← Ezekiel (48/48) |
1. | А ова се имињата на колената. На север, по патот што води од Хетлон за Емат и Хацар Енон, на ме ата ме у Дамаск и Емат, сето тоа од исток па се до морето е еден дел за Дан. |
2. | А од границата на Дан, од север па до запад, тоа е еден дел за Асира. |
3. | Од границата, пак, на Асира, од источниот крај па до западниот, тоа е дел еден за Нефталима. |
4. | До границата на Нефталима, од источниот крај па се до западниот, тоа е еден дел за Манасија. |
5. | До границата на Манасија, од исток до запад, тоа е еден дел за Ефрема. |
6. | До границата на Ефрема, од источниот крај па се до западниот, тоа е еден дел за Рувима. |
7. | До границата на Рувима, од исток до запад, тоа е еден дел за Јуда. |
8. | А до границата на Јуда, од исток до запад, е свештениот дел, широк дваесет и пет иљади трски и долг колку што се и другите делови, од исток па се до запад? Во средината негова се нао а светилиштето. |
9. | Делот што е посветен за Господа ке биде долг дваесет и пет иљади трски, а широк десет иљади. |
10. | И тој свештен дел треба да им припа а на свештениците, кој е од северната страна долг дваесет и пет иљади лакти, а од кај морето - широк десет иљади, и од кај исток - широк десет иљади, а од кај југ долг ке биде дваесет и пет илајди, додека спроти него ке биде поставено светилиштето на Господа. |
11. | Дајте им го тоа на свештениците од синовите на Садока, што Ми стоеја на стража, кога отстапуваа синовите Израилеви, но тие не отстапија од Мене, како што отстапија другите левити. |
12. | Ним ке им припадне тој дел од свештената земја, Свјатаја Свјатих, во пределот на левитите. |
13. | И левитите ке добијат во свештеничкиот дел дваесет и пет иљади трски надолж и десет иљади нашир; целата должина ке е дваесет и пет иљади трски, и ширина десет иљади. |
14. | Од тој дел тие не можат ни да продаваат, ниту да сменуваат; и првините од земјата не можат да ги пренесуваат на други, зашто тоа е светиња Господова. |
15. | А дргите пет иљади лакти во ширина од дваесет и пет иљади и во должина - пет иљади, ке се определат за општа употреба на градот, за населби и за предградија; градот ке биде во средината. |
16. | А еве ги мерките - од северната страна четири иљади и петстотини трски, од јужната четири иљади и петстотини, од источната четири иљади и петстотини и од западната страна - четири иљади и петстотини. |
17. | Предградието, пак, на градот ке биде двесте и педесет лакти од север, двесте и педесет од исток, двесте и педесет од југ и двесте и педесет од запад. |
18. | А она што ке преостане од должината спроти свештениот дел - десет иљади спрема исток и десет иљади спрема запад, спроти свештениот дел, ке биде земја, чии производи ке служат за исхрана на работниците во градот. |
19. | Во градот ке можат да работат работници од сите Израилеви колена. |
20. | Одвоениот дел од дваесет и пет иљади лакти во должина и дваесет иљади во ширина, четириаголен, определете го како свештен дел, вклучувајки ги во него и владенијата на градот. |
21. | А се што ке остане, да биде за кнезот. Како откај свештеникот дел, така исто и откај владенијата на градот, спроти дваесет и петте иљади трски до источната гарница, на делот, и на запад спроти дваесет и петте иљади лакти на западната граница, сразмерно со сите делови е делот на кнезот, така што свештениот дел и светилиштето да бидат во средината негова. |
22. | А она што ке остане од левитските владенија и од владенијата на градот во средината, ке му припадне исто така на кнезот: ме у границата на Јуда и ме у границата на Венијамина. |
23. | Остатокот, пак, од колената, од источниот крај до западниот - е еден дел за Венијамина. |
24. | До границата на Венијамина, од исток до запад, ке биде еден дел за Симеона. |
25. | До границата на Симеона, од исток па до запад, тоа ке биде еден дел за Исахара. |
26. | До границата на Исахара, од источниот крај па до западниот, ке е еден дел за Завулона. |
27. | До границата на Завулона, од исток па до запад, еден дел за Гада. |
28. | А до границата на Гада, од јужната страна, се протега јужниот крај од Тамара до водите на Мерива во Кадис, по должината на потокот се до големото море. |
29. | Ете, тоа е земјата што со жреб ке ја разделите ме у Израилевите колена, и тоа се деловите, вели Господ Бог. |
30. | А ова се излезите на градот: од северната страна - четири иљади и петстотини мерки, |
31. | и портите на градот се именувани со имињата на колената Израилеви: од северната страна три порти - Рувимова, Јудина, Левиева. |
32. | И од источната страна - четири иљади и петстотини мерки, со три порти - Јосифова, Венијаминова, Данова. |
33. | И од јужната страна - четири иљади и петстотини мерки, со три порти: Симеонова, Исахарова и Завулонова. |
34. | Од страната на морето, пак, - четири иљади и петстотини мерки, и три порти: Гадова, Асирова и Нефталимова. |
35. | А мерката наоколу ке изнесува осумнаесет иљади. И градот од тој ден ке се именува: "Господ е таму". |
← Ezekiel (48/48) |