← Ezra (10/10) |
1. | Додека Ездра така се молеше и исповедаше, плачејки и лежејки пред Божјиот дом, се собра кај него многуброен народ од Израилот, мажи, жени и деца, зашто и народот плачеше многу. |
2. | Тогаш се јави Сехенија, синот Јеилев од синовите Еламови, и му рече на Ездра: "Згрешивме пред нашиот Бог, зошто зедовме жени од народите на таа земја, но уште има надеж за Израилот за таа работа; |
3. | да се заветуваме сега пред нашиот Бог, дека ке ги отпуштиме сите другоплемени жени и родените од нив деца, - и нека биде по законот на нашиот Бог, и според законот нека биде. |
4. | Стани, зашто ова е твоја работа, и ние сме со тебе: биди храбар и работи!" |
5. | Тогаш стана Ездра и им порача на старешините над свештениците, левитите и над сиот Израил да положат клетва, дека ке направат така. И тие се заколнаа. |
6. | Стана Ездра и тргна од Божјиот дом кон зградата на ризницата при Јоханана, Јелисувавиот син, и стигна таму. Леб не јадеше и вода не пиеше, зашто плачеше поради престапите на преселниците. |
7. | И им соопштија по Јудеја и во Ерусалим на сите, што беа во пленство, да се соберат во Ерусалим, |
8. | а на оној што не ке дојде за три дни, ке му се одземе имотот, по решение на кнезовите и старешините, целиот имот негов, а самиот тој ке биде отстранет од општеството на преселниците. |
9. | И во тие три дни се собраа во Ерусалим сите жители на Јудеја и на земјата Венијаминова. Тоа беше во деветтиот месец на дваесеттиот ден од месецот. Седеше сиот народ на плоштадот пред Божјиот дом и трепереше, како поради таа работа, така и од дождот. |
10. | Тогаш свештеникот Ездра стана и им рече: "Вие направивте престап, земајки жени од други племиња и со тоа ја зголемивте вината на Израилот; |
11. | затоа, покајте се пред Господа Бога на вашите татковци, и исполнете ја вољата Негова, одвојте се од народите на таа земја и од жените од други племиња." |
12. | Целото собрание одговори и рече со силен глас: "Како што рече, така и ке направиме. |
13. | Но народот е многуброен, и времето е сега дождливо, та не може да се стои на улица. Па и таа работа не е ни за ден, ниту за два, зашто ние згрешивме многу во таа работа. |
14. | Нека се изберат заменици на кнезовите за целото општество, и сите во нашите градови, што зеле жени од други племиња, да доа аат тука во определено време заедно со старешините и судиите на секој град, додека не се одврати од нас пламнатиот гнев на нашиот Бог поради таа работа." |
15. | Тогаш се зафатија со таа работа Јонатан, син Асаилов, и Јасија, син Текуев, а Месолам и Саватај, левит, беа нивни помошници. |
16. | Така направија дојдените од пленство. За тоа беа одредени: свештеникот Ездра, началниците од секое нивно поколение, и старешините на нивните домови сите по име. Тие се собраа на заседание во првиот ден на десеттиот месец, за да ја испитаат таа работа; |
17. | и го извршија испитувањето за сите, што беа зеле жени од други племиња, кон првиот ден од првиот месец. |
18. | И се најдоа од свештеничките синови, што беа зеле жени од други племиња, - од синовите на Исуса, синот Јоседеков, и браката негови: Маасија, Елиезер, Јарим и Гадалија; |
19. | тие ја дадоа раката своја за уверување, дека ке ги напуштат жените свои, и дека, како виновни, ке принесат жртва по еден овен за вината своја; |
20. | од Имеровите синови: Ананиј и Завдија; |
21. | Од Харимовите синови: Маасија, Елија, Самија, Јеил и Озија; |
22. | од Пасхоровите синови: Елиоинај, Масија, Измаил, Натанаил, Јозавад и Еласа; |
23. | од левитите: Јозавад, Симеј и Келаја, тој е и Келит, Патахија, Јуда и Елиезер; |
24. | од певците: Елисав; од вратарите, Салум, Телем и Уриј; |
25. | а од Израилците, - Фаресовите синови: Рамија, Азија, Мелхија, Мелмин, Елеазар, Асавија и Венеја; |
26. | од синовите Иламови: Матанија, Захарија, Јаил, Авдиј, Јеримот и Елија; |
27. | од синовите Затуеви: Елионај, Елисув, Матанај, Армот, Завад и Озиз; |
28. | од синовите Вавениеви: Јоанан, Ананија, Завуј и Атлај; |
29. | од синовите Вануеви: Месолам, Малух, Адаја, Јасув, Саал и Римот; |
30. | од синовите на Фат-Моава: Еднеја, Хелил, Ванаја, Маасија, Матанија, Веселеил, Вануј и Манасија; |
31. | од синовите Иримови: Елиезер, Јесија, Мелхија, Самаја, Симеон. |
32. | Венијамин, Валух, Самарија; |
33. | од синовите Асимови: Метанија, Матата, Завад, Елифелет, Јеремај, Манасија и Семеј; |
34. | од синовите Ваниеви: Мадија, Амрам и Уил. |
35. | Ванаија, Вадаја, Хелија, |
36. | Ванија, Маримот, Елиасив, |
37. | матаснија, Матанај, Јаасај, |
38. | синови Ванијеви, и синови Семееви, |
39. | Салемија, Натан, Адаија, |
40. | Махнада, Авусесеј, Аруесрил, |
41. | Азариел, Селемиј, Семарија, |
42. | Салим, Амарија и Јосиф; |
43. | Од синовите Невови: Јеил, Мататија, Завад, Зевенај, Јадај, Јоил и Ванеја. |
44. | Сите тие си беа зеле жени од други племиња, а некои од тие жени им беа родиле и деца. |
← Ezra (10/10) |