Ezra (1/10) → |
1. | Во првата година на персискиот цар Кир, за да се исполни словото Господово од устата на Јеремија, го возбуди Господ духот на Кира, персискиот цар, и тој заповеда да прогласат по целото царство, усно и писмено: |
2. | вака вели Кир, царот персиски: "Господ, Бог небесни, ми ги даде сите земни царства и ми заповеда да му изградам дом во Ерусалим што е во Јудеја. |
3. | Кој ме у сите вас е од Неговиот народ, - Бог нека биде со него, и нека оди во Ерусалим, кој е во Јудеја, да гради дом на Господа, Бога Израилев, на оној Бог, Кој е во Ерусалим. |
4. | А сите, што останале во другите места, каде и да живее тој, нека му помогнат жителите од тие места со сребро, со злато, со друг имот, со добиток и доброволни прилози за Божјиот дом, кој е во Ерусалим." |
5. | Тогаш станаа кнезовите на племињата Јудини и Венијаминови, свештениците и левитите, секој, чиј дух го возбуди Господ, да одат да го градат Господовиот дом, кој е во Ерусалим. |
6. | И сите нивни соседи им помагаа со сребрени садови, со злато, со друг имот и со добиток и со скапи предмети, покрај добороволните приноси за храмот. |
7. | А царот Кир ги извади садовите на Господовиот дом, што Навуходоносор ги беше одзел од Ерусалим и ги беше поставил во домот на својот бог, - |
8. | ги изнесе Кир, царот персиски со раката на Митридат, ризничар, а тој ги предаде под број на Сасавасар, кнез Јудин. |
9. | И еве го бројот нивни: златни чинии - триесет, сребрени чинии - иљада, ножеви - дваесет и девет. |
10. | златни чаши - триесет, сребрени чаши, двојни - четиристотини и десет, други садови - иљада; |
11. | вкупно садови, златни и сребрени, пет иљади и четиристотини. Сето тоа го зеде со себеси Сасавасар, кога преселниците тргнаа од Вавилон за Ерусалим. |
Ezra (1/10) → |