← Genesis (24/50) → |
1. | А Авраам беше веке стар и во години, Господ го беше благословил во се. |
2. | И му рече Авраам на слугата свој, на најстариот во домот негов, кој стоеше над целиот негов имот: "Стави ја раката своја под бедрото мое |
3. | и ке те заколнам во Господа Бога на небото и Бога на земјата, дека нема да земеш жена за синот мој од керките Хананејски, ме у кои живеам, |
4. | туку дека ке отидеш во земјата моја, каде што се родив, во родот мој, и ке му доведеш жена на синот мој Исака оттаму." |
5. | А слугата му рече: "Можно е девојката да не сака да појде со мене во оваа земја; ке го одведам ли синот твој во земјата, од која си се иселил?" |
6. | А Авраам му рече: "Гледај да не го одведеш синот мој таму. |
7. | Господ, Бог на небесата и на земјата, Кој ме зеде од домот на таткото мој и од земјата, каде што сум роден, и Кој ми рече и ми се заколна, велејки: ‘Тебе и на потомството твое ке му ја дадам оваа земја‘, Он ке испрати ангел свој пред тебе, и ти ке доведеш жена за синот мој оттаму. |
8. | Ако, пак, девојката не сака да појде со тебе во оваа земја, тогаш нека ти е проста клетвата моја; само синот мој не пракај го таму!" |
9. | И ја стави слугата раката своја под бедрото на Авраама, господарот негов, и му се заколна во тоа. |
10. | Потоа слугата зеде десет камили од камилите на господарот свој, зеде и од драгоценостите на господарот свој со себе, па кога стана, се упати во Месопотамија, во градот Нахоров. |
11. | И ги остави камилите надвор од градот, покрај изворот, приквечерина кога жените излегуваат да полнат вода. |
12. | И рече: "Господи, Боже на господарот мој Авраама, испрати ми ја денес во пресрет онаа, која ја барам, и направи му милост на господарот мој Авраама. |
13. | Еве, јас ке стојам крај овој извор, и керките на градските жители ке дојдат да налеат вода. |
14. | И на која девојка ке и речам - ‘Наведни ја стомната своја да пијам‘ - а таа ке рече - ‘На, пиј, и камилите твои ке ги напојам - додека се напивам,‘ неа си ја определил за слугата твој Исака; и по тоа ке разберам дека си му направил милост на господарот мој Авраама." |
15. | И додека тој уште зборуваше во себе, а ете Ревека, керката на Ватуила, синот на Мелха, жената на Нахора, чиј брат е Авраам, дојде со стомната на рамо. |
16. | А беше многу убава девојка, која човек уште не беше познала. Таа слезе при изворот, ја наполни стомната, па појде угоре. |
17. | Тогаш слугата излезе пред неа и рече: "Дај ми да се напијам малку вода од стомната твоја!" |
18. | А таа одговори: "Еве, пиј, господару." И брзо ја спушти стомната на раката своја, и му даде да пие, чекајки додека не се напие. |
19. | Па рече: "И на камилите твои ке им налеам додека сите не се напијат." |
20. | Па брзо ја истури стомната своја во поилото, и пак отрча до изворот да ја наполни, и им налеа на сите камили негови. |
21. | А човекот ја гледаше со восхит и молкум, но сакаше да узнае дали го благословил Господ патот негов или не. |
22. | А откако камилите се напоија, човекот изведи златни наушници, тешки поливина сикла, и две гривни за нејзините раце, од десет сикли злато. |
23. | Ја запраша и рече: "Чија керка си? Кажи ми, има ли во куката на таткото твој место за пренокевање?" |
24. | А таа му одговори: "Јас сум керка на Ватуила, синот на Мелха, која му го роди на Нахора." |
25. | И уште рече: "Има при нас многу слама и храна; а и место за нокевање." |
26. | Тогаш човекот се наведна и Му се поклони на Господа, |
27. | па рече: "Нека е благословен Господ Бог на господарот мој Авраама, Кој не го остави господарот мој без Своја милост и Својата правда спрема господарот мој. Господ ме доведе по прав пат во домот на братот од господарот мој." |
28. | Девојката, пак, отрча и сето ова го кажа во домот на мајката своја. |
29. | А Ревека имаше брат, по име Лаван. Лаван побрза кон човекот крај изворот. |
30. | Откако ги беше видел наушниците и гривните на рацете од сестрата своја и чул кога сестра му Ревека рече - вака ми рече човекот - тогаш појде кај човекот; а тој стоеше со камилите при изворот. |
31. | И рече: "Ела ти, кој си благословен од Господа; зошто да стоиш надвор? Јас ја приготвив куката; а има место и за камилите." |
32. | Тогаш човекот влезе во куката; му ги растоварија камилите, и им дадоа слама и сено - храна на камилите, а му донесоа и вода за нозете негови и за лу ето, кои беа со него. |
33. | И им поставија леб да јадат. Но тој рече: "Нема да јадам додека не кажам за што сум дојден." И му рекоа: "Зборувај!" |
34. | Тогаш рече: "Јас сум слуга Авраамов. |
35. | Господ го благослови господарот мој многу, та стана голем; и му даде овци и говеда, сребро и злато, и слуги и слугинки, и камили и осли. |
36. | А Са‘ра, жената на господарот мој, под старост му роди син на господарот мој, и тој му го даде целиот свој имот. |
37. | Мене, пак, ме заколна господарот мој, велејки - ‘Немој да му доведеш на синот мој жена од керките Хананејски, ме у кои живеам; |
38. | туку појди во домот на таткото мој и во родот мој, и земи жена за синот мој.‘" |
39. | А јас му реков на господарот мој: "Можеби девојката не ке сака да појде со мене!?" |
40. | А тој ми рече - "Господ, пред чие лице одев, ке испрати ангел Свој со тебе, и ке ти го покаже патот твој до целта и ти ке земеш жена за синот мој од родот мој, од домот на таткото мој. |
41. | Тогаш ке ти биде проста клетвата моја, кога ке отидеш во родот мој; а ако не ти ја дадат, ке бидеш ослободен од клетвата моја." |
42. | И кога дојдов денес при изворот, реков: "Господи, Боже на господарот мој Авраама, ако си ме упатил на прав пат, по кој одам, |
43. | еве, јас ке застанам крај изворот, и на девојката, која ке дојде да налее вода, ке и речам - ‘Дај ми да се напијам малку вода од стомната твоја,‘ - |
44. | а таа ми одговори - ‘Еве ти пиј; и на камилите твои ке им налеам - таа нека биде жена, која што Господ ја определил за слугата Свој Исака; и по ова ке разберам дека си му направил милост на мојот господар Авраама." |
45. | Јас уште не го изреков тоа во срцето свое, а Ревека дојде со стомната на рамо, и слегувајки на изворот, налеа: а јас и реков - Дај ми да се напијам.‘ |
46. | И таа брзо ја спушти стомната на раката свој и рече - ‘Еве, пиј ти; и камилите твои ке ги напојам.‘ - Се напив, и камилите мои ги напои." |
47. | Тогаш ја прашав и реков: - ‘Чија керка си?‘ А таа одговори: - ‘Јас сум керка на Ватуила, синот на Нахора, кого му го роди Мелха. Тогаш и ги ставив наушниците и гривните на рацете нејзини. |
48. | Па се наведнав и Му се поклонив на Господа; и Го благословив Господа Бога на господарот мој Авраама, Кој ме поведе по правиот пат да ја земам керката од братот на господарот за неговиот син. |
49. | А сега кажете ми: "Kе му направите ли милост и правда на господарот мој, или не? Ако, пак, не сакате, кажете ми, и јас ке тргнам надесно или налево." |
50. | А Лаван и Ватуило одговорија: "Од Господа дојде ова; ние не можеме да ти кажеме ни лошо, ни добро. |
51. | Ете, Ревека е пред тебе, земи ја, па оди, и нека му биде жена на синот од твојот господар, како што рекол Господ." |
52. | А кога ги чу слугата Авраамов зборовите нивни, Му се поклини на Господа доземи. |
53. | Потоа слугата извади работи златни и сребрени, и облека, и и ги даде на Ревека; а и на братот нејзин и на мајката нејзина им даде подароци. |
54. | Па јадеа и пиеја тој и лу ето, кои беа со него, и нокеваа. А утредента кога станаа, тој рече: "Пуштете ме да се вратам при господарот мој!" |
55. | А братот нејзин и мајка и рекоа: "Нека остане девојката кај нас макар уште десетина дена, па тогаш одете." |
56. | Но тој им рече: "Не задржувајте ме кога Господ го благослови мојот пат; пуштете ме да си одам кај господарот мој!" |
57. | А тие рекоа: "Да ја викнеме девојката, и да ја прашаме, што ке рече таа." |
58. | И ја повикаа Ревека, па и рекоа: "Сакаш ли да одиш со овој човек?" А таа одговори: "Сакам." |
59. | И ја пуштија Ревека, сестрата своја, и слугинките нејзини, со слугата Авраамов и лу ето негови. |
60. | Ја благословија Ревека и и рекоа: "Сестро наша, да се умножиш на иљади и иљади, и потомството твое да завладее во градовите над непријателите твои!" |
61. | И стана Ревека со слугинките свои, и се качија на камилите, и тргнаа со човекот. Така слугата ја зеде Ревека и си отиде. |
62. | А Исак беше дошол во Беер Лахај Рој, зашто живееше во јужниот крај. |
63. | Приквечер излезе Исак во полето да се прошета, па ги крена очите: а тоа - ете, камилите идат. |
64. | Ревека, откако ги подигна очите свои и го виде Исака, слезе од камилата |
65. | и го праша слугата: "Кој е оној човек, што преку полето ни доа а во пресрет?" А слугата одговори: "Тоа е господарот мој." - Тогаш таа зеде превез, па се покри. |
66. | И му раскажа слугата на Исака се што беше направил. |
67. | Тогаш Исак ја одведе Ревека во шаторот на Са‘ра, мајката своја, и таа му стана жена, и му омиле. И Исак се утеши за Са‘ра, мајката своја. |
← Genesis (24/50) → |