← Genesis (19/50) → |
1. | Оние два ангела стигнаа вечерта во Содом кога Лот седеше пред портата содомска. А кога ги виде Лот, стана да ги пресретне, и се поклони доземи. |
2. | И рече: "Господари мои, влезете во куката на слугата Ваш, да пренокевате, и измијте си ги нозете Свои; па утре рано, кога ке станете, одете си по Својот пат." А тие рекоа: "Не, тука ке нокеваме на улица." |
3. | Но тој настојуваше, и тие појдоа по него и влегоа во домот негов. И тој ги нагости, им испече лебови пресни, и јадеа. |
4. | И уште не беа легнеле, а гра аните содомски се насобраа околу куката, стари и млади, целиот народ од сите краишта на градот. |
5. | И го повикаа Лота и му рекоа: "Каде се лу ето, кои дојдоа да нокеваат кај тебе? Изведи ги да бидеме со нив!" |
6. | Лот излезе пред нив до влезот, ја затвори вратата зад себе, |
7. | и им рече: "Брака мои, немојте да правите зло! |
8. | Еве имам две керки, кои уште не биле со маж; ке ги изведам кај вас, па правете со нив што ви е угодно; само на оние лу е не правете им ништо, бидејки се дојдени под покривот на мојот дом." |
9. | А тие му рекоа: "Мавни се оттука! Си дошол ваму да живееш како придојден, па, и ке ни судиш ли? Сега со тебе ке постапиме уште полошо отколку со нив." Па навалија силно на човекот, на Лота, и се доближија да ја кршат вратата. |
10. | Тогаш оние мажи ги протегнаа рацете свои надвор и го вовлекоа Лота кај себе, во куката, и ја затворија вратата од куката. |
11. | А лу ето, кои беа пред портата кукна, наеднаш ослепеа, од мал до голем, и не можеа да ја најдат вратата. |
12. | Тогаш оние мажи му рекоа на Лота: "Ако имаш зетови, синови или керки, или кој и да било свој во овој град сите нив изведи ги од ова место! |
13. | Зошто сакаме да го сотреме ова место, бидејки повикот против нив е голем пред Господа, па не испрати Господ нас да го уништиме." |
14. | И излезе Лот, и им кажа на зетовите свои, на кои сакаше да им ги даде керките свои, и им рече: "Станете, одете си од ова место, зашто Господ сега ке го сотре свој град!" Но на зетовите негови им се причини оти се шегува. |
15. | А кога зората зазори, навалија ангелите на Лота да побрза и му рекоа: "Стани, земи ја жената своја, и двете керки твои, кои се тука, за да не загинеш поради беззаконието на овој град!" |
16. | Но тој се двоумеше. Затоа ангелите го фатија за рака него, жената негова, и двете керки негови, оти Му беше жал на Господа, и ги изведоа, па ги оставија надвор од градот. |
17. | А кога ги изведоа надвор од градот, еден од нив рече: "Спасувај се и спаси ја душата своја; и не обsрнувај се назад, не запирај никаде во оваа околина! Бегај на оној рид, за да не загинеш." |
18. | А Лот рече: "Ти се молам, Господи! |
19. | Еве, слугата Твој најде милост пред Тебе, и милоста Твоја е голема, што ја направи спрема мене, оти ми го спаси животот; но јас не можам да се спасам на ридот, бидејки ке ме стигне злото и ке загинам. |
20. | Ене, во оној град; доста е близу, да побегнам таму, а местото е мало; таму ке се спасам, зашто е мал; па ке останам жив, благодарејки на Тебе." |
21. | А Он му рече: "Еве, ке те послушам и затоа нема да го уништам градот, за кој рече. |
22. | Бегај побрзо таму; оти не можам да направам ништо, додека не стигнеш онаму." Заради ова оној град се нарече Сигор. |
23. | И кога сонцето огреа по земјата, Лот пристигна во Сигор. |
24. | Тогаш излеа Господ на Содом и на Гомор од небото дожд од сулфур и оган од Господа од небото. |
25. | И ги сосипа оние градови и целата околија, и сите жители во тие градови, и сите растенија земни. |
26. | Но жената Лотова, одејки по него, погледна назад и се претвори во солен столб. |
27. | А уредента рано, откако стана, Авраам отиде на местото каде што беше стоел пред Господа; |
28. | и погледна на Содом и на Гомор и на целата околија и виде: и, ете, се креваше пламен од земјата како чад од печка. |
29. | Но додека Бог ги унуштуваше градовите во онаа околија, се сети Бог на Авраама, па го изведе Лота од пропаста кога ги сосипуваше Господ градовите, каде што живееше Лот. |
30. | А Лот излезе од Сигор, и се настани на оној рид со двете керки свои; се плашеше да живее во Сигор. Па се насели во пештера со двете керки свои. |
31. | А постарата и рече на помладата: "Нашиот татко е стар, а нема човек во земјава да влезе при нас, како што е обичај по целата земја. |
32. | Ајде да му дадеме на таткото наш вино, за да се опие; па да легнеме со него, за да го зачуваме потомството на нашиот татко!" |
33. | И му дадоа вино на татка си во онаа нок; и влезе постарата и легна со таткото свој; а тој не сети ни кога легнала таа, ни кога станала. |
34. | А утредента и рече постарата на помладата: "Ете, нокеска бев со својот татко. Да го опиеме со ниво и вечерва: па влези и ти легни со него, за да му го запазиме потомството на таткото наш!" |
35. | И таа нок му дадоа на татка си вино; и влезе помладата и спа со него; а тој не узна ни кога таа легнала ни кога станала. |
36. | И обете керки Лотови зачнаа од таткото нивни. |
37. | И постарата роди син, и го нарече Моав, велејки од татка ми е. Тој е прататко на Моавците до денес. |
38. | А и помладата роди син, и го нарече Амон, велејки: "Син од мојот род." Од него се Амонците до денешниов ден. |
← Genesis (19/50) → |