← Ezekiel (39/48) → |
1. | Ти, сине човечки, изречи пророштво против Гога и кажи - вака вели Господ Бог: "Еве, Јас сум против тебе, Гог, кнезу на Рош, Месех и Тувал. |
2. | Kе те вратам и ке те поведам, ке те изведам од северните предели и ке те доведам на планините Израилеви. |
3. | Kе го исфрлам лакот од твојата лева рака и ке ти ги исфрлам стрелите од твојата десна рака. |
4. | Kе паднеш на Израилевите планини, ти и твоите полкови и народите што ке бидат со тебе; ке дозволам да те изедат секакви грабливи птици и sверови полски. |
5. | Kе паднеш на откриено поле, оти Јас го реков тоа, вели Господ Бог. |
6. | И ке испратам оган врз земјата Магог и врз жителите на островите, кои живеат безгрижно, па ке познаат дека Јас сум Господ. |
7. | Kе го покажам Своето свето име ме у Мојот народ, Израилот, и нема веке да дозволам во иднина да се обеславува името Мое, свето, па ке познаат народите дека Јас сум Господ, Светецот Израилев. |
8. | Ете, тоа ке дојде и ке се збиден, вели Господ Бог, тоа е денот, за кој ви зборував. |
9. | Тогаш жителите на градовите Израилеви ке излезат, ке запалат оган и ке го изгорат оружјето, штитовите и железните ризници, лаковите и стрелите, боздоганите и копјата: седум години ке ги горат. |
10. | И нема да носат дрва од полето, ниту пак ке сечат од горите, туку ке го горат само оружјето; ке ги ограбат своите грабители и ке ги оберат своите обирачи, вели Господ Бог. |
11. | Во тој ден ке му дадам на Гога место за гробница при Израилот во долината на патниците, источно од морето, и таа таму ке ги задржува патниците: таму ке го погребуваат Гога и сета негова војска, а ке ја наречат долината на Гоговиот народ. |
12. | Домот Израилев ке ги погребува седум месеци, за да ја очисти земјата. |
13. | И сиот народ од земјата ке ги погребува, и за нив тој ден ке биде знаменит, во кој Себе ке се прославам, вели Господ Бог. |
14. | И ке определат лу е, кои постојано ке го обиколуваат пределот и со помош на патниците да се погребуваат другите по лицето земјино, - за да ја очистат; по седум месеци тие ке почнат да бараат. |
15. | И кога некој од оние, што ке минуваат по земјата, ке види човечка коска, ке стави до неа знак, додека погребувачите не ја закопаат во долината на Гоговата војска. |
16. | Името на градот ке му биде пак - Хамона (народ). Така ке го очистат тие пределот." |
17. | А ти, пак, сине човечки, - така вели Господ - кажи им на сите видови птици и на сите sверови полски: соберете се и дојдете, побрзајте од сите краишта кон Мојава жртва, што Јас ке ја заколам за вас, кон големата жртва на планините Израилева, и ке јадете месо и ке пиете крв; |
18. | месо од силни мажи ке јадете и ке пиете крв од кнезови земни, од овни, од јагниња, од козли и од телиња - сите тие се згоени во Васан, |
19. | ке јадете мрс до наситување и ке пиете крв до опивање од Мојата жртва, што Јас ке ја заколам за вас. |
20. | И на Мојата трпеза ке се наситите на коњи и коњаници, на мажи силни, на секаков вид воени лица, вели Господ Бог. |
21. | Kе ја покажам славата Своја, ме у народите и сите народи ке го видат Мојот суд, што Јас ке го одржам, и Мојата рака, што Јас ке ја кренам врз нив. |
22. | И ке узнае домот Израилев дека Јас сум Господ Бог нивни од денес и натаму. |
23. | Kе познаат народите дека домот Израилев беше преселен поради својата неправда; оти тие постапија вероломно пред Мене, Јас го сокрив од нив лицето Мое и ги предадов во рацете на непријателите нивни, и тие сите паднаа од меч. |
24. | Поради нечистотиите нивни и поради гревовите нивни Јас го направив тоа со нив и го сокрив од нив лицето Мое. |
25. | Затоа вака вели Господ Бог: сега ке ги вратам плениците на Јакова, ке се смилувам над сиот дом Израилев и ке бидам ревнив на името Мое свето. |
26. | Па ке го почувствуваат тие своето бесчестие и сите свои беззаконија, што ги вршеа пред Мене, додека уште живееја во земајта своја во мир, ке заживеат спокојно, и немаше никој да ги заплашува. |
27. | кога ке ги вратам од кај народите и ги соберам од земјите на нивните непријатели и ја покажам во нив светоста Моја пред очите на многу народи. |
28. | И ке познаат дека Јас сум нивниот Господ Бог, Кој откако ги растурив ме у народите, одново ке ги соберам во нивната земја и нема да оставам таму ниту еден од нив. |
29. | И веке нема да го сокривам лицето Свое од нив, затоа што ке излеам Јас од Мојот дух на домот Израилев, вели Господ Бог. |
← Ezekiel (39/48) → |