крај - далеку од синот негов Исака. |
7. | А деновите на Авраамовиот живот, што го поживе, беа сто и седумдесет и пет години. |
8. | И откако ослабе, умре Авраам во добра старост, сит од животот, и се прибра во родот свој. |
9. | А го погребаа неговите синови, Исак и Исмаил, во пештерата Макпела, во нивата на Ефрона, синот на Хетеецот Сахар, а која се нао аше спроти Мамре; |
10. | во пештерата на нивата, што ја беше купил Авраам од синовите Хетеови, таму беше погребан Авраам со Са‘ра, жената своја. |
11. | А по смртта Авраамова го благослови Бог Исака, синот негов. Исак живееше, пак, во Беер Лахај Рој. |
12. | Еве го родословот на Исмаила, синот Авраамов, кого му го роди на Авраама Агара Египтјанката, слугинката на Са‘ра. |
13. | А ова се имињата на синовите Исмаилови, како што ги именуваа во родовите нивни: првенецот Исмаилов е Навајот, па Кидар, Навдеил и Масам, |
14. | потоа Масма, Дума и Маса, |
15. | Хадар, Теман, Јетур, Нафес и Кедма. |
16. | Тоа се синовите Исмаилови, и тоа се имињата според селиштата, шаторите и населбите нивни. Тоа се дванаесетте кнезови над племињата нивни. |
17. | А деновите на животот Исмаилов се сто триесет и седум години. Потоа ослабе и умре, и се прибра при својот род. |
18. | Неговите синови живееја од Евилат дури до Сур, источно од Египет, од каде што се оди во Асирија. Тие се населија спроти сите брака свои. |
19. | А ова е родословот на Исака, синот Авраамов: Авраам го роди Исака; |
20. | А Исак имаше четириесет години кога се ожени со Ревека, керката на Арамеецот Ватуило од Месопотамија сириска, сестра на Арамеецот Лаван. |
21. | И Исак Му се помоли на Господа за жената своја, бидејки таа беше неплодна; и Бог го чу, па Ревека, жената негова, зачна. |
22. | Но децата се удираа едно со друго во утробата нејзина, и таа рече: "Ако биде така, зошто ми е ова?" И отиде да Го праша Господа. |
23. | А Господ и рече: "Две племиња има во утробата твоја, и два народа ке излезат од тебе; едниот народ ке биде посилен од другиот и поголемиот ке му служи на помалиот." |
24. | И дојде времето да роди, а ете - близнаци во утробата нејзина. |
25. | Излезе синот првенец црвен, целиот рунтав како руно; и му дадоа име Исав. |
26. | А потоа излезе брат му, држејки го Исава со рака за петата; нему му ставија име Јаков. А Исак имеше шеесет години, кога ги роди овие Ревека. |
27. | И децата пораснаа: Исав стана вешт ловец и љубител на полето, а Јаков беше човек кроток и престојуваше во шаторите. |
28. | Исак го сакаше Исава, зашто многу му се сви аше ловот негов; а Ревека повеке го сакаше Јакова. |
29. | Еднаш Јаков зготви јадење, и Исав дојде од полето уморен. |
30. | И му рече Исав на Јакова: "Дај ми да јадам од тоа црвеникаво, зошто сум уморен." Оттаму се нарече Едом. |
31. | Но Јаков му рече на Исава: "Продај ми го денес првородството твое!" |
32. | А Исав одговори: "Еве, сакам да умрам, па што ке ми е првородството?" |
33. | Но Јаков му рече: "Заколни ми се уште сега!" И тој му се заколна. Така Исав му го продаде своето првородство на Јакова. |
34. | И Јаков му даде на Исава леб и варена лека, и тој јаде и пи, па стана и си отиде. Така Исав го презре првородството свое. |
← Genesis (25/50) → |