← Genesis (18/50) → |
1. | Потоа му се јави Господ кај дабот Мамре кога седеше пред вратата од шаторот свој, на пладнина. |
2. | Откако ги крена очите свои, виде Тројца мажи како стојат спроти него. Откако ги виде, им притрча во пресрет пред вратата на шаторот свој, и им се поклони доземи. |
3. | И рече: "Господи, ако сум нашол милост пред Тебе, немој да го одминеш слугата Свој! |
4. | Kе Ви донесам малку вода: измијте ги нозете, па одморете се малку под ова дрво! |
5. | И ке Ви изнесам малку леб за да се поткрепите штом веке навративте кај слугата Ваш, па тогаш продолжете го својот пат." Тие рекоа: "Направи, како што рече!" |
6. | И Авраам отрча во шаторот кај Са‘ра, и и рече: "Замеси брзо три мерки чисто брашно и испечи погачи!" |
7. | Па отрча кај говедата и фати теле младо и угоено, и му го даде на момокот, и тој побрза да го зготви. |
8. | Па потоа изнесе масло и млеко и телето, што беше зготвено, и им принесе; и тие јадоа, а тој самиот стоеше пред нив под дрвото. |
9. | Тогаш тие го прашаа: "Каде е Са‘ра, жената твоја?" А тој одговори: "Ене ја во шаторон." |
10. | Еден, пак, од нив му рече: "Догодина во ова време, вракајки се, Јас, пак ке дојдам кај тебе, и Са‘ра, жената твоја ке има син." А Са‘ра слушаше на вратата од шаторот, зад него. |
11. | Авраам и Са‘ра беа стари и возрасни, и кај Са‘ра беше престанало редовното кај жените. |
12. | Затоа Са‘ра се насмеа во себе, велејки: "Бидејки сум остарела, сега ли ке ни дојде радоста? А и господарот ми е стар." |
13. | Тогаш му рече Господ на Авраама: "Зошто се насмеа Са‘ра во себе, велејки - Вистина ли е дека ке родам кога сум остарена? - |
14. | Има ли нешто неможно за Господа? Догодина во ова време Јас пак ке дојдам при тебе, и Са‘ра ке има син." |
15. | Но Са‘ра не призна и рече: "Не се насмеав," бидејки се беше уплашила. А Он рече: "Не, ами ти се насмеа." |
16. | Потоа лу ето станаа и тргнаа кон Содом и Гомор, а и Авраам појде со нив да ги испрати. |
17. | А Господ рече: "Како да кријам од Авраама, слугата Свој, што сакам да направам? |
18. | Та од Авраама ке излезе голем и силен народ, и преку него ке бидат благословени сите народи на земјата. |
19. | Оти него го избрав за да им заповеда на синовите свои, и на домот свој по себе, да одат по патот Господен и да извршуваат правда и суд, за да може Господ да го исполни она, што му го вети на Авраама." |
20. | И рече Господ: "Голем повик е против Содом и Гомор, и гревовите нивни се претешки. |
21. | Затоа ке слезам за да узнаам и да видам дали така се прави, како што повикот доа а до Мене, или не." |
22. | Оттаму лу ето тргнаа кон Содом, додека Авраам уште стоеше пред лицето на Господа. |
23. | Тогаш Авраам се приближи и рече: "Сакаш ли да го уништиш и праведниот со неправедниот и ке биде ли праведниот како неправедниот? |
24. | Можеби во градот има педесетмина праведници; зарем ке ги погубиш и нив, а да не му простиш на тоа место заради оние педесет праведници, што се во него? |
25. | Не е можно така да постапиш Ти, да погубиш праведни со неправедни заедно, та исто да се случи со праведникот како и со неправедникот; не, тоа од Тебе не; зарем Судијата на целата замја нема да суди право?" |
26. | И рече Господ: "Ако во градот Содом најдам педесетмина праведници, ке го запазам градот и целото место заради нив." |
27. | А Авраам одговори и рече: "Еве, се осмелив да Му проговорам на Господа, иако сум земја и пепел. |
28. | Можеби да има праведници од педесет пет помалку; зар заради тие пет ке го затреш целиот град?" Он одговори: "Нема тоа да го направам, ако најдам четириесет и пет." |
29. | И го продолжи разговорот со Него и рече: "Можеби ке се најдат таму четириесет?" Он, пак, одговори: "Нема да го направам ни поради тие четириесет." |
30. | Потоа рече: "Нека не се налути Господ, ако речам - можеби ке се најдат триесет?" - Он рече: "Нема да го направам, ако најдам триесет." |
31. | И пак рече: "Еве, се осмелувам одново да Му проговарам на Господа - можеби ке се најдат дваесет?" "Нема да го уништам - рече - ни заради тие дваесет." |
32. | Најпосле рече: "Нека не се налути, Господ, ако уште еднаш проговорам - можеби ке се најдат десет?" - Он рече: "Нема да ги искоренам ни заради оние десет." |
33. | И Господ замина, откако престана да зборува со Авраама; а Авраам се врати во своето место. |
← Genesis (18/50) → |