← Ezekiel (35/48) → |
1. | И би слово Господово до мене: |
2. | "Сине човечки, сврти го лицето свое кон планината Сеир, изречи против неа пророштво. |
3. | И кажи и: "Вака вели Господ Бог - еве, Јас сум против тебе, планино Сеир, ке ја протегнам против тебе раката Своја и ке те направам пуста и ненаселена. |
4. | Градовите твои ке ги претворам во развалини и ти самата ке запустиш и ке познаеш, дека Јас сум Господ. |
5. | Бидејки во тебе има вечно непријателство и синовите Израилеви ги предаваше на меч во време на нивните маки, дури и при крајот на нивните беззаконија. |
6. | затоа, жив сум Јас, вели Господ Бог, бидејки со крв си згрешила и крвта ке те прогони; те гонам; оти крв не си мразела, затоа крвта ке те гони. |
7. | Планината Сеир ке ја направам пуста и степа без живот, и ке истребам во неа - и човек што доа а и човек што си оди. |
8. | И ке ги наполнам идолските светилишта со нејзините убиени; по твоите ридишта и по твоите долини и по сите твои полиња ке па аат поразени од меч. |
9. | Kе те направам вечна пустиња и во твоите градови ке нема живот, па ке познаеш, дека Јас сум Господ. |
10. | Бидејки ти велеше - овие два народа и овие две земји ке бидат мои и ние ке владееме со нив, иако е Господ таму. |
11. | Затоа, жив сум Јас, вели Господ Бог; ке постапам со тебе според мерката на твојата омраза и твојата завист, што ја искажуваше од омразата кон нив, и ке им се јавам кога ке ти судам. |
12. | И ке познаеш, дека Јас, Господ, ги чув сите твои навреди, што ги искажуваше против планините Израилеви, велејки: ‘запустеа, нам ни се дадени за храна!‘ |
13. | Вие се гордеете пред Мене со јазикот свој и ги умножувете зборовите свои против Мене; Јас го чув тоа. |
14. | Така вели Господ Бог: кога целата земја ке се радува, Јас ке те направам пустиња. |
15. | Како што се радуваше, што делот од Израилевиот дом запусти, така ке направам и со тебе - ке бидеш опустошена, планино Сеир, и цела Идумеја заедно со тебе, па ке познаат, дека Јас сум Господ." |
← Ezekiel (35/48) → |