← Ezra (4/10) → |
1. | Непријателите Јудини и Венијаминови слушнаа дека вратените од пленството градат храм на Господа, Бога Израилев; |
2. | и дојдоа при Зоровавела и при кнезовите на родовите и им рекоа: "Kе градиме и ние со вас, зашто и ние како вас прибегнуваме кон вашиот Бог, и Нему Му принесуваме жртви од дните на Асардана, асирскиот цар, кој не пресели овде." |
3. | Им одговорија Зороававел, Исус и другите кнезови на родовите израилски: "Не бива да градите заедно со нас дом на нашиот Бог; ние сами ке градиме дом на Господа, Бога Израилев, како што ни заповеда Кир, царот персиски." |
4. | Тогаш народот на онаа земја, зеде да им ги ослабува рацете на јудејскиот народ и да му пречи во градењето; |
5. | и поткупуваа советници против нив, за да ја расипуваат намерата нивна за сите дни на Кира, царот персиски, до царувањето на Дарија, цар персиски. |
6. | А во царувањето на Артаксеркса - во почетокот на царувањето негово - напишаа обвиненеи против жителите на Јудеја и на Ерусалим.. |
7. | Исто така во дните на Артаксеркса пишуваа и Бислам и Митридат, и Гавел и други нивни другари до Артакеркса, царот персиски. Писмото беше напишано со сириско писмо и на сириски јазик. |
8. | Реум, старешина и Сампса, писар, напишаа вакво писмо против Ерусалим до царот Артаксеркс: |
9. | Тогаш и тогаш, Реум и другите нивни другари, - Динејците, Афарсалутејците, Тарфалејците, Арфацејците, Архиејците, Вавилонците, Сусанахејците, Савејците, Еламитите |
10. | и други народи, што ги пресели големиот и славниот Асенафар и ги насели во градовите самариски и во другите градови самариски и во другите градови од онаа страна на реката, и други народи. |
11. | Еве препис од писмото, што му го испратија нему - до царот Артаксеркс, тфвоите слуги, лу ето, што живеат од онаа страна на реката итн. |
12. | Да знаеш, царе, дека Јудејците, што излегоа од тебе и дојдоа при нас во Ерусалим, тој бунтовен и лош град, прават sидови, чии темели веке ги поправија. |
13. | Но да знаеш, царе, дека ако тој град биде изграден и sидиштата негови обновени, тие нема да плакаат ни данок, ни плодови, ни царина, и царската ризница ке има загуба. |
14. | А бидејки јадеме сол од царскиот дворец, и не можеме да ја гледаме таа загуба за царот, затоа испракаме известување до царот. |
15. | Нека се побара во книгата на спомените на татковците твои, и ке се најде во таа книга на спомени и ке се дознае дека овој град е град одметник и пакосен за царевите и областите и дека во него настанувале бунтови во старо време, поради што овој град бил и опстошен. |
16. | Затоа му соопштуваме на царот, дека, ако овој град биде изграден и sидиштата негови поправени, потоа нема да имаш владеење од онаа страна на реката." |
17. | Царот му испрати одговор на Реума, старешината, Валтам и на Сампфа, писарот, и на другите нивни другари, што живеат во Самарија и во другите градови од онаа страна на реката: Мир ... итн. |
18. | "Писмото, што ми го испративте, ми беше јасно прочитано; |
19. | и јас заповедав, - и бараа и најдоа, дека овој град уште од старо време се бунтувал против царевите, и во него настанувале одметнувања и буни, |
20. | и дека во Ерусалим имало силни цареви, кои владееле во целата задречна област и кои земале данок, летнина и царина. |
21. | И така, дајте заповед, тие лу е да престанат да работат, и тој град да не се гради, додека не заповедам јас. |
22. | Бидете внимателни, за да не испуштите нешто од пред очите свои. Зошто да се дозволува да расте злото на штета на царевите?" |
23. | Штом писмото на царот Артаксеркс беше прочитано пред Реума и Сампфа, писарот, и другарите нивни, тие без одлагање отидоа во Ерусалим при Јудејците и со силно вооружена рака им ги забранија работите. |
24. | Така беа прекратени работите околу градењето на Божјиот Дом во ерусалим. Беа прекратени се‘ до втората година на црувањето на Дариј, персискиот цар. |
← Ezra (4/10) → |