← Ezekiel (38/48) → |
1. | И би слово Господово до мене: |
2. | "Сине човечки, сврти го лицето свое кон Гога во земјата Магог, кон кнезот на Рош, Месех и Тувал, изречи пророштво против него. |
3. | И кажи им - вака вели Господ Бог: "Еве, Јас сум против тебе, Гог, кнезу на Рош, Месех и Тувал. |
4. | Kе те вратам и ке ставам алка на твојата челуст; ке те изведам тебе и сета твоја војска, коњите и коњаниците, сите храбри јунаци, многубројни борци, во оклопи и со штитови, сите вооружени со мечеви. |
5. | Персијанците, Етиопите и Либијците со нив, сите со штитови и со шлемови. |
6. | Гомера со сите чети, домот на Тогарма од северните предели, со сите твои чети, многу народи со тебе. |
7. | Готви се и приготви се - ти и сите твои чети собрани при тебе и биди им водач. |
8. | По многу дни ти ке бидеш посетен; во последните години ке дојдеш во земја избавена од меч, собрана ме у многу народи на Израилевите планини, кои беа долго време запустени, но сега жителите нејзини ке бидат повратени од кај народите, и сите тие ке живеат спокојно. |
9. | Па ке се кренеш како бура, ке тргнеш како црн облак за да ја покриеш земјата, ти и сите твои чети и многу народи со тебе." |
10. | Така вели Господ Бог: "Во оној ден ке ти дојдат на срцето мисли и ти ке помислиш да направиш нешто лошо. |
11. | И ке речеш: ‘ке се кренам против неоградена земја, ке појдам против мирните кои живеат безгрижно - сите тие живеат без sидови и при нив нема ни резиња, ни порти, |
12. | за да грабаш и да насобереш плен, да ставиш рака врз одново населените урнатини и врз народ собран од кај народите, што се занимаваа со стопанство и трговија, кој живее во папокот на земјата.‘ |
13. | Сава и Дедан и тарсиските трговци со сите нивни млади лавови ке ти речат: ‘Ти дојде да извршиш грабеж, ја собра твојата војска за да земеш плен, да земеш сребро и злато, да одземеш добиток и имот, да заграбиш голем плен.‘" |
14. | Затоа изречи пророштво, сине човечки, и кажи му на Гог - вака вели Господ Бог: "Па зар не ти е познато дека во оној ден народот Мој Израилот ке заживее во мир? |
15. | И ке тргнеш од твоето место, од северните предели, ти и многу народи со тебе сите на коњи, голем собир и многубројна војска. |
16. | И ке се кренеш против Мојот народ, против Израилот, како црн облак, за да ја покриеш земјата: тоа се ке биде во последните дни, и Јас ке те доведам во Мојата земја, та народите да Ме познаат кога ке се појавам над тебе, Гог, Мојата светост пред очите нивни." |
17. | Така вели Господ Бог: "Не си ли ти оној, за кого зборував во дамнешните дни преку Моите слуги, пророците Израилеви, кои пророкуваа тогаш дека Јас ке те доведам против нив? |
18. | Во оној ден, кога ке дојде Гог против Израилевата земја, вели Господ Бог, Мојот гнев ке пламне во Мојата јарост. |
19. | И во Мојата ревност, во огнот на Моето негодување, Јас реков: навистина во оној ден ке настане голем потрес во земјата Израилева. |
20. | И од лицето Мое ке затреперат рибите морски и птиците небески, и sверовите полски и се што се влече и лази по земјата, и сите лу е, што се нао аат на земјата; ке се соборат планини, ке попа аат карпи и сите sидови ке паднат на земја. |
21. | И по сите Мои планини ке повикам меч против него, вели Господ Бог; мечот на секој човек ке биде против братот негов. |
22. | И ке му судам преку помор и крвопроливање ке излијам врз него и војските негови и врз многуте народи, што се со него, силен дожд и град како камења, оган и сулфур. |
23. | Kе го покажам Моето величие и Мојата светост и ке се појавам пред очите на многу народи - и тие ке познаат, дека Јас сум Господ." |
← Ezekiel (38/48) → |