Genesis (1/50) → |
1. | Во почетокот Бог ги создаде небото и земјата. |
2. | Земјата беше безоблична и празна; и имаше темнина над бездната; Духот Божји лебдеше над водата. |
3. | И рече Бог: "Нека биде светлина!" И би светлина. |
4. | И виде Бог дека светлината е добра; и ја оддели Бог светлината од темнината. |
5. | И светлината Бог ја нарече ден, а темнината ја нарече нок. И би вечер, и би утро - ден први. |
6. | Потоа рече Бог: "Нека има свод среде водата и тој да разделува вода од вода!" |
7. | И создаде Бог свод; и ја одвои водата од под сводот од водата над сводот. Така и стана. |
8. | И сводот Бог го нарече небо. И би вечер и би утро - ден втори. |
9. | И рече Бог: "Нека се собере водата, што е под небото, на едно место, и нека се појави суво!" И стана така. |
10. | И сувото Бог го нарече замја, а собраните води ги нарече - мориња; и виде Бог дека е добро. |
11. | И пак рече Бог: "Нека израсте од земјата зеленило - трева, што дава семе, според својот род и вид, и дрво плодородно на земјата, што дава плод и има во себе семе, според својот род и вид!" И стана така. |
12. | И пушти земјата од себе зеленило: трева што дава семе според својот род и вид, а и дрво плодородно што ра а плод, и чие семе е според нивниот род на земјата. И виде Бог дека е добро. |
13. | И би вечер, и би утро - ден трети. |
14. | Потоа рече Бог: "Нека се појават светила на сводот небески, што ке ја осветлуваат замјата за да го делат денот од нокта, и да бидат знаци и за времињата, и за деновите и за годините; |
15. | и нека светат на сводот небески, за да ја осветлуваат замјата!" И би така. |
16. | И создаде Бог две големи светила: светило поголемо да управува со денот, а светило помало да управува со нокта, и sвезди; |
17. | и ги постави Бог на сводот небески да ја осветлуваат земјата, |
18. | и да управуваат со денот и нокта, и да ја одделуваат светлината од темнината. И виде Бог дека е добро. |
19. | И би вечер, и би утро - ден четврти. |
20. | Потоа рече Бог: "Нека произведе водата лазачи, живи суштества, и птици да полетаат над земјата, под сводот небески!" И би така. |
21. | И создаде Бог големи риби и секаков вид животни влекачи, а кои ги произведе водата, според нивниот род, како и секаков вид крилати птици, според родот нивни. И виде Бог дека е добро. |
22. | И ги благослови Бог, велејки: плодете се и множете се, и наполнете ја водата во морињата, и птиците нека да се множат на земјата. |
23. | И би вечер, и би утро - ден петти. |
24. | Пак рече Бог: "Нека произведе земјата од себе разни суштества според родот нивни: добиток, и лазачи, и sверки земни според нивниот род!" И би така. |
25. | И создаде Бог sверови земни, сопред родот нивни, и добиток според родот негов, и секакви гадинки на земјата, според родот нивни. И виде Бог дека е добро. |
26. | Потоа рече Бог: "Да создадеме човек според Нашиот образ и подобие како што сме Ние, кој ке биде господар над рибите морски, и над птиците небески, и над sверовите - над целата земја и над сите гадинки што се движат по земјата!" |
27. | И го создаде Бог човекот според образот Свој, според образот Божји го создаде; машко и женско ги создаде. |
28. | И ги благослови Бог, и им рече: "Плодете се, и множете се, и наполнете ја земјата, и господарете над неа, и овладајте ги рибите морски, и sверовите, и птиците, и сиот добиток, и со целата земја, и со сите животни што лазат по земјата." |
29. | И рече Бог: "Еве, ви дадов секаков вид растение, што дава семе, и какво има по целата земја, и секакви дрвја, што во себе имаат семе според својот род и вид: тоа да ви биде за храна! |
30. | А на сите sверови земни, и на сите птици небески, и на се што се движи по земјата, и во кое има жива душа, им ги дадов сите тревни растенија, за да имаат да јадат." Така и стана. |
31. | И виде Бог дека е многу добро се она што го беше создал. И би вечер, и би утро - ден шести. |
Genesis (1/50) → |