| ← Ezra (5/10) → |
| 1. | Но пророкот Агеј и пророкот Захарија, син Адов, им пророкуваа на Јудејците во Јудеја и во Ерусалим во името на Бога Израилев. |
| 2. | Тогаш стана Зоровавел, синот Салатилов, и Исус, синот Јосадеков, и почнаа да градат Божји дом во Ерусалим, и со нив Божјите пророци, кои што ги подржуваа. |
| 3. | Во тоа време дојдоа при нив Татнај, кнезот од оваа страна на реката, и Сатар-Вузанај, со другарите свои, и им рекоа вака: "Кој ви дозволи да го градите овој дом и да ги поправате овие sидишта?" |
| 4. | Тогаш ние им ги кажавме имињата на лу ето, што ја градеа таа зграда. |
| 5. | Но окото на нивниот Бог беше врз старешините Јудејски, и тие не им се заканија, додека работата не отиде до Дарија, и додека не дојде решение за таа работа. |
| 6. | Еве ја содржината на писмото, што го испрати Татнај, задречен кнез, и Сатар-Вузанај со другарите свои - Афарсахејци, од онаа страна на реката, до царот Дарија. |
| 7. | Во соопштението, што го испратија до него, еве што беше напишано: "до царот Дариј - секаков мир! |
| 8. | Да знаеш, цару, дека ние бевме во Ерусалимската област при домот на великот Бог; го градат со големи камења, а во sидиштата ставаат дрвја; таа работа врви брзо и успева во рацете нивни. |
| 9. | Тогаш ги прашавме нивните старешини и им рековме вака: ‘Кој ви дозволи да го градите овој дом и да ги поправете овие sидови?‘ |
| 10. | Освен тоа, ги прашавме и за имињата нивни, за да ти јавиме и да ти го напишеме името на главниот ме у нив. |
| 11. | Тие ни одговорија со ове зборови: ‘Ние сме слуги на Бога на небото и земјата и градиме дом, што беше изграден многу години пред тоа, - а великиот цар Израилев го градеше и го доврши. |
| 12. | А кога татковците наши го разгневија Бога небесен, Он ги предаде во раката на Навуходоносора, царот вавилонски, Халдеец; тој го разруши овој дом и го пресели народот во Вавилон. |
| 13. | Но во првата година на Кира, царот вавилонски, цар Кир дозволи да се изгради овој дом Божји; |
| 14. | уште и садовите на Божјиот дом, златни и сребрени, што Навуходоносор ги беше земал од ерусалимскиот храм, па ги беше однел во вавилонскиот храм, - цар Кир ги изнесе од вавилонскиот храм и ги даде со број на Саванасар, управникот на ризницата, |
| 15. | и му рече: - земи ги тие садови, и однеси ги во ерусалимскиот храм, и Божјиот дом нека се гради на своето место. |
| 16. | Тогаш оној Саванасар дојде и ги постави темелите на Божјиот дом во Ерусалим; оттогаш па досега се гради и уште не е завршен. |
| 17. | И така, ако му е угодно на царот, нека побара во домот на царските сокровишта, таму во Вавилон, дали навистина цар Кир дозволил да се гради овој дом Божји во Ерусалим, и нека ја испратат царската воља за тоа." |
| ← Ezra (5/10) → |