← Genesis (17/50) → |
1. | А кога Аврам имаше деведесет и девет години му се јави Господ на Аврама и му рече: "Јас сум Бог твој, оди пред Мене и биди непорочен! |
2. | И ке направам завет ме у Мене и тебе, и многу, многу ке те размножам." |
3. | Аврам падна ничкум. А Бог продолжи да му говори и му рече: |
4. | "А ова е заветот Мој со тебе: ке станеш татко на многу народи. |
5. | Затоа повеке нема да се викаш Аврам, туку името ке ти биде Авраам, оти ке те направам татко на многу народи; |
6. | и многу, многу ке те умножам, и ке издигнам од тебе многу народи, и цареви ке излезат од тебе. |
7. | И ке поставам завет Мој ме у Мене и тебе и ме у твоите потомци по тебе во нивните родови; ке направам заветот да биде вечен, ке ти бидам Бог тебе и на потомците твои по тебе. |
8. | И ке ти ја дадам тебе и на потомството твое по тебе земјата, во која си придојден, целата земја Хананска во вечно владеење; и ке им бидам нивни Бог." |
9. | И му рече Бог на Авраама: "Ти, пак, запази го заветот Мој, ти и потомството твое по тебе во нивните родови! |
10. | А ова е заветот Мој ме у Мене и вас и потомците твои во нивните родови, што ке го пазите: секое машко од вас нека биде обрезано. |
11. | А ке обрезувате крајче од телото свое; тоа ке биде знак на заветот ме у Мене и вас. |
12. | Секое машко дете кога ке наполни осум дена по ра ањето, низ целото ваше потомство, да биде обрезано: и роб, роден во вашиот дом, и оној што ке биде купен од странец, а не е од семето твое, со образание ке се обреже робот од твојот дом и купениот. |
13. | Да, и робот, роден во домот твој, и купениот мора да биде обрезан, и така Мојот завет над вашето тело ке остане вечен. |
14. | А необрезаното машко, на кое не ке му се обреже крајче од телото негово во осмиот ден, да се истреби од родот свој: таквиот го нарушил заветот Мој." |
15. | И му рече уште Бог на Авраама: "А Сара, жената твоја, не ја викај повеке Сара, туку името нека и биде Са‘ра. |
16. | И Јас, ке ја благословам, и ке ти дадам син од неа; ке ја благословам, и народи ке потекнуваат од неа, и цареви на народи ке излезат од неа." |
17. | Тогаш падна Авраам ничкум и се насмеа, велејки во себе: "Како може на човек од сто години да му се роди син? Зарем Са‘ра во деведесетте години ке роди?" |
18. | И Авраам Му рече на Бога: "О, барем Исмаил да биде жив пред лицето Твое!" |
19. | А Бог му рече на Авраама: "Навистина, Са‘ра, жената твоја, ке ти роди син и ке го наречеш со името Исак; и ке направам заветот Мој со него да биде завет вечен, и да му бидам Бог на потомството негово по него. |
20. | А и за Исмаила те послушав; еве, го благословувам, и ке го направам плоден, и многу ке го умножам, многу; и ке роди дванесет кнезови, и од него ке произлезе голем народ. |
21. | А заветот Мој со Исака ке го направам кога ке ти го роди Са‘ра, догодина во ова време." |
22. | Па, откако Бог го изговори тоа, се издигна Бог од Авраама. |
23. | Авраам, пак, го зеде Исмаила, синот свој, и сите родени во домот негов, и сите купени, и сите машки домашни, им обреза крајче од телото нивно во истиот ден, како што му рече Бог. |
24. | Авраам имаше деведесет и девет години кога му беше обрезано крајче од телото негово. |
25. | А Исмаил, синот негов, имаше тринаесет години кога му беше обрезано крајче од телото негово. |
26. | Во истиот ден беа обрезани Авраам и син му Исмаил, |
27. | и со него заедно беа обрезани и сите домашни машки, и робовите, родени во неговиот дом, а и купените од странци. |
← Genesis (17/50) → |