← Ezekiel (31/48) → |
1. | Во единаесеттата година, третиот месец, на привиот ден од месецот, би слово Господово до мене: |
2. | "Сине човечки, кажи му на Фараонот, египетскиот цар и на народот негов - со кого се споредуваш ти во твоето величие? |
3. | Ете, Асур беше кедар ливански со убави гранки, искитен и висок; врвот негов - ме у густи облаци. |
4. | Водите го правеа да расте, бездната го издигаше, реките го опкружуваа неговиот корен и тој ги ширеше потоците свои кон сите полски дрвја. |
5. | Затоа височината негова ги надминуваше висините на сите полски дрвја; на него имаше многу гранки; ветките му се умножуваа и гранките стануваа долги од многу вода кога растеше. |
6. | Во неговите гранки секакви небески прици си правеа гнезда, а под гранчињата негови се ра аа мали од секаков вид полски sверови, додека под сенката негова живееја многубројни народи. |
7. | Тој се разубавуваше со својот висок раст, со долгите гранки, затоа што коренот му се нао аше покрај големи води. |
8. | Кедрите во Божјата градина не го засенуваа; кипарисите не се изедначуваа со неговите гранки, и јаворите не беа толку високи колку неговите врвови; ниедно дрво во Божјата градина не можеше да се споредува со него по убавината своја. |
9. | Јас го украсив со многуте гранки, така што сите едемски дрвја во Божјата градина му завидуваа." |
10. | Затоа, така вели Господ Бог: "Бидејки израсна висок и се издигна врвот негов ме у дебелите гранки, и срцето му се возгордеа од неговата големина, |
11. | затоа јас го предадов во рацете на сопственикот на народите; тој постапи со него како што требаше да постапи; но поради неговото беззаконие Јас го отфрлив. |
12. | И го исекоа ту инците, најлути ме у народите, па го соборија; гранките негови па аа по горите и по сите долини се кршеа неговите гранчиња по сите полиња, а од неговата сенка избегаа сите народи од земјата и го оставија. |
13. | На неговото паднато стебло се сместија многу небески птици, а ме у гранките - секакви полски животни. |
14. | Тоа се стана, за да не се гордеа со својот висок раст никакви дрвја покрај водите, да не ги издигаат врвовите свои до густите облаци и да не се допираат до него со нивната височина дрвја што пијат многу вода; оти сите тие ке бидат предадени на смрт во пеколот заедно со синовите човечки, што порано слегнале во гроб." |
15. | Вака вели Господ Бог: "Во оној ден, кога тој слезе во гроб, Јас направив да жалат за него, ја затворив бездната поради него и ги запрев реките нејзини, ги задржав големите води и го нажалив за него Ливан, и сите полски дрвја тагуваа по него. |
16. | Се затресоа од неговото па ање. Јас ги доведов народите во трепет, кога го кутнаа во пеколот, при оние што порано слегнале во гроб, и се зарадуваа во адот сите дрвја едемски, одбраните и најдобрите на Ливан, сите што пијат вода; |
17. | оти и тие слегоа со него во бездната при убиените со меч, како и неговите сојузници што живееја под сенката негова ме у народите. |
18. | Па така со кое ли од едемските дрвја се споредуваш ти по слава и величина? Но, сега заедно со едемските дрвја и ти ке биде соборен во бездната, ке лежиш со необрезаните, ме у убиени од меч. Тоа Фараонот и сиот негов многуброен народ", вели Господ Бог. |
← Ezekiel (31/48) → |