← Genesis (2/50) → |
1. | Така се доврши небото и земјата и сиот украс нивни. |
2. | И ги заврши Бог до седмиот ден делата Свои, што ги направи; и си отпочина во седмиот ден од сите дела Свои, што ги создаде. |
3. | И го благослови Бог седмиот ден, и го освети, зашто во тој ден си отпочина од сите дела Свои, што ги направи и создаде. |
4. | Ете така настанаа небото и земјата, во она време кога Господ Бог ги создаде земјата и небото. |
5. | И секое растение полско, што уште не беше на земјата, и секоја тревка земна, што уште не беше никнала, зашто Господ Бог уште не пракаше дожд на земјата, ниту, пак, имаше човек што ке ја обработува земјата, |
6. | но се креваше пара од земјата. И ја натопуваше површината на целата земја. |
7. | А го создаде Господ Бог човекот од прав земен и му дувна во лицето дух животен; и човекот стана жива душа. |
8. | И насади Господ Бог рај во Едем, на исток; и таму го смести човекот што го создаде. |
9. | И направи Господ Бог да израстат од земјата секакви дрвја, убави за гледање и добри за јадење, и дрвото на животот среде рајот, и дрвото за познавање на доброто и злото. |
10. | И вода течеше од Едем, за да го наводнува рајот, а потоа таа се раздвојуваше во четири реки. |
11. | Името на едната е Фисон; таа тече околу целата земја Хевилска, а таму има злато. |
12. | Златото на таа земја е добро; таму има и бделиум и камен оникс. |
13. | А на втората река името и е Геон; таа ја опкружува целата земја Куш. |
14. | Името, пак, на третата река е Тигар, а тече на исток од Асирија. Четвртата река е Ефрат. |
15. | И, земајки го Господ Бог човекот, кого го создаде, го воведе во градината Едемска, за да ја обработува и да ја пази. |
16. | И му заповеда Господ Бог на човекот и рече: "Од секое дрво во градината можеш да јадеш, |
17. | освен од дрвото за познавење на доброто и на злото; од него не јади; зашто во оној ден кога ке вкусиш од него, ке умреш." |
18. | И рече Господ Бог: "Не е добро за човекот да биде сам; да му создадеме помошник, сличен на него!" |
19. | Тогаш Господ Бог ги создаде од земјата сите полски животни, и сите птици небески, и ги доведе кај човекот за да види како која ке ја нарече тој, па, како што човекот ке го нарече секое живо суштество, така да му биде и името. |
20. | И им даде човекот имиња на сиот добиток, и на птиците небески, и на сите sверови полски; но за човекот не се најде помошник, сличен на него. |
21. | Затоа Господ му прати на човекот тврд сон; па кога заспа, му зеде едно ребро, и местото го пополни со плот. |
22. | И Господ Бог создаде жена од реброто, што го зеде од човекот, и ја доведе кај човекот. |
23. | А човекот рече: "Еве сега коска од моите коски, и плот од мојата плот. Нека и биде името жена, зашто е земена од мажот!" |
24. | Затоа ке го остави човекот таткото свој и мајката своја и ке се прилепи кон жената своја; и обата ке бидат едно тело. |
25. | И беа обајцата голи, Адам и жена му, и не им беше срам. |
← Genesis (2/50) → |