← Ezekiel (41/48) → |
1. | Потоа ме воведе во храмот и ги измери столбовите: по шест лакти широки од едната страна и по шест лакти широки од другата страна, колку што беше широка скинијата. |
2. | Вратите беа широки по десет лакти, а страните на вратите по пет лакти од едната и по пет лакти од другата страна, а должината на храмот четириесет лакти, додека широчината му беше дванаесет лакти. |
3. | И влезе внатре, па ти измери столбовите покрај вратите - по два лакта, и вратите - по шест лакти, додека широчината на вратата е седум лакти. |
4. | Го измери храмот - дванаесет лакти надолж и днаесет лакти широк, па ми рече - тоа е Свјатаја Свјатих. |
5. | Го измери sидот на храмот - шест лакти, а широчината на собите околу храмот - по четири лакти. |
6. | Странични соби имаше триесет и три, соба под соба: тие се нао аа во sидот, што беше околу храмот што беше врска со него но не се допираа до sидовите на самиот храм. |
7. | И храмот се повеке се ширеше наоколу над станичните соби, зашто кругот негов се издигаше се погоре и погоре наоколу, па затоа храмот беше многу поширок горе, оти искачувањето од долниот кат се до горниот минуваше преку средниот. |
8. | И го видов врвот на храмот наоколу; неговите странични соби во својата овнова имаа мерка - една трска; шест полни лакти. |
9. | Ширината на sидот од станичните соби, што се издаваа надвор - пет лакти, а по страничните соби на храмот постоеше слободен простор. |
10. | И ме у собите имаше растојание - по дваесет лакти околу целиот храм. |
11. | Вратите на страничните соби водеа во слободниот простор, една врата кон северната страна, а другата врата кон јужната страна; широчината на тој слободен простор беше пет лакти наоколу. |
12. | Зградата пред плоштадот од западната страна беше широка седумдесет лакти; sидот на таа зграда пет лакти широк наоколу, а долг беше деветнаесет лакти. |
13. | Го измери тој храмот - сто лакти должина, а плоштадот и одделенијата и страните нивни, исто така со должина од сто лакти. |
14. | И ширината на храмот од кај предната страна на плоштадот спрема исток - пак сто лакти. |
15. | Потоа ја измери должината на зградата пред плоштадот од задната страна со страничните одделенија од едната и од другата страна - по сто лакти, од внатрешноста на храмот и тремовите на дворот. |
16. | Праговите, прозорците решетчести и страничните соби наоколу, на сите три ката спроти праговите беа обложени со дрво од подот до прозорците; прозорците беа затворени. |
17. | Од горниот дел на вратата како одвнатре на храмот така и однадвор и по целиот sид наоколу, одвнатре и однадвор имаше фигури резбарени; |
18. | беа направени херувими и палми: палма ме у двата хреувима и при секој херувим - по две лица. |
19. | Од едната страна кон палмата имаше свртено човечки лице, а од другата страна кон палмата - лице лавовско: така беше направено по целиот храм наоколу. |
20. | Од подот до врвот на вратата имаше направено херувими и палми, а исто и по sидовите на храмот. |
21. | Во храмот имаше четириаголни довратници, а и на светилиштето исто така довратници слични какви што сум видел. |
22. | Жртвеникот беше дрвен - три лакти висок и два лакти долг; и аглите негови и подножјата негови и страните негови беа од дрво; па ми рече тој - тоа е трпезата што е пред Господа. |
23. | Во храмот и во светилиштето имаше по две врати. |
24. | Вратите имаа по две крила; и двете крила беа подвижни - по две крила кај едната врата и по две крила кај другата врата; |
25. | на тие врати беа направени херувими и палми, исто така изработени какви што беа по sидовите; а пред тремот однадвор имаше дрвен под. |
26. | А решетчести прозорци и палми имаше од едната страна и од другата страна по страните на тремот и на околните храмови соби, а и по гредите. |
← Ezekiel (41/48) → |