← Ezekiel (30/48) → |
1. | И би слово Господово до мене: |
2. | "Сине човечки, изречи пророштво и кажи - вака вели Господ Бог: плачете, ете иде злочест ден. |
3. | Зошто близок е денот, да, близок е денот Господен, денот мрачен; часот на народите иде. |
4. | И ке тргне меч против Египет и ужас ке се распространи во Етиопја, кога поразените од Египет ке паднат, кога ке го земат богатството негово и кога основите негови ке бидат разрушени. |
5. | Етиопја, Либија, Лидија, сиот измешан народ и Хуб, како и синовите на заветната земја заедно со нив ке паднат од меч. |
6. | Така вели Господ Бог, ке паднат потпорите на Египет и ке падне гордоста на неговата мок; од Мигдол до Сиена ке па аат во него од меч, вели Господ Бог. |
7. | И тој ке се запусти ме у опустошените земји и градовите негови ке бидат ме у опустошените градови. |
8. | И ке познаат, дека Јас сум Господ, кога ке го пратам огнот врз Египет и сите негови сили ке бидат скршени. |
9. | Во оној ден, ке тргнат од Мене известители со кораби за да ги уплашат безгрижните Етиопјани, и ке се распространи ме у нив ужас, како во денот на Египет; оти, ете, тој иде. |
10. | Така вели Господ Бог: на египетскиот многуброен народ ке му ставам крај преку раката од Навуходоносора, царот вавилонски. |
11. | Тој и народот негов со него, најжестоки ме у народите, ке бидат доведени за погибел на таа земја и ке ги извадат мечевите свои против Египет и ке ја наполнат земјата со убиени. |
12. | Kе ги пресушам реките и ке ја предадам земјата во рацете на лошите и со раката на ту оземците ке ја опустошам земјата и се што ја исполнува. Јас, Господ, го реков тоа." |
13. | Така вели Господ Бог: "Kе ги истребам идолите и ке ги уништам лажните богови во Мемфис и во земјата Египетска нема повеке да има сопственик, и ке пратам страв во земјата Египетска. |
14. | Kе го опустошам Патрос, ке испратам оган, во Соан и ке одржам суд над Но. |
15. | Kе ја излијам јароста Своја врз Син, египетската тврдина, и ке го истребам многубројниот народ во Но. |
16. | Kе испратам оган врз Египет, ке затрепери Син и Но ке биде разрушен. А врз Мемфис ке нападнат непријателите среде бел ден. |
17. | Младите лу е од Он и од Бубаст ке паднат од меч, а другите ке бидат одведени во ропство. |
18. | И во Тафнис ке се помрачи денот кога таму ке го скршам јаремот египетски и ке се прекрати во него неговата горда мок. Облак ке го покрие и керките негови во ропство ке отидат. |
19. | така ке го пресудам Египет, па ке познаат дека Јас сум Господ." |
20. | Во единаесеттата година, во првиот месец, на седмиот ден од месецот, би слово Господово до мене: |
21. | "Сине човечки, Јас веке ја скршив мишката на Фараонот, египетскиот цар, и ете, таа уште не е преврзана, за да биде излекувана, и не е завиткана со лекарски преврски, од кои би добила сила, за да држи меч. |
22. | Затоа, вака вели Господ Бог: еве Јас сум против Фараонот, египетскиот цар и ке ги скришам мишките негови, здравата и искршената, така што мечот ке му падне од рацете негови. |
23. | Kе ги растурам Египтјаните ме у народите и ке ги развеам по земјите. |
24. | А мишките на вавилонскиот цар ке ги направам јаки, во раката негова ке му дадам Свој меч; и мишките на Фараонот ке ги скршам и тој изнаранет ке офка силно пред него. |
25. | Kе ги зацврстам мишките на вавилонскиот цар, а мишките на Фараонот ке отпаднат; и ке познаат, дека Јас сум Господ Бог, кога ке му го дадам мечот Свој во раката на вавилонскиот цар, и тој ке го потегне врз земјата Египетска. |
26. | Kе ги растурам Египтјаните ме у народите и ке ги развеам по земјата, и тие тогаш ке познаат, дека Јас сум Господ." |
← Ezekiel (30/48) → |