← Ezekiel (9/48) → |
1. | Извика на ушите Мои со силен глас и рече: "Нека се приближат оние, што сакаат да го казнат градот, секој со своето убиствено оружје во рацете." |
2. | И ете, шестмина лу е влегуваат од горната врата свртени кон север и кај секого во раката убиствено сечиво, а ме у нив еден облечен во ленена облека, а на појасот негов сапфир и дојдоа, па застанаа до бакарниот жртвеник. |
3. | И славата на Бога Израилев се спушти од херувимите, на кои беше, врз прагот на домот. Го повика Бог човекот, облечен во ленена облека и кој имаше на бедрата појас. |
4. | И му рече Господ: "Мини по средината на градот, по средината на Ерусалим, и стави им знак на челата од лу ето, оние што жалат, кои воздивнуваат за гадотиите, што се вршат во него." |
5. | А на оние чув да им каже: "Одете по него во градот и убивајте; вашето око да не жали, и не штедете: |
6. | старец, момче и девојка, младенец и жена, бијте ги до смрт, но не гибајте ни еден од лу ето кои имаат знак, а почнете од моето светилиште." И тие почнаа од старешините што стоеја пред домот. |
7. | И им рече: "Осквернете го домот, наполнете го дворовите со убиени и излезете." Тие излегоа и почнаа да убиваат по градот. |
8. | А кога убиваа, јас останав и паднав ничкум, извикав и реков: "О, Господи, зар ке го истребиш сиот остаток на Израилот, изливајки го гневот Свој врз Ерусалим!" |
9. | И ми рече Он: "Бесчестието на домот Израилев и Јудин е многу големо; и оваа земја е полна со крв, градот е исполнет со неправда; оти тие велат: ‘Господ ја остави оваа земја, Господ не гледа.‘ |
10. | Затоа и окото мое нема да ги пожали и нема да се смилува; делата нивни ке ги свртам врз нивните глави. |
11. | И ете, човекот, облечен во ленена облека и со мастилница на појасот, одговори и рече: ‘Извршив како што ми заповеда‘." |
← Ezekiel (9/48) → |