← Ezekiel (29/48) → |
1. | Во десеттата година, десеттиот месец, во дванаесеттиот ден од месецот, би слово Господово до мене: |
2. | "Сине човечки, сврти го лицето свое кон Фараонот, египетскиот цар, и изречи пророштво против него и против целиот Египет. |
3. | Говори и кажи им - вака вели Господ Бог: еве, Јас сум против тебе Фараоне, цару египетски, голем змеју, кој лежиш по реките свои и велиш: ‘моја е реката и јас ја создадов заради себе.‘ |
4. | Но Јас ке ставам јадица во твоите челусти и на твоите лушпи; и ке те извлечам од реките твои со сета риба на твоите реки, што се залепила на твоите лушпи; |
5. | ке те фатам во пустињата, тебе и сета риба од твоите реки; ти ке паднеш на откриено поле; нема да те земат и соберат; ке допуштам да те изедат sверовите земни и птиците небески. |
6. | И ке познаат сите жители на Египет, дека Јас сум Господ, оти тие беа на домот Израилев потпорна трска. |
7. | И кога се фатија со раката своја за тебе, ти се раскина и целото нивно рамо беше избодено; и кога се потпреа на тебе, ти се скрши и им ги изнарани сите нивни бедра." |
8. | Затоа, вака вели Господ Бог: "Еве, Јас ке испратам против тебе меч и ке ги истребам кај тебе лу ето и добитокот. |
9. | Египетската земја ке стане пустиња и степа; па ке познаат, дека Јас сум Господ. Бидејки тој вели - моја е реката и јас ја создадов, |
10. | затоа, еве, Јас сум против твоите реки и Египетската земја ке ја направам пустиња над пустињите од Мигдол до Сиена, до пределот на Етиопија. |
11. | Нема да оти по неа човечка нога и нога на добиток нема да стапне на неа, и нема да се живее на неа четириесет години. |
12. | И ке ја направам земјата Египетска пустиња ме у запустени земји; и градовите нејзини ме у запустени градови, ке бидат пусти четириесет години и ке ги растурам Египтјаните ме у народите и ке ги распрснам по земјата. |
13. | Оти вака вели Господ Бог: откако ке изминат четириесет години, Јас ке ги соберам Египтјаните од кај народите, каде што ке бидат растурени. |
14. | И ке ги вратам египетските заробеници и ке ги доведам назад во земјата Патрос, во земјата на нивното потекло и тие таму ке преставуваат слабо царство. |
15. | Тоа ке биде послабо од другите царства и нема веке да се гордее над народите; ке ги смалам, за да не владеат над народите. |
16. | И во иднина, тие нема да бидат потпора на домот Израилев, за да го спомнуваат нивното беззаконие, кога се обрнуваа кон него; и ке познаат, дека Јас сум Господ Бог." |
17. | Во дваесет и седмата година, првиот месец, во првиот ден од месецот, би слово Господово до мене: |
18. | "Сине човечки, Навуходоносор, царот вавилонски, ја истошти војската своја со големи работи при градот Тир: секоја глава окелаве и секое рамо беше изнарането; но ни за него, ни за војската немаше награда од Тир за трудот што тој го употреби против него." |
19. | Затоа, така вели Господ Бог: "Еве, Јас му ја давам на вавилонскиот цар Навуходоносор земјата Египетска, за да го собере богатсвото нејзино, да изврши грабеж во неа и да однесе се, што грабела таа, и тоа ке биде награда за неговата војска. |
20. | Како награда за работата, која тој ја изврши во него, Јас му ја предавам земјата Египетска, оти тој го вршеше тоа заради Мене, вели Господ Бог. |
21. | Во тој ден ке го вратам рогот на домот Израилев и тебе ке ти ја отворам устата ме у нив, па ке познаат дека Јас сум Господ." |
← Ezekiel (29/48) → |