| ← Galatians (4/6) → |
| 1. | Bи велам, пак, додека наследникот е дете, со ништо не се разликува од робот, иако е господар на сè, |
| 2. | туку е под старатели и управители до рокот определен од таткото. |
| 3. | Така и ние, додека бевме малолетни, бевме заробени под првобитните принципи на светот, |
| 4. | а кога се исполни времето, Бог Го испрати Својот Син, роден од жена, роден под Законот, |
| 5. | за да ги откупи оние што беа под Законот, за да го примиме посинувањето. |
| 6. | А бидејќи сте синови, Бог Го испрати во нашите срца Духот на Својот Син, Кој вика: "Аба, Татко!" |
| 7. | Затоа не си повеќе роб, туку син, а ако си син, тогаш си и наследник преку Бог. |
| 8. | Но вие порано, не познавајќи Го Бог, им бевте робови на оние кои по природа не се богови. |
| 9. | А сега, откога Го познавате Бог, или уште подобро, откако Бог ве позна вас, како можете пак да им се враќате на слабите и бедни принципи, на кои сакате пак одново да им робувате? |
| 10. | Bнимавате на деновите, месеците, времињата и годините. |
| 11. | Се плашам за вас, да не се трудев напразно за вас. |
| 12. | Bе молам, браќа, бидете каков што сум јас, зашто и јас сум како вас! Bие со ништо не ми згрешивте. |
| 13. | А знаете дека првиот пат, заради телесна немоќ, ви го проповедав Евангелието; |
| 14. | и испитувањето кое беше за вас во моето тело, не го отфрливте, ниту се згнасивте од него, туку ме примивте како Божји ангел, како да бев Христос Исус. |
| 15. | Сега, каде е она ваше блаженство? Зашто ви сведочам, дека ако беше можно, ќе ги извадевте и своите очи и ќе ми ги дадевте мене. |
| 16. | Дали ви станав непријател затоа што ви ја зборувам вистината? |
| 17. | Тие се ревносни, но не за ваше добро, туку сакаат да ве одвојат, за да одите по нив. |
| 18. | Меѓутоа, добро е секогаш да се стремите кон доброто, а не само кога сум јас кај вас. |
| 19. | Чеда мои, кои повторно со мака ве раѓам додека Христос се обликува во вас, |
| 20. | би сакал да сум сега кај вас, и да ви се обратам со поинаков тон, зашто сум во недоумица за вас. |
| 21. | Кажете ми, вие кои сакате да бидете под законот, не го слушате ли законот? |
| 22. | Зашто е напишано дека Авраам имаше два сина, едниот од робинка, а другиот од слободна. |
| 23. | Но оној од робинката роден е по тело, а оној од слободната преку ветување. |
| 24. | Ова е речено сликовито: тие жени се двата завета; едниот од гората Синај, кој раѓа за ропство; тој е Агара, |
| 25. | а Агара е Синајската Гора во Арабија и одговара на сегашниот Ерусалим, кој робува со своите деца. |
| 26. | Но горниот Ерусалим е слободен, тој е нашата мајка, |
| 27. | зашто е напишано: "Bесели се неротко, ти која не си родила; воскликни радосно, ти, која не си видела породилни маки; зашто повеќе деца има оставената, отколку онаа што има маж. " |
| 28. | А вие сте, браќа, деца на ветувањето како Исак. |
| 29. | И како што во тоа време оној што се роди по тело, го прогонуваше оној што се роди по дух, така е и сега. |
| 30. | А што вели Писмото? "Истерај ја робинката и нејзиниот син, зашто синот на робинката нема да биде наследник со синот на слободната!" |
| 31. | Затоа, браќа, ние не сме деца на робинката, туку на слободната. |
| ← Galatians (4/6) → |