← Genesis (21/50) → |
1. | И Господ милостивно погледна на Са‘ра, како што беше рекол, и и направи Господ на Са‘ра како што и беше рекол. |
2. | Са‘ра зачна и му роди на Авраама син во староста негова, во време кога што му беше рекол Господ. |
3. | И Авраам го нарече со името Исак, синот што му се роди, кој му го роди Са‘ра. |
4. | И го обреза Авраам синот свој Исака во осмиот ден, како што му беше заповедал Господ. |
5. | Авраам имаше сто години кога му се роди синот Исак. |
6. | Са‘ра, пак, рече: "Господ ми нанесе смеа; кој ке чуе за мене, ке ми се смее." |
7. | И рече: "Кој би рекол дека Са‘ра на Авраама ке му дои деца? Но сепак му родив син во староста негова." |
8. | Детето порасна и беше одбиено. А Авраам приреди голема гозба во оној ден кога го одбија Исака, синот негов. |
9. | Виде Са‘ра дека синот на Агара Египтјанката, што му го роди таа на Авраама, се потсмева со нејзиниот син Исак. |
10. | па му рече на Авраама: "Истерај ја оваа робинка со синот нејзин, зашто синот на оваа робинка не бива да стане наследник со мојот син Исака!" |
11. | А тоа на Авраама му беше многу тешко, поради синот негов Исмаила. |
12. | Но Бог му рече на Авраама: "Нека не ти е криво заради детето и робинката! Се што ке ти рече Са‘ра, послушај го гласот нејзин, зашто по Исака ке се нарече потомството твое. |
13. | А и од синот на робинката ке издигнам голем народ, зашто тој е семе твое." |
14. | И Авраам стана утредента рано, зеде леб и мев со вода, и и даде на Агара, ставајки и го тоа на грб, и детето, па ја отпушти. И таа тргна и се заскита по пустињата Вирсавија. |
15. | А кога снема вода во мевот, таа го остави детето под еден даб, |
16. | а самата отиде далеку, колку што со стрела може да се дофрли, и седна спроти него; зашто велеше: "Не можам да ја гледам смртта на моето дете." И седејки спроти него од далеку, кога го чу гласот на детето, почна гласно да плаче. |
17. | Но Бог го чу гласот на детето од местото каде што беше, и ангел Божји и викна на Агара од небото и и рече: "Што ти е, Агаро? Не плаши се, бидејки Господ го чу гласот на детето оттаму, каде што е. |
18. | Стани, крени го детето и фати го за рака; оти од него ке направам голем народ." |
19. | И Бог и ги отвори очите, и таа виде извор на жива вода; и отиде, па го наполни мевот со вода, и го напои детето. |
20. | А Бог беше со детето, и тоа порасна, и заживеа во пустињата, и стана стрелец со лак. |
21. | Тоа живееше во пустињата Фаран. И мајка му негова му зеде жена од земјата Египетска. |
22. | Во тоа време Авимелех, со Фихол, војводата негов, му рече на Авраама: "Бог е со тебе во се што правиш. |
23. | А сега заколни ми се овде во Бога дека нема да ми напакостиш ни мене, ни на потомството мое, ниту на името мое; туку дека ке постапуваш добро со мене и со земјата, во која си гостин, како што потапував јас со тебе." |
24. | И рече Авраам: "Се заколнувам." |
25. | Тогаш Авраам го прекори Авимелеха за изворите водни што ги зедоа слугите Авимелехови. |
26. | А Авимелех му рече: "Не знам кој го направи тоа; ниту ти ми кажа, ниту, пак, чув за тоа до денес." |
27. | А Авраам зеде овци и говеда, и му ги даде на Авимелеха, и тие двајца склопија сојуз. |
28. | Потоа Авраам одвои седум јагниња од стадото. |
29. | А Авимелех му рече на Авраама: "Зошто се овие седум јагниња што ги одвои?" |
30. | Авраам, пак, одговори: "Прими ги од моја рака овие седум јагниња, за да ми бидат сведоштво дека јас сум го ископал оној кладенец." |
31. | Затоа она место се нарече Вирсавија, бидејки тука се заколнаа обајцата. |
32. | Откако склопија сојуз во Вирсавија, Авимелех со пријателот Охозат и Фихол, војводата негов, се кренаа и се вратија во земјата Филистејска. |
33. | И Авраам насади шумичка во Вирсавија, и таму го призва името на Господа, Вечниот Бог. |
34. | Авраам живееше во земјата Филистејска како придојден многу денови. |
← Genesis (21/50) → |