Ezekiel (3/48)  

1. И ми рече: "Сине човечки, изеди го тоа што е пред тебе, изеди го овој свиток, па оди и зборувај му на Израилот."
2. Тогаш ја отворив устата и Он ми го даде свитокот за да го изедам.
3. Потоа ми рече: "Сине човечки: устата твоја ке го изеде овој свиток и утробата твоја ке се насити со овој свиток, што ти го давам Јас." И јас го изедов, а во устата почувствував сладост како мед.
4. И пак ми рече: "Сине човечки, стани и појди во домот Израилев и кажи им ги Моиве зборови,
5. оти те пракам не кај народ непознат и со неразбирлив јазик, туку во домот Израилев,
6. не кај народ со неразбран збор и непоимлив јазик, чии зборови не можеш да ги разбереш; но дури и при нив да бев те пратил, и тие ке те разбереа;
7. а домот Израилев не ке сака да те слуша, тие не сакаат Мене да ме слушаат, бидејки сиот дом Израилев е тврдоглав и со жестоко срце.
8. И, ете, Јас го направив и твоето лице тврдо како нивните лица, и твоето чело ке го стврднам против нив.
9. Челото твое го направив како дијамант, кој е потврд од каменот; не бој се од нив и не плаши се од нивното лице, оти тие се дом отстапнички."
10. И ми рече: "Сине човечки, сите зборови Мои што ти ги кажувам, прими ги во срцето свое и слушај ги со ушите свои;
11. стани, па оди при изгонетите, при синовите на твојот народ, зборувај им и кажи им - вака вели Господ Бог - па послушале тие, или не."
12. И Духот ме подигна; а зад себе чув голем грмотевичен глас: - "Благословена е славата на Господа од местото Негово!"
13. А слушнам и шум од криљата на оние животни, што се допираа едно до друго, како и шум од тркалата од нив, а и звук од силен гром.
14. Тогаш Духот ме подигна и ме понесе. И појдов огорчен, со нажален дух; но крепката рака Господова беше над мене.
15. И дојдов при робовите во Тел - Авив, при оние кои живееја при реката Ховар, и се задржав таму и поминав при нив седум дена, чудејки се.
16. А кога заминаа седумте дена, дојде до мене слово Господово:
17. "Сине човечки, Јас те поставив како стража над домот Израилев, и ти ке го слушаш словото од устата Моја, и ке ги вразумуваш од името Мое.
18. Кога ке му речам на беззаконикот: ‘Бездруго ке умреш!‘, а ти не го вразумиш и не зборуваш, за да го запазиш беззаконикот од неговиот грешен пат, за да биде жив, - тогаш тој беззаконик ке умре во беззаконието свое, но крвта негова Јас ке ја барам од рацете твои.
19. А, ако го опоменеш беззаконикот и тој не се откаже од беззаконието свое и од грешниот свој пат, беззаконикот ке умре во беззаконието свое, а ти ке си ја спасиш душата своја.
20. И, ако праведник отстапи од правдата своја и постапи грешнички, кога Јас ке му ставам сопка, и умре, ако не си го предупредил, тој ке умре поради гревот свој, и нема да му се примаат парведните дела, што ги направил; но крвта негова ке ја барам од твоите раце.
21. Ако го опоменеш праведникот, за да не згреши, и тој не згреши, тогаш и тој ке биде жив, затоа што си го предупредил и ти ке си ја спасиш душата своја."
22. И беше таму врз мене пак раката Господова, и Он ми рече: "Стани и излези во полето; Јас ке зборувам таму со тебе."
23. Станав, и излегов во полето, и ете, таму беше славата Господова, како славата, што ја видов при реката Ховар; и паднав ничкум.
24. И влезе во мене Духот и ме исправи на нозе, и Он говореше со мене и ми рече: "Оди и затвори се во домот твој.
25. Сине човечки, ете, ке ти стават вериги, и ке те врзат во нив, и не ке можеш да излегуваш ме у нив.
26. А јас ке ти го залепам јазикот твој за непцето, и ти ке онемееш, и не ке можеш да ги изобличуваш, зашто тие се дом отстапнички.
27. А кога Јас ке зборувам со тебе, тогаш ке ти ја отворам устата твоја и ти ке им зборуваш: вака вели Господ Бог! Кој сака да слуша, нека слуша; а кој не сака да слуша - нека не слуша; оти тие се дом отстапнички."

  Ezekiel (3/48)