← Ezekiel (45/48) → |
1. | Кога со жреб ке ја делите земјата на делови, одделете свет дел за Господа - дваесет и пет иљади лакти во должина и десет иљади лакти во ширина; тоа место да биде свето како целина наоколу. |
2. | Од него до светилиштето да има четириаголник, по петстотини лакти наоколу и околу него, со плоштадка од педесет лакти. |
3. | Според таа мерка измери дваесет и пет иљади трски надолж и десет иљади трски по ширината, каде што ке се нао а светилиштето, Свјатаја Свјатих. |
4. | Тој дел од светата земја ке им припа а на свештениците, служители на светилиштето, кои ке пристапуваат да Му служат на Господа; тоа место ке биде место за куки и светиња за светилиштето. |
5. | Дваесет и пет иљади трски по должина и десет иљади трски по ширина, ке им припа а на левитите, служители на храмот, како нивно владение, каде што ке живеат. |
6. | Дајте му и на граодт владение од пет иљади трски нашир и дваесет и пет иљади трски по должина, спроти светото место, определено за Господа; тоа ке му припа а на сиот дом Израилев. |
7. | И за кнезот определете дел од едната и од другата страна, до светото место, определено за Господа, како и до владението на градот, кон запад од западната страна и кон исток од источната страна, во должина еднаква со еден од оние делови од западниот до источниот крај. |
8. | Тоа ке биде негова земја, негово владение во Израилот, така што во иднина кнезовите Мои да не го притеснуваат народот Мој, и земјата да ја раздаваат на домот Израилев според колената негови. |
9. | Така вели Господ Бог: кнезови Израилеви, доста беше ова, оставете ги насилијата и принудувањата, а вршете суд и правда; престанете да го изгонувате народот Мој од владенијата негови, вели Господ Бог. |
10. | Имајте иста мерка, вистинска ефа и прав бат. |
11. | Ефата и батот треба да бидат еднакви, така што батот да содржи една десетина хомер, а и ефата една десетина хомер; мерката нивна треба да се определува според хомерот. |
12. | Во една силка треба да се содржат дваесет гери; а дваесет силки, дваесет и пет сикли и петнаесет сикли треба да ви претставуваат една мина. |
13. | Ете, тоа е данокот што ке му го давате на кнезот; шести дел од ефа хомер пченица и шести дел од ефа хомер јачмен; |
14. | а мерката за елејот е: една десетина елеј бат од кор, кој е хомер, што изнесува десет бата; |
15. | по една овца на стадо од двесте овци, од богатото пасиште на Израилот; сето тоа ке биде дар за лебен принос, за сепаленица и за благодарствена жртва, поради нивното очистување, вели Господ Бог. |
16. | Сиот народ од земјата должен е да го дава тој принос за кнезот во Израилот. |
17. | А кнезот е должен да принесува сепаленици и лебен принос, прелив на празници, во новомесечијата и во саботите за време на сите прослави во домот Израилев; тој ке треба да принесува жртви за грев и лебен принос, сепаленици и благодарствени жртви за очистување на домот Израилев. |
18. | Така вели Господ Бог: во првиот месец, на првиот ден од месецот, земи од стадото волови јунец без недостаток и очисти го светилиштето. |
19. | Свештеникот нека земе крв од таа жртва за грев и со неа нека ги пороси довратниците на храмот и рамнинката на жртвеникот на четирите агли, а и довратниците на внатрешниот двор. |
20. | Тоа исто направи го и во седмиот ден од месецот за оние кои смислено и по простотилак грешат, па така очисти го храмот. |
21. | На четиринаесеттиот ден од првиот месец треба да празнуваш Пасха, седмодневен празник кога ке се јадат бесквасници. |
22. | Во тој ден кнезот ке принесе за себе и за сиот народ во земјата жртва - еден јунец за грев. |
23. | И во тие седум дена на празникот тој ке Му принесува на Господа сепаленица секој ден, по седум јунци и по седум овни без недостаток, а и жртва за грев секој ден - по еден козел од стадото кози. |
24. | Лебен приност ке принесува по ефа на јунец и по ефа на овен, и елеј по хин од ефа. |
25. | Во седмиот месец, на петнаесеттиот ден од месецот, на празникот, во текот на седумте дена тој треба да принесува исто таква жртва за грев, таква сепаленица, и толку лебен принос и толку елеј. |
← Ezekiel (45/48) → |