← Ezekiel (44/48) → |
1. | Потоа ме поведе назад, кај надворешната врата на светилиштето, свртена кон исток, а таа беше затворена. |
2. | И ми рече Господ: оваа врата ке биде затворена, не смее да се отвора и ниеден човек нема да влезе низ неа, оти Господ Бог Израилев влегува низ неа и таа ке биде затворена. |
3. | Таа е за кнезот, само кнезот, затоа што е кнез ке седне до неа за да јаде леб пред Господа: ке влезе преку тремот на таа врата и преку неа ке излезе. |
4. | Потоа ме одведе низ северната врата пред лицето на храмот и видов, а тоа славата Господова го исполнуваше домот Господов, и паднав ничкум. |
5. | И ми рече Господ: сине човечки, земи го при срце сево ова, гледај со очите свои и слушај го со ушите свои сето она, што ке ти го кажам за сите наредби во домот Господен и за сите негови закони: пази добро за влезот на храмот и за сите излези од светилиштето. |
6. | И кажи му на отстапничкиот дом Израилев - вака вели Господ Бог: "Доме Израилев, престанете да ги вршите сите ваши гадотии, |
7. | да ги воведувате синовите на ту инка, необрезани по срце и необрезани по плот, за да бидат во Моето светилиште и да го осквернуваат Мојот храм, да го поднесувате Мојот леб, мрс и крвта и да го растурате Мојот завет со вашите секакви гадотии. |
8. | Вие не стоевте на стража пред моите светињи, а ги поставувавте нив како стражари место себе при Моето светилиште. |
9. | Така вели Господ Бог: ниеден син на ту инка, необрезан по срце и необрезан по плот, не смее да влегува во Моето светилиште, дури и оној син на ту инка, која живее ме у синовите Израилеви. |
10. | Исто така и левитите, кои се оддалечија од Мене во времето на Израилевото отстапништво, откако Ме оставија, блудствуваа со идолите свои, исто така тие ке претрпат казна за гревовите свои. |
11. | Тие ке служат во светилиштето Мое како стража пред вратата на храмот и како прислужници на храмот; тие ке колат за лу ето сепаленици и други жртви ке стојат пред нив, за да им служат. |
12. | А заради она што им служеа пред нивните идоли и за домот на Израилот беа соблазан за нечестие, Јас ја кренав раката Своја врз нив, вели Господ Бог, и тие ке претрпат казна за гревот свој; |
13. | тие нема да се приближуваат до Мене за да свештенодејствуваат пред Мене и да пристапуваат до сите Мои светињи, до Свјатаја Свјатих, но ке го носат врз себе срамот свој и гадотиите свои, што ги вршеле. |
14. | Kе ги направам чувари на храмот за сите негови служби и за се, што ке се одвива во него. |
15. | А свештениците од коленото Левиево, синовите на Садока, кои постојано пазеа на Моето светилиште, кога синовите Израилеви остапија од Мене, ке се приближуваат до Мене за да ми служат и ке се задржуваат пред лицето Мое, за да ми принесуваат мрс и крв, вели Господ Бог. |
16. | Тие ке влегуваат во Моето светилиште и ке се приближуваат до Мојата трпеза, за да ми служат и да бидат стража Моја. |
17. | Кога ке дојдат до вратата на внатрешниот двор, тогаш ке се облечат во ленени облеки, а волнени не смее да има во нив за сето време на службата, до вратите на внатрешниот двор и внатрешноста на храмот. |
18. | Превезите на главите нивни треба да бидат исто така ленени; а и долната облека на бедрата нивни исто така ленена; тие не смеат да се опашуваат со ништо, од што би се потеле. |
19. | А кога ке треба да излезат во надворешниот двор, во надворешниот двор пред народот, тогаш ке треба да ги соблечат одеждите свои, со кои служеле, и да ги остават во свештените соби и да облечат други облеки, а со свештените одежди да не се допираат до народот. |
20. | И главата своја на смеат да ја бричат ниту косата да ја пуштаат, туку да ја стрижат главата своја. |
21. | И вино не бива да бие ниеден свештеник, кога ке влегува во внатрешниот двор. |
22. | Ниту вдовица, ни пак разведена жена од маж не смее тој да зема за жена, туку само девојка од племето на домот Израилев, и вдовица од свештеник. |
23. | Тие треба да го учат Мојот народ да разликува свештено од несвештено и да им објаснуваат што е нечисто, а што е чисто. |
24. | Во расправиите при судовите треба да присуствуваат и според Моите наредби да судат и да пазат на Моите закони и на наредбите Мои за сите Мои празници и свето да пазат на Моите саботи. |
25. | До мртов човек никој да не се доближува, за да не стане нечист, само заради татко и мајка, заради син и керка, брат и сестра што не се женеле можат да се осквернат. |
26. | На таков, откако ке се очисти, треба да се избројат уште седум дена. |
27. | И во оној ден, кога ке треба да пристапи до светињата во внатрешниот двор, за да служи пред светињата, тој треба да принесе жртва за грев, вели Господ Бог. |
28. | А што се однесува до делот нивни, Јас сум нивниот дел. И сопственост во Израилот не давајте им: Јас сум нивната сопственост. |
29. | Тие ке јадат од лебниот принос, од жртвата за грев и од жртвата за престап: и се што е ветено во Израилот, ним им припа а. |
30. | И првините од сите ваши плодови и од секој ваш род како принос, какви и да биле вашите приноси, им припа аат на свештениците; и првините од меленото давајте му го на свешненикот за да има благослов во вашите домови. |
31. | Свештениците не смеат да јадат никаква мрша и ништо раскинато од sвер, па било тоа птица или добиток. |
← Ezekiel (44/48) → |