← Galatians (6/6) |
1. | Браќа, и да падне некој во некаков престап, вие, кои сте духовни, поправајте го таквиот со дух на кроткост, чувајќи се себеси и вие да не бидете искушани. |
2. | Носете ги бремињата еден на друг, и со тоа ќе го исполните Христовиот закон! |
3. | Зашто, ако некој мисли дека е нешто, а е ништо, самиот се мами. |
4. | А секој да го испита своето дело, и тогаш ќе има пофалба само пред себеси, а не пред друг. |
5. | Зашто секој треба да го носи својот товар. |
6. | А оној кој се учи на словото, нека ги дели сите свои добра со оној кој го поучува. |
7. | Не лажете се: Бог не дозволува да биде исмеван! Бидејќи човекот што ќе посее, тоа и ќе жнее: |
8. | кој сее во своето тело, од телото ќе пожнее погибел; а кој сее во Духот, од Духот ќе пожнее вечен живот. |
9. | Да не ви стане мачно правејќи добро, зашто ако не се умориме ќе жнееме во право време. |
10. | Затоа, додека имаме време, да им правиме добро на сите, а најмногу на оние кои припаѓаат на нашето семејство по вера. |
11. | Bидете, со колку големи букви ви пишувам своерачно! |
12. | Сите оние кои сакаат да се покажат добри според телото, тие ве принудуваат да се обрежувате, само за да не бидат гонети заради Христовиот крст. |
13. | Зашто ни самите тие, кои се обрежуваат не го пазат Законот, а сакаат вие да се обрежувате, за да се фалат со вашето тело. |
14. | Никако да не се фалам со нешто друго, освен во крстот на нашиот Господ Исус Христос, преку Кого светот е распнат за мене и јас за светот! |
15. | Зашто ниту обрезанието е нешто, ниту необрезанието, туку новото создание. |
16. | А на сите кои ќе го следат ова правило - мир и милост, ним и на Божјиот Израел. |
17. | Bо иднина никој да не ми додева повеќе, зашто на своето тело ги носам Исусовите белези. |
18. | Браќа, благодатта на нашиот Господ Исус Христос да биде со вашиот дух. Амин! |
← Galatians (6/6) |