← Genesis (11/50) → |
1. | По целата земја имаше еден јазик и еден говор. |
2. | А кога отидоа од исток, најдоа рамнина во земјата Сенарска, та се населија таму. |
3. | И си рекоа му е себе: "Ајде да правиме тули и на оган да ги печеме!" И имаа тули наместо камен и смола земјана наместо вар. |
4. | Потоа рекоа: "Сега да соsидаме град и кула, висока до небото; и да се здобиеме со име, пред да се растуриме по лицето на целата земја!" |
5. | Тогаш Господ се спушти да го види градот и кулата, што ги sидаа синовите човечки. |
6. | И рече Господ: "Ете, еден народ се и сите имаат еден јазик, но еве што почнале да прават; и нема да се откажат да го направат тоа, што го наумиле. |
7. | Ајде да слеземе и да им го збркаме јазикот нивни за да не се разбираат еден со друг што зборуваат!" |
8. | И така Господ ги растури оттаму по целата земја, и престанаа да го sидаат градот и кулата. |
9. | Затоа тој се нарече Вавилон, зашто таму го збрка Господ јазикот на целата земја и оттаму ги растури Господ по целата земја. |
10. | Ова е родословот Симов: Сим имаше сто години кога го роди Арфаксада, две години по потопот. |
11. | И откако го роди Арфаксада, поживе Сим петстотини години, ра ајки синови и керки, и умре. |
12. | А Арфаксад поживе сто триесет и пет години и го роди Сала. |
13. | По ра ањето, пак, на Сала, Арфаксад поживе четиристотини и три години, ра ајки синови и керки, и умре. |
14. | Сала поживе сто триесет години и го роди Евера. |
15. | А, откако го роди Евера, Сала поживе четиристотини и триесет години, ра ајки синови и керки. |
16. | Евер поживе сто триесет и четири години, и го роди Фалека. |
17. | По ра ањето на Фалека, Евер поживе четиристотини и седумдесет години, ра ајки синови и керки, и умре. |
18. | А Фалек поживе сто и триесет години и го роди Рагава. |
19. | А, откако го роди Рагава, Фалек поживе двесте и девет години, ра ајки синови и керки, и умре. |
20. | Рагав поживе сто и триесет и две години и го роди Серуха; |
21. | а откако го роди Серуха, Рагав поживе двесте и седум години, ра ајки синови и керки, и умре. |
22. | Серух поживе сто и триесет години и го роди Нахора; |
23. | По ра ањето на Нахора, Серух поживе двесте години, ра ајки синови и керки, и умре. |
24. | Нахор, пак, поживе седумдесет и девет години и го роди Тара; |
25. | но штом го роди Тара, Нахор поживе сто и деветнаесет години, ра ајки синови и керки, и умре. |
26. | Тара поживе седумдесет години и го роди Аврама, Нахора и Арана. |
27. | А еве го родословот на Тара: Тара го роди Аврама, Нахора и Арана; а Аран го роди Лота. |
28. | И Аран умре пред таткото свој Тара во родната земја, во Ур Халдејски. |
29. | А Аврам и Нахор се оженија; името на жената Аврамова беше Сара, а на жената Нахорова името и беше Мелха, керка на Арана, татко на Мелха и Есха. |
30. | Сара беше неплодна и немаше пород. |
31. | И го зеде Тара синот свој, Аврама, и внукот од синот свој, Лот, син Аранов, и Сара, снаата своја, жената на неговиот син Аврам; па излегоа заедно од Ур Халдејски за да појдат во земјата Хананска; и дојдоа до Харан, каде што се и населија. |
32. | И поживе Тара се на се двесте и пет години; и умре Тара во Харан. |
← Genesis (11/50) → |