← Ezra (6/10) → |
1. | Тогаш царот Дариј издаде заповед, и бараа во Вавилон и во книжницата, каде што ги ставаа вредностите. |
2. | И најдоа во Екбатан, во дворецот, кој е во областа Мидија, еден свиок, и во него беше напишано вака: ‘Да се помни: |
3. | во привите годин на царот Кир, царот Кир издаде заповед за домот Господов во Ерусалим: да се гради дом на она место, каде што принесуваат жртви, и нека му се постават здрави темели; висината негова - шеесет лакти, ширината негова - шеесет лакти; |
4. | три реда големи камења, еден ред дрвја; а трошоците нека се плакаат од царскиот дом. |
5. | Уште и садовите на Божјиот дом, златни и сребрени, што Навуходоносор ги изнесол од ерусалимскиот храм и ги однел во Вавилон, нека се вратат и однесат во ерусалимскиот храм и да бидат наместени во Божјиот дом, секој на свое место. |
6. | Затоа, Татанај, задречен и Сатар-Вунај, со другарите свои Афарсакејци од зад реката, - отстранете се оттаму! |
7. | Не запирајте ја работата на Божјиот дом; јудејскиот кнез и јудејските старешини нека го градат оној Божји дом на местото негово. |
8. | И од мене се дава заповед, со што треба да им помагате на тие старешини јудејски во градбата на овој дом Божји, односно: од царскиот имот - од данокот на задречната земја давајки им на тие лу е, за да не се запира работата; |
9. | и колку што треба - телиња ли, овни или јагниња за сепаленици на Бога небесен, исто така и пченица, сол, вино и масло, според она како што ке кажат свештениците ерусалимски, нека им се дава секој ден без прекин, |
10. | та да принесуваат благопријатни жртви на Бога небесен, и да се молат за животот на царот и синовите негови. |
11. | Заповедам уште - кој ке ја измени оваа наредба, да извадат греда од куката негова, да го издигнат и приковат на неа, а куката негова поради тоа да се претвори во урнатини. |
12. | И Бог, Чие име престојува таму, да го собори секој цар и народ, што ке протегне рака да го измени ова за штета на тој дом Божји во Ерусалим. Јас, Дариј, ја дадов оваа заповед; да биде точно исполнувана!" |
13. | Тогаш Татанај, задречниот кнез, Сатар-Вузанај и другарите нивни, постапуваа точно онака, како што заповеда царот Дариј. |
14. | И јудејските старешини градеа и успеваа според пророштвото на пророкот Агеј и Захарија, синот на Ада. Изградија и завршија според вољата на Бога Израилев и според војлата на Кира, Дарија и Артаксеркса, цареви персиски. |
15. | Завршен беше овој дом на третиот ден од месец Адар, во шестата година од царувањето на царот Дарија. |
16. | И синовите Израилеви, свештениците, левитите и други, што се беа вратиле од пленство, со радост го извршија осветувањето на тој Божји дом. |
17. | И принесоа при осветувањето на тој Божји дом: сто вола, двесте и дванаесет кози како жртва за грев и за целиот Израил, според бројот на колената Израилеви. |
18. | И поставија свештеници според чиновите нивни и левити според родовите нивни за Божја служба во Ерусалим, како што беше заповедано во книгата Мојсеева. |
19. | Потоа вратените од пленство прославија Пасха во четиринаесеттиот ден на првиот месец, |
20. | зашто свештениците и левитите се беа очистиле, - тие сите до еден беа чисти; и заклаа пасхални јагниња за сите вратени од пленство, за своите брака свештеници и за себеси. |
21. | И јадеа синовите Израилеви, што се беа вратиле од преселувањето, и сите, што се беа откажале од нечистотијата на земните народи, за да прибегнат кон Господа, Бога Израилев. |
22. | А го празнуваа со радост и празникот бесквасници седум дена, зашто Господ ги зарадува и го сврти кон нив срцето на асирскиот цар, за да ги поткрепи рацете нивни при градењето на домот на Господа, Бог Израилев. |
← Ezra (6/10) → |