← Ezekiel (7/48) → |
1. | И би слово Господово до мене: |
2. | "Ти, сине човечки, кажи - така вели Господ Бог - свршеток на земјата Израилева; дојде свршетокот на сите четири краишта земни. |
3. | Ете, дојде свршетокот за тебе; и ке го пратам врз тебе гневот Свој, и ке ти судам според патиштата твои, и ке ги натоварам врз тебе сите гадотии. |
4. | И окото Мое нема да те зажали и нема да се смилувам, но ке ти платам според твоите патишта, гадотиите твои ке бидат со тебе и ке разберете дека Јас сум Господ. |
5. | Така вели Господ Бог: беда единствена, ете иде бедата. |
6. | Свршетокот дојде, дојде свршетокот, се крена против тебе: ете дојде. |
7. | Дојде напаста до тебе, жителу на овој крај, иде време, се приближува денот на смутот, а не на весели повици по планините. |
8. | Ете, наскоро ке ја излеам врз тебе јароста Своја и ке го завршам гневот Свој врз тебе, ке ти судам според твоите патишта ке ги натоварам врз тебе сите твои гадотии. |
9. | И окото Мое нема да те пожали, и нема да се смилува. Според твоите патишта ке ти отплатам, и твоите гадотии ке бидат со тебе; и ке узнаете, дека Јас сум Господ, Кој казнува. |
10. | Ете го денот, еве дојде, настапи напаста, процути жезалот, гордоста пупи. |
11. | Силата станува против жезалот на беззаконието: ништо нема да остане од нив, - ни од богатството нивно, ниту од шумата нивна, ниту, пак, од раскошот нивни. |
12. | Дојде времето, настапува денот: купувачу, не радувај се, продавачу не плачи, зашто гневот е врз нив сите. |
13. | Оти, кој продал, нема да се врати при продаденото, макар да останал жив; бидејки пророчкото видение за целото нивно множество нема да се одмени, и никој со беззаконието свое нма да го зацврсти животот свој. |
14. | Трубат со трубата и се се готви, но никој не оди во војна; оти Мојот гнев е врз сето нивно множество. |
15. | Надвор од куката - меч, а во куката - помор и глад. Кој се нао а во полето, од меч ке умре, а кој е во градот, него гладот и поморот ке го проголта. |
16. | А спасените од тоа ке избегаат и ке бидат во планините како гулаби од долина; сите тие ке стенкаат, секој за своето беззаконие. |
17. | На сите рацете ке им опаднат, и на сите колената ке им затреперат како вода. |
18. | Тогаш ке се опашат во врекишта и трепет ке ги опфати; и лицето на сите ке ги покрие срам и на главите - нивни ке има келавост. |
19. | Среброто ке си го исфрлаат по улици и златото нема да го почитуваат. Среброто нивно и златото нивно нема да биде во сила да ги спаси во денот на Господовата јарост. Тие нема да ги наситат со нив душите свои, и нема да ги наполнат утробите свои бидејки тоа беше причина за нивниот грев. |
20. | И со убавиот накит свој тие се гордееја и правеа уметнички творби за гадотиите свои со идоли; затоа ке го направам нечисто за нив. |
21. | И ке го дадам како плен во рацете на ту инци и на грешници земни, за да го разграбаат, и тие ке се осквернат. |
22. | И ке го одвратам од нив лицето Свое и ке го осквернат Моето сокриено место; и ке влезат таму грабители и ке го осквернат. |
23. | Проготвив вериги, оти таа земја е полна со крвави злодејства, и градот е полн со насилие. |
24. | Јас ке доведам најлоши народи и тие ке ги завладеат домовите нивни. И ке ставам крај на гордоста кај силните, и ке бидат осквернети и светињите нивни. |
25. | Иде погибелта; ке бараат мир и нема да го најдат. |
26. | Беда ке следува по беда и вест по вест; и ке бараат од пророкот видение и нема да има наука кај свештениците и совет кај старците. |
27. | Царот ке тажи, и кнезот ке се облече во ужас, и рацете на народот во земјата ке треперат. Kе постапам со нив според нивните патишта, според нивниот суд ке ги судам; и ке узнаат, дека Јас сум Господ." |
← Ezekiel (7/48) → |