← Genesis (14/50) → |
1. | Во она време сенарскот цар Амарфал, еласарскот цар Ариох, еламскиот цар Ходологомор и гоимскот цар Таргал, |
2. | сите тие цареви завојуваа против содомскот цар Вал, против гоморскиот цар Варса, против адамскот цар Сенар, севоимскот цар Симовор и со царот на Валак, односно Сигор. |
3. | Сите тие се собраа во долината Сидим, која е сега Солено Море. |
4. | Дванаесет години му служеа на Ходологомор, а во тринаесеттата се побунија. |
5. | Во четиринаесеттата дојде Ходологомор и царевите, кои беа со него, па ги поразија xиновите во Астарот и во Карнаим, Зузејците во Хам, Омејците во долината Каријатим, |
6. | И Хорејците во гората нивна Сеир, дури до рамнината Ел Фаран, која се нао а покрај пустињата. |
7. | А кога се вратија оттаму, дојдоа до изворот Мисфат, односно Кадис, и ја опустошија целата област Амаликитска, како и Аморејците, кои живееја во Асасах - Тамар. |
8. | Тогаш излегоа царот содомски и царот гоморски, царот адски, царот севоимски и царот од Валака, односно Сигор, и појдоа во борба против нив во долината Сидим, |
9. | против Ходологомор, царот еламски, и Тагар, царот гоимски, и Амарфал, царот сенарски, и Ариох, царот еласарски; четири цара против пет. |
10. | Во долината Сидим имаше, пак, многу јами, од кои се вадеше смола. И побегнаа царот содомски и царот гоморски, и паднаа во нивни плен; а другите избегаа во планините. |
11. | И го зедоа целиот имот на Содом и Гомор и сета храна нивна, па си отидоа. |
12. | Го зедоа и Лота, братанецот Аврамов, кој живееше во Содом, и богатството негово, и си отидоа. |
13. | А еден од оние, што се беа избавиле, дојде и му се јави на Евреинот Аврам, кој тогаш живееше при дабот Мамре, Амореецот, брат Есколов и брат Абнанов, Аврамови сојузници. |
14. | А кога Аврам чу дека му е заробен братанецот Лот, ги вооружа слугите свои, триста и осумнаесет, кои се родија во неговата кука, и тргнаа во потера до Дан. |
15. | Тука ги распореди своите и удри на нив ноке, со слугите свои, и ги разби, и ги гонеше до Ховал, кој е лево од Дамаск. |
16. | И го поврати целиот имот содомски; го врати и Лота, братанецот свој, со богатството негово, и жените и народот. |
17. | А царот содомски му излезе во пресрет, кога се врати, откако го разби Ходологомор и царевите, што беа со него, во долината Савин, која е сега Долина на царевите. |
18. | И Мелхиседек, царот салимски, изнесе леб и вино; а тој беше свештеник на Севишниот Бог, |
19. | па го благослови Аврама, велејки: "Благословен да е Аврам од Севишниот Бог, Создателот на небото и земјата! |
20. | Благословен да е и Севишниот Бог, Кој ги предаде непријателите твои во рацете твои!" И му даде Аврам десетти дел од се. |
21. | А царот, пак, содомски му рече на Аврама: "Дај ми ги мене лу ето, а имотот земи си го за себе!" |
22. | Но Аврам му рече на царот содомски: "Ја кревам раката своја кон Севишниот Господ Бог, Создател на небото и земјата, |
23. | дека ни конец, ниту, пак, ремен од обувки, нема да земам од се она, што е твое, да не речеш - јас го збогатив Аврама -, |
24. | освен, она што изедоа момците, и освен делот на лу ето, што одеа со мене: Ескол, Авнан, и Мамре; тие нека го земат својот дел." |
← Genesis (14/50) → |