← Ezekiel (37/48) → |
1. | И би раката Господова врз мене и Господ ме изведе преку духот, ме постави среде полето - а тоа беше полно со коски, |
2. | и ме проведе околу нив, а таму имаше многу, многу коски во полето и тие беа наполно суви. |
3. | И ми рече: "Сине човечки, ке оживеат ли овие коски?" И реков: "Господи Боже, Ти го знаеш тоа." |
4. | Па ми рече - изречи пророштво за тие коски и кажи им: "Коски суви, чујте го словото Господово!" |
5. | Така им вели Господ Бог на оние коски - еве, Јас ке внесам во вас дух и вие ке оживеете. |
6. | Kе ви дадам жили, ке направам на вас да израсне месо, ке ве покријам со кожа и ке вдахнам во вас дух, па ке оживеете и ке познаете, дека Јас сум Господ. - |
7. | Јас го изреков ова пророштво како што ми беше заповедано, и кога пророкував, се чу шум, и, ете, движење, па почнаа коските да се зближуваат, секоја коска до својата коска. |
8. | И видов, ете, имаше жили на нив, и месо израсна, кожа ги покри одозгора, но дух немаше во нив. |
9. | Тогаш Он ми рече - изречи пророштво за духот, изречи пророштво сине човечки, и кажи му на духот, вака вели Господ Бог: дојди од четирите ветра, духу, и дувни врз овие убиени и тие ке оживеат. |
10. | И јас го изреков ова пророштво како што ми заповеда Он и влезе во нив дух - и тие оживееја и се исправија на нозете свои - многу, многуброен народ. |
11. | Тогаш Он ми рече - сине човечки, овие коски се сиот дом Израилев. Ете, тие велат: "Се исушија нашите коски, и загина нашата надеж - ние сме истргнати од коренот." |
12. | Затоа изречи пророштво и кажи им - вака вели Господ Бог: "Еве, Јас ке ги отворам гробовите ваши и ке ве изведам, народе Мој, од гробовите ваши и ке ве воведам во земјата Израилева. |
13. | И ке познаете, дека Јас сум Господ, кога ке ги отворам гробовите ваши и ке ве изведам, народе Мој, од гробовите ваши. |
14. | Kе вдахнам во вас од Мојот дух и ке оживеете, ке ве населам во вашата земја, па ке познаете дека Јас, Господ, го реков тоа, и го извршив, вели Господ." |
15. | И би слово Господово до мене: |
16. | "Ти, сине човечки, земи жезал и напиши на него: ‘на Јуда и на синовите Израилеви, неговите сојузници‘, и пак земи друг жезал и напиши на него: ‘на Јосифа‘. Тоа е жезалот на Ефрема и на сиот Израилев дом, негов сојузник. |
17. | И соедини ги во себе еден со друг во еден жезал, така што во раката да бидат едно. |
18. | А кога те прашаат синовите на твојот народ: ‘нема ли да ни објасниш, што значи тоа?‘ |
19. | тогаш речи им - така вели Господ Бог: "Еве, Јас ке го земам Јосифовиот жезал, кој е во раката на Ефрема и на неговите сојузници, Израилевите колена, и ке ги додадам кон него, кон жезалот на Јуда, и ке го направам еден жезал, и тие ке бидат едно во Мојата рака." |
20. | Кога, пак, двата жезла, на кои ке напишеш, ке бидат во твојата рака пред очите нивни, |
21. | тогаш кажи им - вака вели Господ Бог: "Еве, Јас ке ги земам синовите Израилеви ме у народите, поме у оние, кај кои се нао аат, ке ги соберам сите и ке ги доведам во нивната земја. |
22. | Во таа земја по планините Израилеви Јас ке ги направам еден народ и еден цар ке биде цар над сите нив и нема да има повеке два народа, и нема повеке да се делат на две царства. |
23. | И нема веке да се осквернуваат со своите идоли, со своите гадотии и со разни свои пороци; ке ги извлечам од сите нивни живеалишта, каде што грешеле, и ке ги очистам, - и ке бидат Мој народ и Јас ке бидам нивни Бог. |
24. | А слугата Мој Давид ке биде Цар над нив и Пастир на сите нив; тие ке одат по Моите заповеди и уредбите Мои ке ги пазат, и ке ги исполнуваат. |
25. | Тие ке живеат во земјата, која му ја дадов на мојот слуга Јакова, во која живееја татковците нивни; таму ке живеат вечно, тие и децата нивни и внуците нивни; а Мојот слуга Давид ке биде кнез при нив засекогаш. |
26. | Kе склучам со нив завет за мир, вечен ке биде заветот со нив. И ке ги средам, ке ги размножам и ке го поставам ме у нив Моето светилиште засекогаш. |
27. | И при нив ке биде Моето живеалиште, па ке бидат нивни Бог, а тие ке бидат Мој народ. |
28. | И ке познаат народите, дека Јас сум Господ, Кој го осветува Израилот кога Моето светилиште ке биде поме у нив засекогаш." |
← Ezekiel (37/48) → |