← Ezra (2/10) → |
1. | Еве ги синовите на земјата од преселените пленици, кои вавилонскиот цар Навуходоносор ги беше одвел во Вавилон, а кои се вратија во Ерусалим и Јудеја, секој во својот град, |
2. | и кои дојдоа со Зоровавела, Исуса, Неемија, Сараија, Реелија, Мерохеја, Виласана, Мисфара, Вагуја, Ретума. Еве го бројот на лу ето од народот Израилев: |
3. | синови Фаресови - две иљади и сто и седумдесет и двајца; |
4. | синови Сафатиеви - триста и седумдесет и двајца; |
5. | синови Аресови - седумстотини и седумдесет и пет; |
6. | синови Фат-Моавови - од синовите Изусови и Јоавови - две иљади и осумстотини и дванаесет; |
7. | синови Еламови - иљада и двесте и педесет и четири; |
8. | синови Затуеви - деветстотини и четириесет и пет; |
9. | синови Закхаеви - седумстотини и шеесет; |
10. | синови Вануеви шестотини и четириесет и двајца; |
11. | синови Ваваеви - шестотини и дваесет и тројца; |
12. | синови Авгадови - иљада и двесте и дваесет и двајца; |
13. | синови Адоникамови - шестотини и шеесет и шест; |
14. | синови Вагуеви - две иљади педесет и шест; |
15. | синови Адинови - четиристотини и педесет и четири; |
16. | синови Атирови - од домот Езекиев, - деведесет и осум; |
17. | синови Васуеви - триста и дваесет и тројца; |
18. | синови Јоравови - сто и дванаесет; |
19. | синови Асумнови - двесте и дваесет и тројца; |
20. | синови Гаверови - деведесет и пет; |
21. | родени во Витлеем - сто и дваесет и тројца; |
22. | синови Нетофаеви - педесет и шест; |
23. | жители од Анатот - сто дваесет и осум; |
24. | родени во Азмот - четириесет и двајца; |
25. | родени во Кирјат-Јарим, Хафир и Вирот - седумстотини и четириесет и тројца; |
26. | родени во Рама и Гаваја - шестотини и дваесет и еден; |
27. | жители од Махмас - сто и дваесет и двајца; |
28. | жители од Ветил и Гај - двесте и дваесет и тројца; |
29. | родени во Нави - педесет и двајца; |
30. | родени во Магевис - сто и педесет и шест; |
31. | синови Иламарови - иљада и двесте и педесет и четири; |
32. | синови Ирамови - триста и дваесет; |
33. | родени во Лода, Адид и Оно - седумстотини и дваесет и пет; |
34. | родени во Јерихон - триста четириесет и пет; |
35. | родени во Сенаеви - три иљади и шестотини и триесет. |
36. | Свештеници: синови Једуеви од домот Исусов - деветстотини и седумдесет и тројца; |
37. | синови Емирови - иљада и педесет и двајца; |
38. | синови Фасурови - иљада и двесте и четириесет и седум; |
39. | синови Иремови - иљада и седумнаесет; |
40. | Левити: синови на Исуса и Кадмиила, од синовите Одуеви - седумдесет и четири; |
41. | певци: од синовите Асафови - сто и дваесет и осум; |
42. | синови на вратари: синови Селумови, синови Атирови, синови Темиунови, синови Акувови, синови Атитови, синови Соваеви - вкупно сто и триесет и девет. |
43. | Натиневи: синови Суваеви, синови Суфатови, синови Таваотови, |
44. | синови Кирасови, синови Сирсавови, синови Фадонови, |
45. | синови Јаванови, синови Агавови, синови Акувови, |
46. | синови Агавови, синови Селмиеви, синови Ананови, |
47. | синови Геделиеви, синови Гарови, синови Раеви, |
48. | синови Расонови, синови Некодови, синови Раземови, |
49. | синови на Уза, синови Фасиеви, синови Расинови, |
50. | синови Асенаеви, синови Мунинови, синови Нефусимови, |
51. | синови Вакукови, синови Ануфаеви, синови Анурови, |
52. | синови Васалотови, синови Миданови, синови Арсанови, |
53. | синови Варкосови, синови Сисарови, синови Темамови, |
54. | синови Надиеви, синови Атифови, |
55. | синови на Соломоновите слуги: синови Сотаеви, синови Сефирови, синови Фадурови, |
56. | синвои Јалаеви, синови Дерконови, синови Гиделови, |
57. | синови Сафатиеви, синови Атилеви, синови Фахератови, синови Асевоимови, синови Имееви, |
58. | вкупно Нетинејци и синови на Соломоновите слуги - триста и деведесет и двајца. |
59. | А еве ги излезените од Телмелех, Тел-Арис, Херув, Идан, Емир, кои не можеа да го покажат ни поколението свое, ни родот свој - дали се од Израилот; |
60. | синови Делаиеви, синови Товиеви, синови Некодаеви - шестотини педесет и двајца. |
61. | А од синовите свештенички: синови Оваиеви, синовите Акусови, синовите Верзелаеви, кој се ожени со една од керките на Галадецот Верзелаја и почна да се именува со нивно име. |
62. | Тие го бараа својот родословен запис, и не го најдоа, затоа беа исклучени од свештенството. |
63. | И Атерсат им рече да не јадат од големата светиња, додека не се издигне свештеник со урим и тумим. |
64. | Целото општество заедно се состоеше од четириесет и две иљади и триста и шеесет души, |
65. | освен слугите нивни, кои беа седум иљади и триста и триесет и седум; и при нив - двестс певци и певици; |
66. | коњи имаа седумстотини и триесет и шест, маски - двесте четириесет и пет, |
67. | камили имаа четиристотини и триесет и пет, осли - шест иљади и седумстотини и дваесет. |
68. | Некои од старешините на домовите, откако ке дојдеа при домот Господов, кој е во Ерусалим, со драго срце даруваа за домот Божји, за да се обнови врз основите негови. |
69. | Колку што им достигаше раката, тие дадоа во сокровишницата за работа шеесет и една иљада драхми злато, и пет иљади мнаси сребро и сто свештенички одежди. |
70. | Така се населија пак и свештениците и левитите, и народот и певците, и вратарите и Нетинејците, и целиот Израил во градовите свои. |
← Ezra (2/10) → |