← Genesis (15/50) → |
1. | По оние настани би слово Господово кон Авраама во видение ноке и му рече: "Не бој се, Авраме! Јас сум ти закрила, и наградата твоја ке биде многу голема." |
2. | А Аврам рече: "Господи, зошто да ми дадеш кога сум без пород; а домакин во мојата кука е Елиезер дамаскинецот." |
3. | И пак рече Аврам: "Бидејки, Ти не ми даде потомство, ете, затоа еден од домашните во куката моја ке биде наследник." |
4. | Но Господ пак проговори: "Нема тој да ти биде наследник, туку оној, што ке излезе од тебе, тој ке ти биде наследник." |
5. | Па го изведе надвор и му рече: "Погледни на небото и изброј ги sвездите, ако можеш да ги изброиш." И му рече: "Толкаво ке биде потомството твое." |
6. | И Му поверува Аврам на Господа Бога, и тоа му се прими за оправдание. |
7. | И му рече: "Јас сум Бог, Кој те изведе од Ур Халдејски за да ти ја дадам оваа земја, да ја владееш." |
8. | А тој рече: "Господи, Господи, по што ке познаам дека ке ја наследам?" |
9. | И му рече: "Принеси му јуница, од три години, и коза тригодишна, и овен, од три години, а и грлица и млад гулаб!" |
10. | И тој го зеде сето тоа, и ги пресече на половина и ги стави сите половини една спроти друга; но птиците не ги преполови. |
11. | А птици грабливки слетуваа на тие мрши; но Аврам ги бркаше. |
12. | А кога сонцето беше на залез, го совлада Аврама длабок сон, и ете, го опфати голем мрак - и го обзеде ужас. |
13. | И Господ му рече на Аврама: "Знај дека потомците твои ке бидат придојдени во ту а земја, ке робуваат и ке ги мачат четиристотини години. |
14. | Но на народот, на кој ке му служи, Јас ке му судам; потоа тие ке излезат оттаму со големо богатство. |
15. | А ти ке отидеш кај татковците свои во мир, и ке бидеш погребан во длабока старост. |
16. | Тие, пак, во четвртото колено ке се вратат ваму; зашто мерката на безаконијата Аморејски уште не превршила." |
17. | А штом сонцето зајде, падна мрак, и ете, дим како од печка и огнен пламен поминува ме у оние делови. |
18. | Во тој ден Господ направи завет со Аврама, велејки: "На потомството твое му ја давам оваа земја од реката во Египет до големата река Еуфрат: |
19. | Кенејците, Кенезејците, Кедмонејците, |
20. | Хетејците, Ферезејците, Рефаинците, |
21. | Аморејците, Хананејците, Гергесејците и Јевусејците!" |
← Genesis (15/50) → |