← Genesis (12/50) → |
1. | И му рече Господ на Аврама: "Излези од земјата своја, и од родот свој, и од домот на татка си, па појди во земјата, што ке ти ја покажам Јас! |
2. | А од тебе ке направам голем народ, и ке те благословам, и името твое ке го прославам и ти ке бидеш благословен. |
3. | Kе ги благословам оние, што тебе ке те благословуваат, и ке ги проколнам оние, што тебе ке те проколнуваат и преку тебе ке бидат благословени сите родови на земјата." |
4. | Тогаш тргна Аврам, како што му кажа Господ, а со него појде и Лот. А Аврам имаше седумдесет и пет години кога излесе од Харан. |
5. | И ги зеде Аврам Сара, жената своја, и Лота, братанецот свој, со целиот имот што го беа спечалиле, и лу ето што ги беа придобиле во Харан, па излегоа за да отидат во земјата Хананска. |
6. | И Аврам ја измина таа земја во должина дури до Сихем и до високиот даб Мамре; а тогаш во таа замја живееја Хананејци. |
7. | И му се јави Господ на Аврама и му рече: "Оваа земја ке му ја дадам на твоето потомство." И направи таму Аврам жртвеник на Господа, Кој му се јави. |
8. | Потоа оттаму се премести на ридот, на исток од Ветил, и таму го распна шаторот свој; и Ветил му беше од запад, а Гај од исток; и таму Му направи на Господа жртвеник, и го призиваше името Господово, што му се јавуваше. |
9. | А оттаму се крена Аврам и се упати кон југ. |
10. | Но настана глад во таа замја и Аврам слезе во Египет да поживее таму; зашто гладта продолжи во оваа земја. |
11. | И кога наближи да влезе во Египет, и рече на жената своја Сара: "Еве, знам дека си жена лична во лицето. |
12. | Затоа, кога ке те видат Египтјаните, ке речат - оваа му е жена - . Па ке ме убијат, а тебе ке те остават во живот. |
13. | Туку кажи, дека си ми сестра, за да ми биде добро покрај табе и да останам жив поради тебе. |
14. | И кога влезе Аврам во Египет, Египтјаните видоа дека жената е многу убава. |
15. | Ја видоа и првенците Фараонови, па ја пофалија пред Фараонот. И жената беше одведена во дворот Фараонов. |
16. | И заради неа тој му правеше добро на Аврама; имаше овци, говеда, осли, слуги, слугинки, маски и камили. |
17. | Но Бог пушти големо зло на Фараонот и на неговиот дом поради Сара, жената Аврамова. |
18. | Тогаш Фараонот го повика Аврама и му рече: "Зошто ми го направи тоа? Оти не ми кажа дека ти е жена? |
19. | Зошто рече - сестра ми е - па сакав да ја земам за жена. Сега, пак, ете ти ја жената, земи си ја и оди си!" |
20. | И Фараонот определи лу е, кои го испратија Аврама и жената негова, со се што имаше, и Лота со него. |
← Genesis (12/50) → |