← Genesis (20/50) → |
1. | Авраам оттаму тргна на југ, и се настани ме у Кадес и Сур; и живееше некое време во Герар како придојден. |
2. | Тогаш велеше Авраам за жената своја Са‘ра, дека му е сестра, оти се плашеше да рече дека му е жена, за да не го убијат жителите градски заради неа. А царот герарски Авимелех испрати, и ја зеде Са‘ра. |
3. | Но Бог дојде при Авимелех ноке во сон, и му рече: "Ете, ке умреш заради жената, која си ја зел, зашто таа има маж." |
4. | А Авимелех не беше се допрел до неа, па рече: "Господи, зар ке погубиш народ праведен? |
5. | Нели самиот ми рече - ‘Сестра ми е - а и таа самата рече ‘Брат ми е - а јас тоа го направив простосрдечно и со чисти раце." |
6. | Тогаш му рече Бог во сонот: "Затоа те задржав да не грешиш пред Мене и не ти допуштив да се допреш до неа. |
7. | А сега врати му ја на човекот жената негова, зашто е пророк, и ке се помоли за тебе, и ке останеш жив. Ако не ја вратиш, знај дека ке умреш и ти и сите твои. |
8. | Утредента рано стана Авимелех, и ги повика сите слуги свои, и им го кажа сето тоа да го чујат. И тие многу се уплашија. |
9. | Тогаш Авимелех го повика Авраама и му рече: "Што направи ти со нас? Што ти згрешив, па сакаше да навлечеш на мене и на царството мое голем грев? Ми го направи она, што никој не го прави." |
10. | И уште му рече Авимелех на Авраама: "Што имаше на ум, кога го направи тоа?" |
11. | А Авраам одговори: "Си помислив дека во ова место нема страв Божји, па ке ме убијат поради жената моја. |
12. | А всушност и ми е сестра: по татко, но не и по мајка: и се омажи за мене. |
13. | А кога ме изведе Господ од домот на мојот татко, јас и реков: направи ми добро и кажи за мене, и во секое место каде што ке дојдеме: ‘Брат ми е" |
14. | Тогаш Авимелех зеде овци, и говеда, и слуги, и слугинки, и му ги даде на Авраама, и му ја врати Са‘ра, жената негова. |
15. | И му рече Авимелех на Авраама: "Еве, земјата моја е пред тебе; и каде што ти е угодно, насели се!" |
16. | А на Са‘ра и рече: "Еве, му дадов на твојот брат иљада сикли сребро: тоа нека ти биде во чест на твоето лице, превез пред очите на сите, кои се со тебе, и пред сите си оправдана." |
17. | Авраам, пак, Му се помоли на Бога, и Бог ги исцели Авимелеха, и жената негова, и слугинките негови, и тие почнаа да ра аат; |
18. | зашто Господ ги беше затворил сите утроби во домот на Авимелеха поради Са‘ра, жената Авраамова. |
← Genesis (20/50) → |