← Genesis (10/50) → |
1. | А ова е родословот на синовите Ноеви: Сим, Хам и Јафет, на кои по потопот им се родија синови. |
2. | Синовите на Јафета се: Гомер, Магог, Мадај, Јаван, Елиса, Тувал, Месех и Тирас. |
3. | А синовите Гомерови се: Аскеназ, Рифат, и Тогарма. |
4. | Синовите, пак, Јаванови се: Елиса, Тарсис, Китим и Доданим. |
5. | Од нив се разгранаа острови на народи во земјите нивни, секој според јазикот свој, според родот свој, и народот свој. |
6. | Хамовите синови се: Хус и Месраим, Фут и Ханан. |
7. | А синовите Хусови: Сава, Евила, Савата, Регма и Саватака. Синовите, пак, Регманови се: Сава и Дадан. |
8. | Хус го роди Нимрода; а тој прв стана силен на земјата; |
9. | беше добар ловец пред Господа Бога; затоа се вели: - добар ловец пред Господа како Нимрод -. |
10. | А почетокот на неговото царство беше: Вавилон, Орех, Аркад и Халне, сите во земјата Сенар. |
11. | Од таа земја излезе Асур, и ја соsида Ниневија и Ровот град, и Халах, |
12. | и Дасем ме у Ниневија и Халах; тој е град голем. |
13. | Од Месраима произлегоа Лудејците, Енамејците, Лавијците, Нефталејците, |
14. | па Патрусејците и Хасмејците, од кои водат потекло Филистејците и Гафторејците. |
15. | А Ханан го роди Сидона, првенец свој, и Хета, |
16. | потоа Јевусејците, Аморејците, Гергесејците, |
17. | Евејците, Арукејците, Асенејците, |
18. | Арадејците, Самарејците и Аматејците. А потоа племињата ханански пак се расеаја. |
19. | Пределите, пак, ханански беа од Сидон кон Герар до Газа, и потоа до Содом, Гомор, Адма и Севоим па се до Даса. |
20. | Тоа се синовите Хамови, според семејствата нивни, според јазиците нивни, во нивните земји и во народите свои. |
21. | И на Сим му се родија синови, на постариот брат Јафетов, татко на сите синови Еверови. |
22. | А синовите Симови беа: Елам, Асур, Арфаксад, Луд и Арам. |
23. | Синовите, пак, Арамови се: Уз, Хул, Гатер и Мас. |
24. | Арфаксад го роди Сала, а Сала го роди Евера. |
25. | На Евера му се родија двајца синови: на едниот му беше име Фалек, зашто во неговото време се раздели земјата, а името на брата му беше Јектан. |
26. | Јектан го роди Елмодада, Салета, Сармота и Јареха, |
27. | Одора, Евила и Декла, |
28. | па Евала, Авимаила и Сева, |
29. | потоа Уфира, Евила и Јовава, и сите тие беа синови Јектанови. |
30. | Живеалиштата им беа од Маса до Сефар, гора источна. |
31. | Тоа се Симовите синови според семејствата нивни, според јазиците нивни, во нивните земји и во нивните народи. |
32. | Тоа се семејствата на синовите Ноеви според нивните родови, и според јазиците нивни. Од нив се разделија острови на народи во земјата по потопот. |
← Genesis (10/50) → |