← Ezra (3/10) → |
1. | Кога настапи седмиот месец, и синовите Израилеви веке беа по градовите, народот се собра како еден човек во Ерусалим. |
2. | Тогаш стана Исус, синот Јосадеков, и браката негови, свештеници, и Зоровавел, синот Салатилов, и браката негови, и му изградија на Бога Израилев жртвеник, за да принесуваа на него сепаленици, како што е пишано во законот на Мојсеја, човекот Божји. |
3. | Го поставија жртвеникот врз основите негови, бидејки се плашеа од другоземните народи; и почнаа да принесуваат на него сепаленици на Господа, сепаленици утрени и вечерни. |
4. | И го празнуваа празникот Сеници, како што беше заповедано, со секојдневните сепаленици во определен број според уставот за секој ден. |
5. | Потоа редовно принесуваа сепаленици и во новомесечијата, и во сите празници, посветени на Господа, како и доброволни приноси на Господа од секого, кој што сакаше. |
6. | А од првиот ден на седмиот месец почнаа да му принесуват сепаленици на Господа. Но на Господовиот храм уште не му беа поставени темелите. |
7. | И почнаа да даваат пари на каменоделци и дрводелци, и јадење и пиење и масло на Сидонци и Тирци, за да донесат кедрово дрво од Ливан по море во Јафа, со дозвола од Кира, царот персиски. |
8. | На втората година по доа ањето во домот Господов во Ерусалим, на вториот месец, Зоровавел, синот Јоседеков, и другите нивни брака, свештениците и левитите, и сите, што беа дошле од пленство во Ерусалим, ставија почеток и поставија левити од дваесет години и нагоре, што ке ги надгледуваа роботите при домот Господов. |
9. | И се зафатија Исус, синовите негови и браката негови, Кадмил и синовите негови, - синови Јудини - како еден човек за да ги надгледуваат рабониците при домот Господов, а исто така и синовите Инададови, синовите нивни и браката нивни - левитите. |
10. | Кога sидарите ги положија основите на храмот Господов, поставија свештеници, со одеждите нивни и со труби, и левити - синови Асафови - со кимвали, за да го слават Господа по уставот на Давида, царот Израилев. |
11. | И почнаа да пејат по ред "хвалете" и "славете Го Господа", "зашто е благ, зашто милоста Негова кон Израила е до века." И сиот народ воскликнуваше громогласно, славејки Го Господа поради тоа што беа поставени темелите на Господовиот дом. |
12. | Ме утоа, мнозина свештеници и левити и старешините на родовите, старци, кои го беа виделе поранешниот храм, кога се градеше новиот храм пред очите нивни, плачеа гласно, но мнозина и подвикуваа силно од радост |
13. | И народот не можеше да ги разликува радосните извици од плачот на народот, зашто народот викаше силно и гласот негов се слушаше на далеку. |
← Ezra (3/10) → |