← Ezra (8/10) → |
1. | Еве ги старешините на домовите и родословите на оние, кои со мене излегоа од Вавилон, во царувањето на царот Артаксеркс: |
2. | од Финесовите синови - Гирсон; од Итамаровите синови - Даниил; од Давидовите синови - Атус; |
3. | од Саханиевите синови, од Форосовите синови - Захарија и со него по список сто и педесет мажи; |
4. | од Фат-Моавовите синови - Елијан, син Зераев, и со него двесте души од машки пол; |
5. | од синовите на Затојас - Сехенија, син Азиилев, и со него триста мажи; |
6. | од Адиновите синови - Овин, син Јонатанов, и со него педесет души од машки пол; |
7. | од Еламовите синови - Исаија, син Аталиин, и со него седумдесет мажи; |
8. | од Сафатиевите синови - Завдија, син Михаилов, и со него осумдесет души од машки пол; |
9. | од Јоавовите синови - Авдија, син Јеилев, и со него двесте и осумдесет мажи; |
10. | од синовите на Ваанија - Селимут, син Јосефиев, и со него сто и шеесет души од машки пол; |
11. | од Вавиевите синови - Захарија, син Вавиев, и со него дваесет и осум мажи; |
12. | од Азгадовите синови - Јоанан, син Икатанов, и со него сто и десет од машки пол; |
13. | од синовите Адоникамови излегоа последни од нив; еве ги имињата нивни: Едифалат, Јеил, и Самаја, и со нив шеесет мажи; |
14. | од Вагуевите синови - Утај и Завуд, и со нив седумдесет души од машки пол. |
15. | Ги собрав кај реката, која што се влива во Ава, и таму престојувавме три дена, и, кога го прегледав народот и свештениците, на најдов таму од Левиевите синови. |
16. | Тогаш испратив да го повикаат Елеазера, Ариила, Семеја, Елнатана, Јарива, Натана, Захарија и Месолама - старешини, и Јорама и Елнатана - учените; |
17. | и им дадов порака за Идо, началникот во месноста Касфија, и ги поучив како да му зборуваат на Идоа и на браката негови, Нетинејците во месноста Касфија, за да ни доведат певци за домот на нашиот Бог. |
18. | И тие ни доведоа - бидејки благодатната рака на нашиот Бог беше над нас - еден умен човек од синовите на Махлија, син Левиев, син Израилев, односно Серевија со синовите негови и браката негови - осумнаесет души; |
19. | и Асевија и со него Исаија од синовие Мерариеви, неговите брака и нивните синови - дваесет; |
20. | и од Нетинејците, што ги беше дал Давид и кнезовите негови за послуга на левитите, двесте и дваесет Нетинејци; сите тие беа запишани поименично. |
21. | Тогаш објавив таму пост при реката Ава, за да се смириме пред лицето на нашиот Бог и да измолиме од него успешен пат за себеси, за децата свои и за целиот имот, |
22. | бидејки ми беше срам да барам од царот војска и коњаници да не чуваат од непријател по патот, зашто ние, кога зборувавме со царот, рековме: ‘раката на нашиот Бог е благодатна за сите, а над сите, што Го оставаат стои силата Негова и гневот Негов! |
23. | И така, ние постевме и го молевме нашиот Бог за тоа, и Он не услиши. |
24. | Тогаш одвоив дванаесет души од началниците над свештениците: Сараија и Асавија, и со нив десетина од браката нивни; |
25. | и им го предадов со мера среброто и златото и садовите, - се што беше жртвувано за домот на нашиот Бог, она што го жртвуваа царот, советниците негови, кнезовите негови и Израилци, што беа таму. |
26. | И им предадов во рацете нивни со мерка: сребро - шестотини и педесет таланти, и сребрени садови - за сто таланти, злато - сто таланти, |
27. | златни чаши - дваесет, за иљада драхми, и два сада од најдобар, блескав бакар, ценет како злато. |
28. | И им реков: "Вие сте светиња на Господа, и садовите се светиња, и среброто и златото - доброволен прилог на Господа, Бог на татковците ваши. |
29. | Бидете будни и запазете го тоа, додека го предадете со мерка на началниците над свештениците, левитите и старешините Израилеви во Ерусалим, во ризницата при домот Господов." |
30. | Свештениците и левитите го примија измереното сребро, злато и садови, за да ги однесат во Ерусалим, во домот на нашиот Бог. |
31. | Тогаш тргнавме од реката Ава на дванаесеттиот ден од првиот месец, за да одиме во Ерусалим; и раката на нашиот Бог беше над нас и не чуваше од напријателска рака и од оние, што не зачекуваа по патот. |
32. | И стигнавме во Ерусалим, каде што престојувавме три дни. |
33. | На четвртиот ден го предадовме со мера среброто, златото и садовите во домот на нашиот Бог во рацете на свештеникот Маримота, син Уриев, и со него на Елеазара, син Финесов, и со нив на Јозавада, син Исусов, и на Ноадија, син Ванаев - левити, |
34. | се под број и со мера. И сето измерено беше истовремено запишано. |
35. | Дојдените преселеници од пленство Му принесоа сепаленици на Бога Израилев дванаесет телиња за сиот Израил, деведесет и шест овни, седумдесет и седум јагниња и дванаесет козли како жртва за грев: сето тоа за сепаленици на Господа. |
36. | И ги предадоа царските заповеди на царските сатрапи и на задречните кнезови, и тие го почитуваа народот и домот Божји. |
← Ezra (8/10) → |