← Galatians (3/6) → |
1. | О неразумни Галати! Кој ве маѓепса вас, пред чии очи Исус Христос беше прикажан како распнат? |
2. | Сакам само ова да го дознам од вас: дали Го примивте Духот врз основа на делата на Законот или преку слушањето со вера? |
3. | Толку ли сте неразумни? Почнавте со Духот, и зарем сега совршени станавте преку телото? |
4. | Дали толку многу страдавте залудно, ако навистина беше залудно! |
5. | А Оној Кој ви го дава Духот и прави моќни дела меѓу вас, дали го прави тоа врз основа на делата на Законот или преку слушањето со вера? |
6. | Како што и Авраам "му поверува на Бог и тоа му се припиша за праведност." |
7. | Затоа, бидете сигурни, дека Авраамови синови се оние кои се од верата. |
8. | А и Писмото предвиде дека Бог преку вера ќе ги оправда другите народи, и однапред му го навести Евангелието на Авраам, велејќи: "Bо тебе ќе бидат благословени сите народи." |
9. | И така, оние кои се од верата, благословени се со Авраам кој веруваше. |
10. | Bсушност, оние што ги прават делата на Законот, проколнати се, бидејќи е пишано: "Проклет да е секој, кој не е постојан во сè што е напишано во книгата на Законот и не го исполнува тоа." |
11. | А дека никој не е оправдан пред Бога преку Законот, јасно е, зашто "Праведникот ќе живее преку вера." |
12. | А Законот не дејствува преку верата, туку вели: "Кој ги исполнува, ќе живее преку нив." |
13. | Христос нè откупи од проклетството на Законот, откако стана проклетство за нас, зашто е пишано: "Проклет да е секој што виси на дрво!", |
14. | та во Христос Исус Авраамовиот благослов да дојде на народите и преку вера да Го примиме ветувањето на Духот. |
15. | Браќа, зборувам како човек, заветот што човек го потврдил, никој не го отфрла, ниту му додава нешто. |
16. | А ветувањата им беа дадени на Авраам и на неговото потомство. И не вели: "И на потомците", како за мнозина, туку како за еден: "И на твоето потомство", Кое е Христос. |
17. | Го велам и ова: Законот што настапи по четиристотини и триесет години, не го поништува заветот, што Бог го потврдил порано, ниту го поништува ветувањето. |
18. | Зашто, ако наследството доаѓа од законот, тоа веќе не е од ветувањето; но Бог му го подари на Авраам преку ветување. |
19. | Тогаш, зошто е Законот? Тој беше даден заради престапите, откако беше воведен со ангели со помош на посредник, додека не дојде потомокот, кому Му беше дадено ветувањето. |
20. | Посредник, пак, нема таму каде што е само еден, а Бог е Еден. |
21. | Според тоа, дали е Законот противен на Божјите ветувања? Никако! Зашто, ако беше даден закон, што може да даде живот, тогаш навистина праведноста би била од законот. |
22. | Но Писмото сите ги става под грев, та врз основа на верата во Исус Христос ветувањето да им биде дадено на оние што веруваат. |
23. | А пред да дојде верата, бевме држани под старателство на законот, чувани за верата која требаше да се открие. |
24. | Така, Законот ни стана наш воспитувач до Христос, за да бидеме оправдани преку верата. |
25. | А сега дојде верата, и не сме повеќе под воспитувач. |
26. | Зашто, сите сте Божји синови преку вера во Христос Исус, |
27. | бидејќи сите кои се крстивте во Христос, се облековте со Христос. |
28. | Нема веќе ни Евреин ни Грк, нема веќе ни роб ни слободен, нема веќе ни машко ни женско, зашто вие сите сте едно во Христос Исус. |
29. | А ако сте пак вие Христови, тогаш сте Авраамово потомство, наследници според ветувањето. |
← Galatians (3/6) → |