← Genesis (13/50) → |
1. | Така излезе Аврам од Египет кон југ, во пустињата Негев, тој, жената негова, и се што имаше, а и Лот со него. |
2. | А Аврам беше многу богат со добиток, со сребро и со злато. |
3. | И отиде, од каде што појде, во пустињата се до Ветил; продолжи да патува се до местото, каде што порано му беше поставен шаторот, ме у Ветил и Гај; |
4. | На местото, каде што најнапред беше подигнал жртвеник; и таму го призва Аврам името Господово. |
5. | А и Лот, кој одеше со Аврама, имаше овци, говеда и шатори. |
6. | И земјата беше тесна, за да живеат заедно, бидејки имотот нивни беше толку голем, што не можеа да живеат заедно. |
7. | И стана караница ме у пастирите на Аврамовиот добиток и пастирите на Лотовиот добиток. А во таа замја живееја тогаш Хананејци и Ферезејци. |
8. | Затоа Аврам му рече на Лота: "Не треба да се караме јас и ти, ни моите пастири со твоите пастири, зашто сме роднини. |
9. | Не е ли пред тебе целата земја? Оддели се од мене. Ако тргнеш ти на лево, јас ке тргнам на десно; ако ти појдеш на десно, јас, пак, на лево." |
10. | Тогаш Лот ги крена очите свои и ја виде целата околина Јорданска, која, пред Бог да ги уништи Содом и Гомор, целата, се до Сигор се напојуваше со вода, како рајот Божји и како земјата Египетска. |
11. | И Лот ја избра за себе целата околина Јорданска; па појде Лот кон исток; и се разделија еден од друг. |
12. | Аврам се насели во земјата Хананска, а Лот се настани ме у градовите на околината, преместувајке се се до Содом. |
13. | Лу ето, пак, во Содом беа лоши, и многу грешни пред Бога. |
14. | И му рече Бог на Аврама, откако Лот се оддели од него: "Крени ги сега очите свои, па погледни од местото, каде што си, на север и на југ, на исток и на запад, |
15. | зашто целата земја, што ја гледаш, ке ти ја дадам тебе и на потомството твое довека; |
16. | ке го умножам потомството твое да биде колку што е песокта на земјата; ако некој може да ја изброи песокта на земјата, тоа ке може да го изброи и потомството твое. |
17. | Стани и изоди ја оваа земја во должина и во широчина, зашто ке ти ја дадам тебе и на потомството твое довека." |
18. | И Аврам ги крена шаторите свои, и отиде да се насели кај дабот Мамре, што беше во Хеврон, и таму Му направи жртвеник на Господа. |
← Genesis (13/50) → |