← Ezekiel (36/48) → |
1. | А ти сине човечки, искажи пророштво за планините Израилеви и кажи: планини Израилеви, чујте го словото Господово. |
2. | Вака вели Господ Бог: бидејки непријателот вели за вас: "о, о, и вечните светилишта ни паднаа како дел;" |
3. | затоа изречи пророштво и кажи: така вели Господ Бог - токму поради тоа, што ве опустошуваат и ве грабаат од сите страни, за да станете сопственост на други народи, и да се изложите на срам и поруга, |
4. | затоа, планини Израилеви, чујте го словото од Господа Бога - вака им вели Господ Бог на планините и на ридовите, на долиштата и долините и на запустените урнатини и напуштените градови, кои станаа грабеж и подбив за другите околни народи; |
5. | затоа така вели Господ Бог: во Својата пламена ревност изреков слово против други народи и против сета Идумеја, кои си ја определија земјата Моја за сопственост и си ја присвоија како плен со срдечна радост и со презир во душата, |
6. | затоа изречи пророштво за земјата Израилева и кажи им на планините и ридовите, на долиштата и на долините - вака вели Господ Бог: еве, Јас го реков тоа во ревноста Своја и во јароста Своја, оти вие носите на себе потсмев од народите. |
7. | Затоа, така вели Господ Бог: Јас ја кренав раката своја со клетва, дека народите што се околу вас, тие самите ке го понесат својот срам. |
8. | А вие, планини Израилеви, проширете се и ке принесувате плодови на Мојот народ, Израилот, зашто тие скоро ке дојдат. |
9. | Оти, еве, кон вас се обрнувам, и вие ке бидете обработувани и засејувани. |
10. | И ке населам во вас многу лу е, сиот дом Израилев, и градовите ке бидат населени и урнанитите обновени. |
11. | Kе ги намножам кај вас и лу ето и добитокот, и тие ке се плодат и размножуваат, и ке ве населам како што беше во поранешните времиња, ке ви правам добро повеке отколку во поранешните времиња, та ке познаете, дека Јас сум Господ. |
12. | Kе доведам при вас лу е, народ Мој Израилот, и тие ке владеат со вас. Ти земјо ке бидеш нивно наследство и кај нив ке нема веке лу е бездетни. |
13. | Така вели Господ Бог - бидејки велат за вас: "ти си земја што јадеш лу е и што правиш народот да е без деца", |
14. | затоа, веке нама да ги јадеш ју ето и во иднина нема да создаваш народ бездетен, вели Господ Бог. |
15. | И нема веке да слушаш потсмев од народите и нема веке да трпиш врз себе хули од племињата, и во иднина нема веке да ги правиш лу ето да се без деца," вели Господ Бог. |
16. | И би слово Господово до мене: |
17. | "Сине човечки, кога домот Израилев живееше во својата земја, тој ја осквернуваше со поведението свое и со делата свои; патот нивни им беше пред Моето лице како нечистотија на жена, кога се чисти. |
18. | Јас, го излеав врз нив гневот Свој за крвта, што ја пролеваа во таа земја, и заради тоа што ја осквернуваа со своите идоли. |
19. | Ги распрснав ме у народите и ти се расеани по земјите, ги судев според нивните патишта и според нивните гревови. |
20. | И отидоа тие при народите, каде што го обеславија Моето свето име, оти за нив велат: ‘Тие се народ на Господа и излегоа од Неговата земја.‘ |
21. | Зажалив заради името Мое свето, што домот Израилев го обеслави кај народите, каде што отидоа. |
22. | Затоа, кажи му на домот Израилев: вака вели Господ Бог: доме Израилев, ке го направам тоа не заради вас, туку заради името Мое свето што го обеславивте при народите, каде што отидовте. |
23. | Kе го осветам великото име Свое, обеславено кај народите, ме у кои го обеславивте, па ке познаат народите дека Јас сум Господ, вели Господ Бог, кога ке ја покажам светоста Своја во вас пред нив. |
24. | Kе ве земам од кај народите, ке ве соберам од сите страни и ке ве доведам во вашата земја. |
25. | Kе ве поросам со чиста вода и вие ке се очистите од сите ваши осквернувања, и од сите ваши идоли ке ве очистам. |
26. | Kе ви дадам ново срце, и нов дух ке ви дадам; ке го земам од вашето тело каменото срце и ке ви дадам срце од месо. |
27. | Kе го внесам во вас Мојот дух и ке направам да одите по заповедите Мои и да ги пазите и да ги исполнувате наредбите Мои. |
28. | И ке живеете во земјата, која им ја дадов на татковците ваши, и ке бидете Мој народ и Јас ке бидам ваш Бог. |
29. | Kе ве ослободам од сите ваши нечистотии, ке го повикам житото и ке го умножам и нема да ве оставам да трпите глад. |
30. | Kе ги умножам плодовите по дрвјата и полските производи, па во иднина да не трпите навреди од народите поради глад. |
31. | Тогаш ке се сетите за своите лоши патишта и за своите лоши дела, па ке почувствувате одвратност од самите себе за гревовите свои и за лошите престапи. |
32. | Тоа ке го направам, не заради вас, вели Господ Бог, туку да ви биде јасно - црвенејте и срамувајте се од вашите патишта, доме Израилев." |
33. | Така вели Господ Бог: "Во оној ден, кога ке ве очистам од сите ваши беззаконија, и ке ве населам во градовите и ке бидат обновени урнанините; |
34. | и опустошената земја што беше пустиња во очите на секој минувач, ке биде обработена, |
35. | тогаш ке речат: ‘оваа запустена земја стана како Едемската градина и запустените и разорени градови се зацврстија и населија.‘ |
36. | Па ке познаат народите, што ке останат околу вас, дека Јас, Господ, одново изградувам разрушено, засадувам запустено. Јас Господ, го реков тоа и го извршив." |
37. | Така вели Господ Бог: "Еве, уште и во ова ке ја покажам милоста Своја кон домот Израилев, ке го намножам со лу е како стадо. |
38. | Како што има многу жртвени овци во Ерусалим за време на празниците, така ке бидат полни со лу е запустените градови и ке познаат, дека Јас сум Господ." |
← Ezekiel (36/48) → |