← Genesis (23/50) → |
1. | Са‘ра поживе сто и дваесет и седум години; тоа се годините на Са‘риниот живот. |
2. | И умре Са‘ра во градот Киријат - Арби, а тоа е Хеврон, во земјата Хананска. И дојде Авраам да ја изжали и да ја исплаче. |
3. | А кога стана Авраам пред покојницата своја, им рече на синовите Хетеови, велејки: |
4. | "Странец сум и придојден при вас; дајте ми да имам гроб кај вас, сам да ја погребам покојницата своја." |
5. | А синовите Хетеови му одговорија на Авраама, велејки: |
6. | "Чуј не, господару наш; ти си кнез Божји ме у нас; во најдобриот гроб наш погреби ја покојницата своја; никој ме у нас нема да ти го одбие гробот свој за да можеш да ја погребеш покојницата своја таму!" |
7. | Тогаш стана Авраам и му се поклони на народот од земјата на синовите Хетеови, |
8. | и им рече Авраам, велејки: "Ако сакате да ја погребам покојницата своја пред очите мои, послушајте ме - речете му за мене на Ефрона, синот Саров. |
9. | Нека ми ја даде пештерата во Макпела, која е на крајот од нивата негова; за пари нека ми ја даде, колу што чини, за да имам гробноца ме у вас!" |
10. | А Ефрон седеше ме у синовите Хетеови. И му одговори Ефрон Хетеецот на Авраама, пред синовите Хетеови, и тоа гласно, да чујат сите, кои беа во советот од тој град, велејки: |
11. | "Не, господару; послушај ме - нивата, и пештерата во неа, ти ја давам; пред синовите на народот мој ти ја подарувам, погреби ја покојницата твоја." |
12. | А Авраам му се поклони на народот од таа земја, |
13. | и му рече на Ефрона гласно, пред сиот народ, велејки: "Ако сакаш, почуј ме: ке ти дадам колку што чини нивата, земи од мене, па тогаш ке ја погребам покојницата своја таму." |
14. | А Ефрон му одговори на Авраама и рече: |
15. | "Господару мој, чуј ме; земјата чини четиристотини сикли сребро; што е тоа за мене и за тебе? Затоа погреби ја покојницата твоја!" |
16. | И Авраам, откако го ислуша Ефрона, му го измери среброто, што го кажа тој пред синовите Хетеови, четиристотини сикли сребро, како што врвеше тогаш ме у трговците. |
17. | И нивата Ефронова во Макпела спроти Мамре, нивата и во пределите наоколу, |
18. | станаа сопственост на Авраама пред синовите Хетеови, пред сите кои влегуваа во тој град. |
19. | Потоа ја погреба Авраам Са‘ра, жената своја, во пештерата на нивата Макпела спроти Мамре, а тоа е Хеврон, во земјата Хананска. |
20. | Така Авраам ја придоби од синовите Хетеови нивата и пештерата во неа, за да има сопствена гробница. |
← Genesis (23/50) → |